fbpx
Таг: посета

таг: посета

Здружението „Лесја Украинка“ протестира за доаѓањето на Лавров во Скопје

Здружение на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ изразува решителен протест во врска со најавената посета на земјата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој планира да учествува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Тие се незадоволни од владиното образложение за пристигнувањето на Лавров во Скопје. „Иако од Владата тврдат дека доаѓањето...

Фон дер Лајен пристигна во Скопје „во клучен момент за евроинтегративниот процес“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево пристигна во Скопје, од каде ја започнува својата четиридневна посета на Западен Балкан. На Меѓународниот аеродром Скопје ја пречека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој на својата страница на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека посетата на претседателката на Европската комисија е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и е...

Претседателката на Европската комисија фон дер Лајен денеска пристигнува во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево ќе пристигне во официјална посета на земјава и од овде ќе ја започне својата четиридневна посета на Западен Балкан. Фон дер Лајен вечерва ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, од чиј кабинет најавија дека приемот на претседателката на Европската комисија е закажан за во 18 часот и 45 минути. За утре...

Претседателката на Европската комисија во недела доаѓа во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во недела ќе ја започне четиридневната посета на Западен Балкан. На 29 октомври таа најпрво ќе дојде во С. Македонија, а наредните денови ќе ги посети Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. За време на посетата ќе се дискутира билатералната соработка и на лидерите од регионот ќе им се претстават...

Ракетни напади врз цивилни цели низ Украина, Лавров во посета на Северна Кореја

Украинските одбранбени сили остануваат во дефанзива на истокот и југот на Украина, додека офанзивни дејствија се преземаат во насока на Мелитопол, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили, a пренесува Укринформ. Руските трупи вчера извеле ракетни напади врз цивилни локации во Харкив, Запорижја, Павлорад и Обухивци во областите Днипропетровск и Миколаев. Во насоките Сивершчина и Слобожаншчина, Русија го задржува военото присуство...

Адмиралот Бауер од денеска во посета на Северна Македонија

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер од денеска е во официјална посета на Северна Македонија и на Армијата на Северна Македонија. Официјалната посета, адмиралот Бауер ќе ја отпочне утре во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана каде ќе оствари средби со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Славјанка Петровска. За време на...

Османи во посета на Индија, во фокус економската соработка и регионалното поврзување

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на официјалната посета на Индија, денеска оствари средба со индискиот министер за надворешни работи Субраманјам Џаишанкар, информираат Министерството за надворешни работи. Во фокус на разговорите бил развојот на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Индија, со акцент на можностите за унапредување на трговската размена, зајакнувањето на економската соработка и бизнис врските. „Северна Македонија...

Пендаровски во Чешка ќе се сретне со неговиот колега Петр Павел

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Чешката Република, соопштија од владиниот кабинет. Во Прага претседателот со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Чешката Република, Петр Павел, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете држави. Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот...

Ескобар доаѓа во земјава на средби со Пендаровски, Ковачевски и Мицкоски

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, утре ќе ја посети С. Македонија. Се очекува, за време на посетата да се сретне и да разговара со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Посетата на Ескобар на земјава се поврзува со отпочнувањето на процедурата за измена на Уставот и одложувањето на собраниската седница за...

Пендаровски со реакција по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти

Претседателот Стево Пендаровски денеска реагираше по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Тетово и Скопје, каде беше пречекан од градоначалниците на Тетово и Чаир. „Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор како и концептот на Македонија...

Посетата на Албин Курти повод за препукување на македонските партии

Најголемите македонски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со серија од меѓусебни обвинувања по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Скопје и Тетово. Реагираа од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, од каде обвинија дека СДСМ и ДУИ во март 2021 година ги промениле имињата на 500 улици, мостови и други објекти во Скопје, а едно од нив било преименувањето на улицата Втора...

Османи од Узбекистан утре ја започнува посетата на Централна Азија

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, од утре ја започнува својата посета на Централна Азија во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Дел од агендата е посета на Узбекистан и на Казахстан, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Османи посетата ќе ја започне од Ташкент, Узбекистан каде ќе оствари средба со државниот врв, како...

Гостинот не се брка од дома, му порача Рама на Курти пред одењето во Приштина

Албанскиот премиер Еди Рама денеска од Скопје му порача на косовскиот колега Албин Курти дека не треба да заборава оти гостинот не се брка од дома, најавувајќи ја денешната посета на Приштина. Рама го изјави ова на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Пред да дојде во Скопје на средба со Ковачевски, Рама ги потпиша 13-те договори и ги достави...

Поради посетата на Рама, утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утре во Скопје поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај. За сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: бул.„Александар Македонски“, ул.„Беласица“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент Охридски“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, дел...

Мицкоски по средбите во Брисел: Уставни измени под бугарски диктат нема да прифатиме

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и по посетата на Брисел и средбите со тамошни официјални лица денеска остана на ставот дека уставни измени под бугарски диктат неговата политичка партија нема да прифати. „Денес зборувавме и за процесот за т.н. уставни измени којшто е прифатен еднострано, од страна на Владата на ДУИ поддржана од СДСМ, од овој поставен премиер Димитар Ковачевски...

Ковачевски во Вашингтон се сретна со конгресмените и сенаторите Бојл, Марфи и Дингел

Премиерот Димитар Ковачевски, за време на неколкудневната работната посета на Вашингтон, се сретна со конгресмените Брендан Бојл од Пенсилванија и Деби Дингел од Мичиген и со демократскиот сенатор, Крис Марфи. „Ковачевски и Бојл заклучија дека Северна Македонија изминатите години донесе повеќе мудри и храбри одлуки кои овозможија одржување на долготрајната стабилност, европската и евроатлантска интеграција, и преку кои се покажа...

Столтенберг од Кијив: Местото на Украина е во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска беше во посета на Украина, и тоа за првпат од почетокот на руската агресија врз оваа земја на 24 февруари лани. Тој на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека вистинското место на Украина е во НАТО, пренесува Си-ен-ен. Столтенберг рече дека членството на Украина во НАТО ќе биде високо на...

Додека гинат цивили од руските напади, Путин во посета на окупираните делови на Украина

Рускиот претседател Владимир Путин повторно ги посетил окупираните делови на украинските региони Херсон и Луханск. Руските власти не соопштија кога Путин ја извршил посетата, но се наведува дека тој бил во штабот на армиската командна група „Днепар“ во областа Херсон, како и во седиштето на руската национална гарда во окупираниот регион Луханск, пренесува Гардијан. Најновите информации за посетата на Путин...

Ван дер Белен: Патот на ЕУ интеграцијата на Македонија е трасиран

Претседателот на Австрија, Aлександар Ван дер Белен е во официјална посета на земјава. Тој, во говорот кој го одржа во законодавниот дом, порача дека преговарачката рамка со ЕУ, која С. Македонија ја усвои во јули лани, не може од ново да се преговара и ги увери пратениците дека македонскиот јазик ќе остане неоштетен на нашиот пат кон членство во...

Герасимовски во хрватско Крижевци: И Општина Центар ќе се стреми да биде енергетски независна и самоодржлива

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој е во работна посета во Загреб како гостин и учесник на семинарот „Енергетска транзиција на Хрватска и земјите од регионот“, ја посетил Општина Крижевци, која е пример за искористување на сончевата енергија преку фотоволтаични панели. „Општина Крижевци е примерот кон кој се стреми и Општина Центар, а тоа е енергетски независна и самоодржлива...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...