fbpx
Таг: Португалија

таг: Португалија

Бројката загинати во шумските пожари во Португалија достигна 62 лица

Неконтролираниот шумски пожар што го погоди централното подрачје на Португалија од вчеравечер досега одзеде 62 човечки живота и повреди десетици луѓе. Стихијата медиумите од Европа ја нарекоа најголемата трагедија од шумски пожари во последните години. Владата на Португалија веќе прогласи тридневна жалост. Најмалку 54 луѓе се повредени во пожарот, вклучувајчи осуммина пожарникари и едно дете. Четворица од пожарникарите се во критична состојба денеска,...

Загинаа најмалку 43 лица во шумски пожар во Португалија

Најмалку 43 лица загинаа синоќа во шумски пожар во околината на португалскиот град Леириа, во центарот на земјата. – Се соочуваме со ужасна трагедија. Можно е оваа бројка да се зголемува. Ова е најголемата трагедија во последно време во поглед на шумските пожари - изјави  португалскиот премиер Антонио Коста, во седиштето на португалската цивилна заштита во Лисабон. Најмалку 59 лица се...

Пет лица загинаа во експлозија во фабрика во Португалија

Во експлозија во фабрика за пиротехнички материјали на северот на Португалија загинаа пет лица, а три се сметаат за исчезнати, соопшти португалскиот државен секретар за внатрешни работи, Хорхе Гомез. Повеќе од сто пожарникари се вклучени во гаснењето на пожарот, кој предизвикал експлозија што се случила кон крајот на денот во фабриката, која се наоѓа на подрачјето на Ламега. Како што јавуваат локалните...

Четворица загинати и илјадници евакуирани во пожарите во Франција и во Португалија

Најмалку четири лица загинаа, повеќе десетина куќи се уништени, а повеќе илјади се евакуирани поради пожарите кои ги зафатија јужните делови на Франција и Португалија. Во Франција, пожар поради силниот ветер се шири кон Марсеј. Мобилизирани се 1.500 пожарникари, а повеќе од 1.000 лица биле принудени да ги напуштат домовите. Локалните власти велат дека пожарот е со помал интензитет, но оти...

ЕУ им даде нов рок на Шпанија и на Португалија да се справат со буџетскиот дефицит

Европската унија денеска им постави нов рок на Шпанија и на Португалија за да ги усогласат дефицитите со буџетските правила на ЕУ, соопштија европски претставници. Португалија мора да го коригира дефицитот до следната, а Шпанија најдоцна до 2018 година. Новите рокови ги одобрија сите членки на ЕУ. Шпанија и Португалија мораат до 15 октомври да поднесат извештај и план за намалување...

Португалија: Пожар предизвика верижна експлозија на 422 возила

Вкупно 422 автомобили експлодираа откако шумски пожар се прошири на паркиралиште на португалскиот музички фестивал под отворено небо „Андансаш“ во округот Порталегри. Нема повредени во експлозиите и во пожарот. Спасувачките екипи навремено ги евакуирала 4.000 лица кои биле присутни на фестивалот. Музичарот Педру Мештре изјави возилата експлодирале едно по едно, како пуканки, додека стихијата беснеела на паркиралиштето. https://www.youtube.com/watch?v=a8Hu4sxFpuY

ЕУ почна процедура за санкционирање на Шпанија и на Португалија

Министрите за финансии од еврозоната донеле одлука да почнат процедура за санкционирање на Шпанија и на Португалија поради кршење на правилата на ЕУ за трошење. Двете земји се обвинети дека не прават доволно напори да го намалат нивниот буџетски дефицит, кој според регулативите на ЕУ треба да изнесува помалку од три проценти од домашниот бруто-производ (БДП). Правилото беше воведено во...

Португалија е нов европски првак во фудбал

Фудбалската репрезентација на Португалија е нов европски првак, откако во големото финале Европското фудбалско првенство ја совлада домашната селекција на Франција со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Едер во 109. минута од натпреварот. УЕФА го прогласи дефанзивецот на Португалија, Пепе, за најдобар играч на финалето на Европското првенство помеѓу Португалија и Франција. Фудбалерот на Реал Мадрид одигра одлично финале од 120...

Еврокомесарот Етингер бара казни за Шпанија и за Португалија

Еврокомесарот за дигитална економија и општество, Гинтер Етингер, денеска изјави дека треба да се казнат Шпанија и Португалија поради буџетскиот дефицит. Етингер рече дека Европската комисија мора да дејствува за да го сочува кредибилитетот. Европската комисија во мај не ги казни двете земји, туку соопшти дека во јули повторно ќе ја разгледа состојбата на нивниот буџет. ЕУ бара од нејзините членки дефицитот...

Португалија: Претрес на фудбалски клубови поради перење пари

Полицијата во Португалија изврши претрес во неколку фудбалски клубови поради сомнвања за перење пари и за можни врски со криминалот во Русија. Претресени се 22 клуба, меѓу кои и Бенефика и Спортинг, како и третолигашкиот клуб Униао де Леирија, сопственост на рускиот моќник Александар Толстиков. Засега Толстиков не е достапен за коментар, ниту, пак, раководството на клубот, кој од 2014 година е...

Уапсени 15 лица во антикорупциска акција на португалската полиција

Петнаесет лица се уапсени за време на вчерашната акцијата на португалската полиција насочена против корупцијата, перењето на пари и трговијата со дрога. Како што јавуваат португалските медиуми, повикувајќи се на извори од полицијата, меѓу уапсените се и двајца полициски началници. Едниот е главен инспектор, додека другиот е пензиониран службеник во судската полиција. Уапсените, кои се на возраст меѓу 39 и 61...

Медлин Мекен која исчезна пред осум години, видена во Парагвај?

Тригодишната Медлин Мекен од Велика Британија која исчезна во 2007 година од хотел во местото Праја де Лус во Португалија, каде летувала со семејството, е во Парагвај, тврди таблоидот „Сан“ (The Sun). Поради овие претпоставки, алармирани се четири полициски станици, Интерпол и агенциите задолжени за пронаоѓање киднапирани деца. - Мојот тим доби информација дека Медлин веќе два месеци се наоѓа во Арегуа,...

ИД се заканува со напади на Шпанија и на Португалија

Исламска држава објави нова видеоснимка во која се заканува со нови напади. Во видеозапис од погубување, маскираното лице на француски им се закани на „неверниците“, споменувајќи нови напади. Снимката трае осум минути, а беше објавена пред службата на ИД, насловена како Покраина Нинива. На неа, петмина мажи стрелаат в глава пет заложници, облечени во портокалово, кои го нарекуваат „шпиони“. Петте жртви на снимката,...

Де Сoза победи на претседателските избори во Португалија

Кандидатот на десно-центристичкиот блок Марсело Рeбело де Соза, освои убедлива победа на вчерашните претседателски избори во Португалија. Тој во првиот круг доби повеќе од половина од гласовите во трката против девет противници. Со 98 отсто од преброените гласови, Де Сoза (67), долгогодишен политичар и професор по право, освоил 52,4 отсто од гласовите и со тоа и претседателската позиција, која во...

Падна владата на португалскиот премиер Пасос Коелјо

Шест недели по изборот, падна малцинската влада на португалскиот премиер Педро Пасос Коелјо, откако синоќа ѝ беше изгласана недоверба. Владата на Пасос Коелјо успеа да добие само 123 од вкупно 230 гласови на изјаснувањето за предлогот на Социјалистичката партија. Социјалистите, марксистичкиот Лев блок, Комунистичката партија и зелените ѝ изгласаа недоверба на владата на десниот центар на Пасос Коелјо и на неговиот...

НАТО-вежби со Шпанија, Италија и со Португалија

НАТО денеска почнува тринеделни воени вежби во Шпанија, Италија и во Португалија, кои се оценуваат како најголеми од 2002 година. Во вежбите кои ќе се одвиваат во воздух, копно и на море, ќе учествуваат 36.000 војници. На вежбите се поканети да учествуваат или да бидат гости и земји кои не се членки на НАТО. Русија е поканета да ги надгледува маневрите.

Запленети речиси два тона кокаин во Португалија

Португалските власти објавија дека вчера заплениле 1,9 тони кокаин на рибарски брод, во рамки на заедничката акција со шпанските власти, во која се уапсени 15 лица. Со акцијата, како што се наведува во соопштението, е разбиена една од најважните криминални организации во Галиција. - Групата имала блиски врски со колумбиските организации, кои испраќаат големи количества кокаин на Пиринејскиот Полуостров –...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...