fbpx
Таг: пораст

таг: пораст

Економијата во Турција ќе ги надмине предвидувањата од 4,4 проценти пораст на БДП

Домашниот бруто-производ (БДП) во Турција во периодот април-јуни се зголемил за 5,1 отсто во однос на претходните месеци, покажуваат податоците на турскиот Институт за статистика. Пораст на економијата е евидентиран во сите клучни области, при што земјоделското производство се зголемило за 4,7 отсто, индустриското за 6,3 отсто, градежништвото за 6,8 отсто,  а трговските дејности за 5,7 отсто. За оваа година, владата...

Домашниот бруто-производ со пад од 1,8 отсто во второто тримесечје

Домашниот бруто-производ (БДП) има пад од 1,8 отсто во второто тримесечје во однос на првото, објави Државниот завод за статистика. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје има номинален пораст за 6 проценти, а нејзиното учество во структурата на домашниот бруто-производ изнесува 70,7 отсто. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги се зголеми...

Утре е последен ден за пленарна седница и за изгласување на ребалансот на буџетот

Пратениците ја завршија денешната расправа за ребалансот на буџетот, а претседателот на Собранието, Талат Џафери, продолжението на седницата го закажа за утре, со почеток во 11 часот. Утре е последен ден за пленарна расправа и се очекува пратениците да го изгласаат ребалансот на буџетот за 2017 година. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека вака како што е проектиран, ребалансот на буџетот нема...

Сончево време со температура до 38 степени

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински делови попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и на грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. УВ-индексот ќе биде 8. Максималната температура ќе се движи од 28 Целзиусови степени на крајниот запад на земјата, 33 степени...

НБРМ: БДП стагнира наспроти очекувањата за умерено зголемување

Домашниот бруто-производ (БДП) стагнира, наспроти очекувањата за умерен економски пораст во априлскиот циклус на проекции, велат од Народна банка. Надолен ефект врз БДП имал послабиот пораст на личната потрошувачка од очекуваниот, како и негативниот придонес на нето-извозот кон порастот, наспроти очекувањата за негов позитивен придонес во првиот квартал од годината. „Од друга страна, динамиката на инвестициската активност беше нешто подобра од очекуваната. Од...

Времето денеска потопло и посончево

Сончево и потопло ќе биде денеска во земјава, а во источните делови со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). УВ-индексот ќе биде 9. Максималната температура ќе се движи од 22 Целзиусови степени на крајниот запад на земјата, еден степен повисоко во Малешевијата и во Пијанец, 25 степени во Крива Паланка,...

Богов: Жалам ако впечатокот бил дека како гувернер не сум бил доволно јасен и гласен

„Доколку се стабилизираат политичката состојба и неизвесноста околу евроинтеграциите, во наредните две години може да дојде до значајно раздвижување на економијата во однос на инвестициите и граѓаните ќе можат да го почувствуваат бенефитот од нив“, рече гувернерот Димитар Богов пред членовите на Комисија за финансирање и буџет која денеска го разгледуваше годишниот извештај на работењето на Народна банка. Пратениците на Богов му...

Светска банка предвидува пораст на македонската економија за 2,8 проценти

Според најновата прогноза на Светската банка, македонската економија годинава ќе има пораст од 2,8 проценти, следната 3,3 и во 2019 година - 3,8 проценти. Во најновиот извештај на Светската банка за регионот, најголем пораст на економијата се предвидува за Косово со 3,9 проценти, Албанија се прогнозира дека ќе има економски пораст од 3,5 проценти, БИХ - 3,2 проценти, Црна Гора...

НБРМ ја намали проекцијата за пораст на БДП од 3,5 на 2,5 отсто

Наспроти октомвриската проекција на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за 2017 година од 3,5 отсто, во априлската проекција на Народна банка, порастот на БДП е намален за еден отсто, односно на 2,5 отсто. Оваа корекција, според објаснувањето на НБРМ, е направена поради политичката криза, која што продолжи и на почетокот на 2017 година, иако при октомвриската прогноза се сметаше дека...

Министерство за здравство: Внимателно изложувајте се на повисока температура

Министерството за здравство препорача да се внимава со изложување на најавената висока температура на воздухот, што, како што соопшти, може да има последици по здравјето кај некои лица. „Се препорачува граѓаните да бидат внимателни, имајќи предвид дека изложеноста на повисока температура, без претходна постепена адаптација, создава чувство на поинтензивна топлина слична на таа во летните месеци и може да предизвика здравствени...

Тевдовски: Mинималната нето-плата ќе се зголеми на 12.000 денари

„Новата влада, веднаш по формирањето, во консултации со социјалните партнери, ќе го пушти во собраниска процедура законот за зголемување на минималната плата“, најави денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски. Тој додаде дека минималната нето-плата ќе се зголеми на 12.000 денари и ќе важи и за индустријата за текстил, облека и за кожа. „Тоа значи дека околу...

Еврото на шестмесечен максимум по победата на Макрон

По победата на Емануел Макрон на претседателските избори во Франција, утринава еврото ја достигна највисоката вредност во последните шест месеци во однос на доларот и на јенот, јавија светските медиуми. Причината е што инвеститорите се убедени дека ваквиот резултат, односно победата на Макрон над ултранационалистката Марин ле Пен, претседателка на крајно десничарската партија Национален фронт, ќе предизвика свеж дотек на...

ММФ ја намали прогнозата за пораст на економијата од 3,5 на 3,2 отсто

Меѓународниот монетарен фонд ги намали проекциите за пораст на македонската економија за 2017 година. Во најновата пролетна прогноза се предвидува пораст од 3,2 проценти, за разлика од есенската прогноза на ММФ која предвидуваше 3,5 отсто пораст. За следната година, ММФ предвидува пораст на економијата од 3,4 проценти, а во 2021 година - 3,8 проценти. Најновите економски прогнози за цел свет се објавени во...

ЕБРД ја намали проекцијата за порастот на домашниот БДП од 3,2 на 2,1 отсто

Европската банка за реконструкција и за развој (ЕБРД) ја намали прогнозата за Македонија за порастот на домашниот бруто-производ (БДП) на 2,1 отсто од 3,2 проценти проектирани во мај, што е резултат на влијанието на политичката криза во државата. „Во 2016 година голема е веројатноста да има значителен пад на БДП на 2,1 отсто, но веројатно ќе се врати на 3...

БДП се зголеми за 2,2 отсто во второто тримесечје

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за второто тримесечје годинава изнесува 2,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Најголем пораст е забележан во секторите градежништво, од 31 процент, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности, од 11,5 проценти, и финансиски дејности и дејности на осигурување од 4,9 проценти. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за...

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски

Срамната изјава на Дамјан Манчевски е показател дека на СДСМ не само што му пречи успешна Македонија, туку му пречат и луѓето кои се едни од најважните членови на тимот што постигнува врвни економски резултати во време на економски и политички кризи, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Манчевски. „Ставрески беше дел од економскиот тим кој ја намали невработеноста...

Два проценти пораст на БДП во првото тримесечје годинава

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за првото тримесечје од 2016 година изнесува 2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од годинава, најголем пораст е забележан во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување од 13,3 проценти, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 11,7 проценти и градежништво од 7,7 проценти. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи...

Грчкиот туризам полека излегува од криза

Грчкиот туризам и приливот на странски туристи во Грција се движел во нагорна линија изминатата година. Грчкиот завод за статистика објави дека во 2015 година имало повеќе од 26 милиони странски туристи и посетители. Бројот на македонски туристи, стандардно, бил во пораст и минатата година. Според бројките на Заводот за статистика, од Македонија имало 2,7 милиони посетители, односно за 26,1 отсто...

Времето денеска сончево со температура до 11 степени

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 5 до 14 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 11 Целзиусови степени.

Банките ќе го стегаат ременот за потрошувачките кредити

Народната банка предлага потенцијални мерки со кои од следната година банките би можеле да го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити. Целта е, како што истакна гувернерот Димитар Богов, банките повеќе да даваат корпоративни и станбени кредити, наспроти потрошувачките кои се во пораст и сочинуваат најголем дел од нефункционалните кредити. - Потенцијалните мерки кои се разгледувани од Народната банка, и кои...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...