fbpx
Таг: Порталб

таг: Порталб

Детали од договорот за тунелот на патот Тетово-Призрен: Само проектирањето за неговата изградба трае година и пол

„Ксмет, за две-три години ќе патуваме заедно од Призрен до Тетово само за да пиеме кафе“ - вака му рече премиерот Албин Курти на 13 ноември 2021 година во едно пропагандно видео за локалните избори во Косово, на тогашниот кандидат за Општина Призрен, Митахер Хаскука, кој му вратил „на кафе, боза и баклава“. Планираното патување на Курти со Хаскука и...

ЗНМ одбележа 78 години постоење со доделување на годишните новинарски награди

Здружението на новинарите на Македонија ги додели годишните награди „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и награда за новинарско известување на теми од локално и регионално значење. Истовремено беа доделени и четири признанија за посебен придонес во промоција на професионалното истражувачко новинарство. Комисијата за награди во состав Жана Божиновска, Ристо Тасев и Ведат Мемедалија, наградата...

Фрлањето лопати се претвори во партиско-функционерски собир на ДУИ

Голем број функционери од Демократската унија за интеграција, кои се носители на јавни функции, во последните неколку дена се собраа да се фотографираат и промовираат во тетовско Селце на поставувањето на камен-темелникот на училиштето и во Требош за тетовската обиколница. На овие промоции можеа да се видат личности кои воопшто немаат допирна точка со активностите што се промовираат. Аналитичарот...

Со молитва и торта со ликовите на Џафери и Ахмети, започна изградбата на училиште во Селце

По многу одложувања, денеска почнаа градежните работи за изградба на основното општинско училиште „Рилиндја“ во Селце, Тетово. За поставување на камен-темелникот во ова село ДУИ собра многу функционери, почнувајќи од премиерот, првиот вицепремиер, министерот и заменик министерот за образование, директори, градоначалници, функционери, заменици. Немаше претставници од општина Тетово,бидејќи, како што рекоа, не биле поканети. Реагираа од Движењето Беса кои...

Тетово се труе од загадениот воздух, бројките се алармантни [инфографик]

Од минатата недела жителите на Тетово одново дишат многу загаден воздух. Бројките за загаденоста на воздухот го надминаа прагот на алармирање. Просечната вредност на ПМ 10 честичките од 1 до 7 февруари била 134,85 μg/m3, а просечната дневна вредност на ПМ10 не треба да надмине 50 микрограми на метар кубен. Просечната вредност на ПМ2,5 честички за овој период е...

Иако вети, Лога сè уште не ги презентирал измените во Кривичниот законик со кои се ублажија казните за функционерите

Измените во Кривичниот законик во Северна Македонија, со кои се спасија или ублажија казните за корумпираните функционери, продолжуваат да генерираат негативни ефекти врз правниот систем на државата, но и остри критики од внатрешниот и меѓународниот фактор. Министерот за правда Кренар Лога пред четири месеци најави презентација на новите измени, но до денес тоа не го сторил. Нивното донесување во...

Конечно одобрена помошта за Украина: Сличности и разлики меѓу новите инструменти за помош на Украина и за Западниот Балкан

Анализа за Порталб.мк на Малинка Ристевска Јорданова, Институт за европска политика Неодамна главна вест од ЕУ беше согласноста на европските лидери за одобрување на новиот Инструмент за Украина со тежина од вкупно 50 милијарди евра за периодот 2024-2027 година. Предложен во јуни минатата година, по унгарското вето во декември, сега конечно се очекува да биде формално усвоен со донесување на соодветната...

(ИНТЕРВЈУ) Шерифи: На Студентскиот форум за прв пат во земјава ќе се формира Национално студентско тело за да се слушне нашиот глас

Првиот Студентски форум во земјава ќе се одржи на 8 и 9 март. Овој настан ќе ги обедини лидерите на студентските собранија на универзитетите во Северна Македонија во „Националното студентско тело“ каде ќе се гласа и за главните органи во рамките на ова тело. Целта на форумот е да се зајакне колективниот глас на студентите, да се стопира праксата на...

Ганиу, Касами и Меџити на листата на Антикорупциска поради недоставување документи

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, министерот за здравство Фатмир Меџити, првиот човек на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски, се дел од функционерите кои ги платиле казните од Државната комисија за спречување на корупцијата изречени поради недоставување на документацијата за предметите што ги отворила оваа институција. Тие и по плаќањето на казните...

(АНАЛИЗА) Внатрешниот долг на сите институции, општини, ЈП-а, здравство, образование, изнесува 408,1 милиони евра

Вкупниот долг на сите државни институции, јавното здравство, образованието, судството, социјалата, агенции, општини, јавни претпријатија, на крајот на 2023 година изнесувал 408,1 милиони евра. Најголеми доспеани, а неплатени обврски имаат јавните претпријатија на централно ниво и државните фирми, пишува Порталб.мк. Најголем дел од долгот или 91,3 милиони евра, е по основ на комуналии, транспорт, комуникации. На новата должничка листа на...

Небиу: Водачот на навивачката група „Балисти“ ме нападна со боксирач

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, од редовите на Алијансата за Албанците, синоќа бил физички нападнат во ресторан во Тетово. Нападот, според неговата пријава во полиција, го извршил Кренар Османи, водач на навивачката група „Балисти“. Небиу вели дека не го познава Османи, но, според него, мотивот може да биде или неговата професија или партијата, пишува Порталб.мк. „Никогаш...

Tрпевски: МВР тврди дека околу ПМФ има патроли, но ние не ги гледаме

Студентите на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со години се мета на крадци. Последниот случај е пријавен на 24 јануари оваа година. Факултетот реагира на тоа што Министерството за внатрешни работи (МВР) не испраќа полициски патроли. Од полицијата велат дека тие испратиле полициски патроли, иако деканот и студентите не ги забележале, пишува Порталб.мк. Природно-математичкиот факултет се наоѓа во...

Гир: Недостига експертиза, капацитетите на Агенцијата за заштита на личните податоци мора да се зголемат

Недостигот од вработени и стручни лица во Агенцијата за заштита на личните податоци, немањето законска регулатива во случај на злоупотреба на личните податоци и зајакнувањето на судството и обвинителството, како и заштитата на децата и младите во светот на модерната технологија беа дел од прашањата за кои се разговараше на денешната конференција што се одржа во Скопје на тема...

Абази: Бараме од Владата да ја субвенционира Поштата на С. Македонија

Поштата на Северна Македонија троши повеќе отколку што заработува. Ова се гледа и од податоците на самата Пошта, според кои во 2022 година е регистрирана загуба од 4 милиони евра, а во 2023 година повеќе од 1,7 милиони евра. Директорката на Поштата на Северна Македонија, Бујаре Абази, вели дека овој минус треба да го субвенционира Владата, бидејќи поштата е...

План за раст: „Забрзување“, „зајакнување“, „условеност“ во темпо na adagio – бавно, но со голема експресија

Анализа за Порталб.мк на Малинка Ристевска Јорданова, Институт за европска политика Откако се исцрпи дискусијата за годишните извештаи, поактуелен стана новиот План за раст за Западниот Балкан (или иновираниот поранешен Економски и инвестиционен план за Западниот Балкан), кој Комисијата го претстави на 8 ноември 2023 година, како дел од Пакетот за проширување. Планот е обид на Европската комисија да одговори на барањата...

Пратките доцнат, директорите „спијат“: Поштата на Северна Македонија со години работи со загуба

Граѓаните веќе со години се жалат за нефункционирањето на Поштата на Северна Македонија, како и за проблемите со доцнењето на писмата со месеци, за недостатокот на поштари, за финансиските загуби и за доцнењето во исплатата на платите на вработените, пишува Порталб. Во меѓувреме, иако Владата направи физибилити студија и расправаше за приватизацијата на Македонски пошти, властите немаат конкретно решение....

Случајот за пожарот во модуларната болница заборавен во фиоките на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција

Иако поминаа повеќе од пет месеци откако Јавното обвинителство на 14 август објави дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори уште еден предмет за пожарот во модуларната болница во кој изгореа 14 лица, денес од оваа институција не даваат детали до каде е оваа истрага и кога ќе има нешто конкретно, пишува Порталб.мк. Ниту од Јавното обвинителство, ниту...

(АНАЛИЗА) Годишно ќе доспеваат долгови и по 1 милијарда евра – се размислува за предвремена отплата

Нови еврообврзници, заеми од меѓународни финансиски институции, задолжувања на домашен пазар, издавање на нови граѓански и зелени обврзници – сите опции се на маса како извори за финансирање на буџетскиот „минус“, пишува Порталб.мк. Во новата ревидирана Фискална стратегија 2023 -2028 година, усвоена во пакет со новиот Буџет 2024 се посочува и на можноста од предвремена отплата на дел од долговите...

(ГАЛЕРИЈА) Тетово меѓу највалканите европски градови, а не меѓу најчистите, како што вети Касами

Конечно, од 1 јануари Тетово ќе биде еден од градовите во групата европските градови познати по чистотата и по управувањето со отпадот, изјави градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, на 29 декември 2023 година, повикувајќи се на договорот со словенечката компанија на групацијата „Заубермахер“ за управување со отпадот во Тетово. Но, сликата на терен, речиси две недели по 1...

Падна договор: Тетово и Призрен ќе се поврзат преку тунел од 6,4 километри низ Шар Планина

Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу, денеска го потпишаа Договорот за кофинансирање за проектирање за изградба на тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен. „Поврзувањето со Косово ќе се направи преку изградба на тунел долг 6,4 километри, за што денеска го потпишавме овој договор...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...