Аларм за невреме попладне и во текот на викендот


Скопје, 6 јули, 2018 - 11:52 (META) 

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) прогнозира невреме со пороен дожд и грмежи во некои региони на земјава попладнево и во текот на ноќта. Слична ќе биде временската состојба и во деновите на викендот.

Според алармот, попладнево и кон крајот на денот, особено во планинските региони ќе има изолирани појави на пороен дожд и грмежи, со голема можност невреме да има и во Скопскиот регион.

Преку ноќта облачноста ќе се зголемува и претежно на Истокот ќе има краткотраен дожд.

Утре наутро во северните и источните делови на Македонија ќе има повремен дожд проследен со ретки грмежи. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси со пообилни врнежи од дожд и со услови за појава на град.

Утре, а особено в недела ќе дува умерен, повремено засилен северен ветар, кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.

В недела и в понеделник ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи, вели прогнозата на УХМР.


Сончево и топло, попладне локални дождови


Скопје, 6 јули, 2018 - 9:07 (META) 

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен, претежно северозападен, ветер. Попладне, главно на североисток и северозапад, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе се движат од 31 до 36  Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје слично време, со температура до 34 Целзиусови степени.

Во текот на викендот времето ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени, особено в недела.


Денеска сончево и топло, со локални поројни дождови попладне


Скопје, 4 јули, 2018 - 9:05 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движеше од 12 до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 27 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје слично време, со мала до умерена облачност и услови за појава на краткотраен дожд и грмежи попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до  32 Целзиусови степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време, кога од попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи, особено на исток и во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени.


Четири жртви во поплави во Романија


Букурешт, 2 јули, 2018 - 10:58 (META) 

Четири лица загинаа, а неколку стотици луѓе беа евакуирани поради обилните дождови што ја зафатија Романија во последниве денови.

Маж кој поминувал река на коњ и една жена се удавиле од надојдените води, исто како и маж што бил однесен од водата додека собирал зеленчук. Четвртата жртва настрадала при уривање куќа која била оштетена од дождот.

Во најтешко погодениот регион Ковасна, во централна Ромaнија, попуштил еден насип, а неколку села се целосно поплавени. Во целата земја настрадале околу сто села и неколку мостови а десетици куќи се урнати.


Сончево и топло со температура до 34 Целзиусови степени


Скопје, 2 јули, 2018 - 8:57 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне, претежно на запад и на планините, ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи.

Минималната температура ќе се движи од 9 до 17 Целзиусови степени, а максималната од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје и околината претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб северозападен ветер. Попладне ќе има зголемена облачност и услови за појава на краткотрајна нестабилност. Температурата ќе се движи од 13 до 31 Целзиусов степен.

До вторник температурата ќе биде во пораст, но и понатаму ќе има услови за попладневна краткотрајна нестабилност претежно во планинските подрачја. В среда се очекува преодно наоблачување и малку посвежо време со нестабилност на северот. Потоа до викендот ќе биде претежно сончево, но ветровито.


Облачно и свежо време, со врнежи од дожд


Скопје, 27 јуни, 2018 - 9:44 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта во јужните и југоисточните делови ќе бидат пообилни и интензивни. Таму за кратко време ќе наврне поголемо количество воден талог (околу 50 литри на квадратен за шест часа). Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура се движеше од 8 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 12 и 22 степени.

УВ-индексот ќе биде 4.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува ветер од северен правец. Утринската температура се спушти до 15 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

До четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност, што ќе предизвика претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд и ретки грмежи. Од целиот бран локално се очекува да наврнат и над 75 л/м2 дожд.

В петок и сабота времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.


Сончево со мала oблачност, попладне дожд и грмежи


Скопје, 22 јуни, 2018 - 8:55 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на ситен град, особено во северните и источните делови.

Утринската температура се движеше од 13 до 19 Целзиусови степени, а  дневната ќе изнесува од 21 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Утре ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата за околу 10 степени. За време на викендот ќе има слаб локален дожд, но без грмежи.

Од понеделник и во наредните два дена времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд (наместа се очекува над 50 л/м2 воден талог). Дневните температури ќе бидат под просекот и ќе се движат во интервал од 16 до 24 степени.


Сончево со мала облачност, попладне пороен дожд


Скопје, 20 јуни, 2018 - 9:14 (META) 

Времето претпладнево ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне, главно во југозападните делови на Македонија, ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура се движеше од 11 до 20 Целзиусови степени, а  дневната ќе изнесува меѓу 23 до 32 степени.

УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура се спушти до 14 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

В петок ќе почне да дува умерен до засилен северозападен ветер и кон крајот на денот се очекува поизразена нестабилност со поројни врнежи и грмежи. За време на викендот ќе биде значително посвежо, со повремен локален дожд.


Времето променливо облачно, попладне со дожд и грмежи


Скопје, 18 јуни, 2018 - 9:25 (META) 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а на повеќе места ќе дува засилен северен ветер. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура се движеше од 11 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 25 до 33 степени. УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 31 Целзиусови степен.

Во вторник се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни со грмежи, особено попладнето. В среда како и во следните два дена ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на краткотраен дожд.


Сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи


Скопје, 4 јуни, 2018 - 9:17 (META) 

Времето претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе се зголемува облачноста и ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи, особено на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 16 Целзиусови степени, а  максималната 26 до 33 степени.

Во Скопје исто така претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне со зголемена облачност и со појава на локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 14 до 30 Целзиусови степени.

И утре во претпладневните часови ќе биде сончево, а попладне нестабилно особено во планинските региони. Ќе има појава на пороен дожд, грмежи и можна е појава на град.

Во вторник се очекува облачност уште од претпладне, а и понатаму ќе биде нестабилно во попладневните часови.

Од вторник северозападниот ветер ќе преминува кон западен и југозападен, а во среда краткотрајна нестабилност е можна на југот.