fbpx
Таг: пошта

таг: пошта

Македонска пошта не ги доставува податоците за вработените до Регистарот, Владата никогаш не реагирала

Поштата на Северна Македонија ниту една година не доставила податоци за своите вработени до Министерството за информатичко општество и администрација. Ова министерство е должно да го објави Регистарот на вработените во јавниот сектор, во кој секоја година се објавуваат податоците за бројот на вработени лица во институциите, нивната етничка припадност, половата застапеност и други карактеристики, пишува Порталб.мк. Во Регистарот на...

Во Пошта вработени земаат плата, а не одат на работа, покажува физибилити студија

Лоша организација и менаџирање на Поштата низ целата територија на Северна Македонија, недостиг од дигитализација, мануелна работа и човечки грешки во финансиските извештаи, отсуство на единствен систем на работа и неодговорни работници кои не одат на работа. Овие скандалозни наоди се само дел од проблемите опишани во Физибилити студијата на Поштата на Северна Македонија спроведена во 2021 година, за...

Пошта не продава изгубени пакети за 123 денари

Фејсбук страницата Наша пошта која ја промовира оваа наводна наградна игра очигледно е лажна, имајќи предвид дека има малку следбеници и на неа нема никакви информации и други објави. За разлика од неа, официјалната Фејсбук страница на Пошта на С. Македонија има над 6 илјади следбеници и на неа можат да се најдат објави поврзани со активностите на Поштата....

Граѓаните повторно мета на фишинг напади – не отвoрајте пораки за наводни компликации со поштенски пратки

Масовно пристигнуваат СМС пораки до граѓаните, во кои се тврди дека има компликации при доставување на нивните пратки. Ова е уште еден фишинг напад кој цели да злоупотреби информаци поврзани со кредитни картички. „Вашиот пакет пристигна во складот и не може да биде доставен поради неполни податоци за адресата. Ве молиме потврдете го вашиот адрес на следниот линк”,  гласи пораката...

Русија погоди пошта во Харкив, најмалку шест убиени и 16 повредени лица

Руски ракетен напад врз поштенски центар во Харкив уби најмалку шест лица, а 16 лица се повредени, пренесува весникот Гардијан. Гувернерот на Харкивскиот регион, Олех Сунехубов изјави дека меѓу повредените лица дури седум се во критична состојба и се борат за своите животи. Украинскиот претседател Володимир Зеленски сподели видео, на кое се прикажани тешки оштетувања на поштата и потенцираше дека...

„Пошта“ предупредува на измама во која се злоупотребува нејзиното име

АД „Пошта на Северна Македонија“ предупреди дека на социјалните мрежи се шири дезинформација за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својта пратка. Истата измама е многу пораспространета во вид на имејл-фишинг, односно со лага наведување на корисникот да кликне на линк испратен во имејл и да сподели лични информации и...

Мала пошта од населбата Перо Чичо во Куманово разубавена со мурали [фото]

Мала пошта бр. 1310, омилена на граѓаните од населбата Перо Чичо во Куманово, конечно доби ново руво, информираат од Центар за современи уметности Скопје, кои овој проект го спроведоа со финансиска поддршка од Фондација отворено општество Македонија. „Локалната иницијатива беше спроведена во соработка со АД Пошти на Северна Македонија кои дадоа одобрување за спроведување на оваа Локална иницијатива. Малата пошта...

Од понеделник стартува платниот промет во дел од подружниците на Македонска пошта

Од понеделник започнува функционирањето на платниот промет во Македонска пошта преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово. „Согласно договорот потпишан меѓу Македонска пошта и Халкбанк АД Скопје, која беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, Халкбанк ја исполни својата обрска според која до...

Писмото на Јана Поповска освои второ место на 49. литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз

Претставничката на Пошта на Македонија, Јана Поповска освои второ место и сребрен медал на 49. литературен конкурс на Светскиот поштенски сојуз по повод 9. Октомври, Светскиот ден на поштите. Таа е ученичка во ООУ „Елпида Караманди“, Битола, а нејзин ментор е професорката по македонски јазик, Сузана Петковска. „Јана е нашата хероина, бидејќи за првпат во своето 49 годишно постоење претставник на...

„Пошта“: Стоп за пратки од кај нас кон примачи во Кина, од таму доаѓаат редовно

„Пошта“ информираше дека поради ширењето на коронавирусот во Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина. „Заради тоа, испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период. Поради тоа, ги молиме корисниците...

БИРН Косово: Немаше пожар во „Телеком Косово“

Интернет-весникот „Инсајдер“  објави информација дека зградата на „Телеком Косово“ е во пламен. Веста беше придружена и со видео, за кое „Инсајдер“ напиша дека е испратено од граѓанин. Оваа информација се ширеше и од други медиуми како: „Репортер“, „Службен портал“, „Газета експрес“, „Перископи“, за подоцна да биде избришана од сите, освен од порталот „Reporteri.net“. Непосредно по објавувањето на веста, БИРН Косово...

Во 21 век жителите од Канатларци повторно имаат пошта

Денеска беше радосен ден за околу 2.000 жители во прилепското село Канатларци, зашто по осум години, а во 21 век, повторно имаат селска пошта. „Македонски пошти“ во соработка со Општина Прилеп, ја рестартираше оваа експозитура што се наоѓа во центарот на селото. Жителите се задоволни, зашто велат дека ќе им се скратат трошоците и времето што досега го оддвојувале за...

Ослободени сите заложници од поштата во Харков, напаѓачот уапсен

Сите заложници во поштата во украинскиот град Харков се ослободени, а напаѓачот е уапсен. Во инцидентот нема настрадани лица, јавуваат агенциите. „Успешно заврши операцијата за ослободување на заложниците во поштата во Харков. Сите заложници се ослободени, а напаѓачот е уапсен. Им наложив на локалните власти да им ја обезбедат сета неопходна помош на жртвите“, напиша на „Твитер“ украинскиот претседател,...

Маж со експлозив држи 11 заложници во пошта во Харков

Маж за кого се верува дека е вооружен со експлозив држи девет возрасни лица и две деца како заложници во пошта во градот Харков, во североисточниот дел на Украина, соопшти полицијата, јавуваат светските агенции. Неидентификуваниот маж не изнел некакви барања. Тој, како што пренесуваат агенциите, се однесува мирно и комуницира со полицијата, која го блокираше подрачјето околу поштата. „Мажот во...

Го украле сефот од поштата во Вевчани и го оставиле на улица

Ноќта помеѓу 5 и 6 јануари се случил обид за кражба во локалната пошта во Вевчани. Крадците ја скршиле решетката и ја обиле влезната врата, по што го одзеле сефот, во кој, неофицијално, имало околу 70.000 денари. Инцидентот се случил околу 2 часот по полноќ, но, за среќа, крадците не успеале во намерата затоа што ги слушнал соседот, по што во...

Од поштата во Миладиновци украден сеф со пари и со документи

Ноќта меѓу вторникот и средата неделава, непознат сторител провалил во поштата во скопското село Миладиновци и украл сеф, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, крадецот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел сеф во кој имало пари и документи. Извршен е увид на местото и полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Украдени 104.500 денари од поштата во село Жван

Непознато лице ја ограбило поштата во демирхисарското село Жван и од неа украло вкупно 104.500 денари, соопшти полицијата. Кражбата била извршена во периодот меѓу 5 и 7 декември годинава. Крадецот со употреба на физичка сила и соодветен алат, насилно ја отворил влезната врата, а потоа насилно го отворил металниот сеф од каде ги одзел парите, по што го напуштил местото на...

Поштата на САД, мета на хакерски напад

Со хакерскиот напад загрозени се податоците на половина милион вработени
Поштата на Соединетите Американски Држави соопшти дека била на удар на сајбер-напад и дека е можно да се загрозени податоците на околу половина милион нивни вработени и на клиентите со кои контактирал повикувачкиот центар од јануари до средина на август. Поштата на САД соработува со ФБИ во истражувањето на случајот и на обемот на штетата. Дел од податоците на вработените до...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...