fbpx
Таг: посетители

таг: посетители

Петстотини бесплатни стрипови ќе бидат поделени утре во книжарницата „Бункер“

Петстотини бесплатни стрипови ќе бидат поделени утре во стрип книжарницата „Бункер“ во Скопје. Настанот ќе почне во 10 часот и ќе трае додека не се потрошат количествата. Ваков настан за првпат се одржал во САД во 2002 година, а потоа се проширил во многу други земји. „Во првите шест години се поделени повеќе од 12 милиони стрипови во над 30...

Летно кино на отворено со проекција на филмот „Пинокио“, по повод 95 години Зоолошка градина-Скопје

Со проекцијата на филмот „Пинокио“ во Градски парк на Школка ќе започнат низата настани со кои роденденски ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошката градина во Скопје. Во текот на наредните месеци планирани се едукативни и забавни настани во градината, а првиот, кино на отворено, ќе се одржи во недела, 25 јули, со почеток во 20:30. „Проекцијата на филмот...

Ковид-19 за околу 40 отсто го намали бројот на прикажани претстави во театрите, но и на посетителите

Пандемијата со ковид-19 ги ограничи физичките групирања, а со тоа и несомнено влијаеше врз функционирањето на многу институции, вклучувајќи ги и уметничките. Театрите во државава беа затворени уште во март, со што целосно се стопираше нивната работа. За ова говорат и податоците од Државниот завод за статистика, кои и меѓудругото го опфаќаат периодот кога се појави ширењето на корона...

Театар во време на корона: Драмски може да прими најмногу 62 постители на претстава, а МНТ до 120

Неодамна повторно се отворија театрите кои поради пандемијата, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, во март мораат да стават клуч на вратите. Овој пат, со нови услови за работа актерите се вратија на сцената. Со новите препораки, културни настани на затворено може да се организираат со 30 отсто од капацитетот на местото каде што се одржува...

Саемот на книга го посетиле 20.000 посетители и се одржале 32 промоции на изданија (галерија)

Саемот на книга оваа година го посетиле 20.000 посетители кои максимално ги почитувале сите протоколи за спречување на ширење на ковид-19, информираат организаторите. „На саемот оваа година се претставија македонските издавачки куќи, а во рамките на сите саемски денови беа организирани 32 промоции на нови изданија од страна на македонските издавачи. За време на саемот се доделија и наградите од...

Владата ги објави протоколите за работа на културни установи и организирање настани

Со цел спречување на ширењето на корона вирусот, Владата ги усвои протоколите за работа на библиотеки, музеи, галерии и изложбени простори. За сите нив и понатаму важи задолжително носење на заштитна маска, одржување на потребното физичко растојание, обезбедување честа дезинфекција на рацете при влез и во текот на настанот, како и редовно чистење и дезинфекција на средината/просторијата/објектот. Ограничувањето на бројот...

Розовите фламингоа „слетаа“ во нашата градина (галерија)

Скопската зоолошка градина стана побогата за неколку примероци големи птици што важат за најграциозните на светот - фламингоа. Иако кризата со ковид-19 ја поматува оваа слика, скопската Зоолошка градина е отворена за љубителите на фауната што се подготвени да ги гледаат овие птици, почитувајќи ги мерките на претпазливост што се на сила.

По два и пол месеци, во вторник се отвора Зоолошката градина

На 26 мај повторно се отвора Зоолошката градина во Скопје со работно време од 9 до 18 часот. Оттаму информираат дека посетата ќе се одвива со нов протокол за движење. Бројот на посетители ќе биде ограничен, a носењето маска при влез и одржување дистанца при шетањето е задолжително, велат од Зоолошката градина. Скопската зоолошката градина беше затворена на 11 март согласно...

Минатата година рекордна посетеност на кината во Македонија

Во 15 киносали низ државата, минатата година биле прикажани 1.139 филмови и 15.667 кинопретстави. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на посетителите достигнал 539.218, што е рекорден број во последните 10 години. Во интервју за „Мета.мк“, првиот човек на Кинотека на Северна Македонија, Владимир Ангелов, ги истакна своите претпоставки за можната рекордна посетеност на кината која се должи...

Саемот на книга го посетиле 44.300 посетители

Саемот на книга 2018 завршува денеска, а манифестацијата до вчера ја посетиле 44.300 посетители, информираа организаторите. На 30. јубилејно издание се претставиле 70-на издавачки куќи од Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија. „Соработката со Министерството за култура, како покровител на манифестацијата, Владата, Град Скопје заедно со ЈСП, со воведувањето на двете вонредни линии специјално за најголемата културна манифестација, придонесоа, покрај промената...

Димовски: Посетителите на опозициските пратеници се „кодошат“ кај работодавачите

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на денешната 45-седница на Собранието побара збор да се обрати пред колегите пратеници, што по кратко дебатирање со претседателот на Собранието му беше дозволено. Но, наместо, како што се очекуваше, да зборува за обемниот дневен ред, како што пред него направи неговиот партиски колега Драган Данев, Димовски излезе со сериозни обвинувања за злоупотреби во...

Поради Супер купот на УЕФА од денеска ќе има изменет сообраќаен режим

Поради Супер купот на УЕФА од денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен и пешачки режим за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека од осум часот денеска до завршување на натпреварот, односно до 9 август, на потегот од крстосниците на улиците Аминта Трети (поранешна Ленинова) и Јордан Хаџи Константинов-Џинот ќе се пропуштаат исклучиво лица и...

Саемот за мебел почнува утре, ќе има 400 домашни и странски изложувачи

Меѓународниот саем на мебел почнува утре и ќе трае до 26 март. На саемот ќе учествуваат 400 домашни и странски изложувачи, а се очекува да го посетат повеќе од 50.000 лица. Во 11 хали ќе бидат претставени мебел и опрема за домаќинства, а една хала е наменета за машини и за репроматеријали за индустријата за производство на мебел. Традиционално ќе се организира стручно оценување на пријавени...

Во Охрид одбележан Денот на рибарите

Денеска, на верскиот празник Св.Јован Крстител, традиционално беше одбележан Денот на рибарите во Охрид. Оваа манифестација се одржува во месноста Сараиште, каде некогаш рибарите покажувале колку риба уловиле. Според кажувањата на старите жители на градот, рибарите се капеле на овој ден за да ја покажат нивната приврзаност кон езерото. За посетителите и за гостите беа подготвени неколку тони рибја чорба.

Денеска почнува „Еуро 2016“ во Франција

Со натпреварот меѓу репрезентациите на Франција и на Романија, денеска почнува Европското првенство во фудбал „Еуро 2016“, кое се одржува во Франција и ќе трае еден месец. На првенството учествуваат 24 европски репрезентации, кои ќе играат на 10 стадиони во Франција, на кои се очекува посетеност од околу 2,5 милиони гледачи. Организаторите на „Еуро 2016“ тврдат дека се преземени сите безбедносни мерки...

Македонски компании се претставуваат на саем во Истанбул

Бизнис-делегација од 35 компании, членки на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, престојува во Истанбул каде што делегатите ги претставуваат своите бизниси во рамките на третиот Саем за кинески производи (China Homelife), кој е посветен на компании заинтересирани за проширување на својот бизнис во други земји. На овој саем се претставуваат повеќе од 700 изложувачи и 25.000 ексклузивни брендови со висок квалитет од...

Денеска почнува Саемот за мебел

Меѓународниот саем за мебел ќе почне денеска и ќе трае до 27 март на Скопски саем. На саемот ќе учествуваат 400 странски и домашни изложувачи, кои ќе понудат 10.000 производи што ќе бидат изложени во 11 саемски хали. На саемот ќе може да се најде опрема за домаќинства и за јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата за мебел. Саемот за мебел се очекува...

Саемот за градежништво почнува денеска

Саемот на градежништво ќе почне денеска и ќе трае до 5 март. На Скопски саем ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и за опремување објекти и имоти. Бројот на изложувачи и оваа година ја достигна бројката од 100 директни компании, респоредени во три саемски хали. Целта на годинешниот саем на градежништво е да...

Саемот за градежништво ќе се одржи од 1 до 5 март

Саемот на градежништво ќе се одржи од 1 до 5 март на Скопски саем, каде ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и за опремување објекти и имоти. Бројот на изложувачи и оваа година ја достигна бројката од 100 директни компании, респоредени во три саемски хали. Целта на годинешниот саем на градежништво е да...

Голем број посетители на отворањето на изложбата на дела од Пикасо во МКЦ

Синоќа во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) беше отворена изложбата на дела на големиот шпански сликар Пабло Пикасо. На отварањето на изложбата присуствуваа огромен број на посетители, кои имаа можност да ја видат збирката од 46 графички дела на Пабло Пикасо - факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, кои го опфаќаат временскиот период од 1932 до 1969 година. Во...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...