fbpx
Таг: пораст

таг: пораст

Пораст од 8,9 отсто на бројот на вработени во индустријата за една година

Во мај годинава во индустријата биле вработени 8,9 отсто повеќе луѓе отколку во истиот месец во 2017 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, бележи пораст од 1,7%. Во секторот Преработувачка индустрија порастот во истиот период изнесувал 9,9%, а...

„Фајненс тинк“: Потребни се мерки за поттикнување на инвестициите и извозот

Економскиот пораст од само 0,1 процент во првиот квартал од годинава се должи на тоа што лани економијата во целост била ставена во заден план, сметаат од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“. Оттаму посочуваат дека, на позитивната страна, извозот продолжува да расте со слично темпо како и претходно, главно воден од активностите во економските зони, додека на негативната страна,...

Азески: Треба уште многу работа за да се остварат планираните економски проекции

Стари патишта, лоша инфраструктура без железничко поврзување и гасоводна мрежа која е едвај пет проценти искористена во просек, таква е сликата на Коридорот 8 на влезот од Бугарија кај Деве Баир, констатираше денеска претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески при работната посета на главната мерна станица на гасоводот на ГА-МА на влезната точка во месноста Жидилово, кај Крива Паланка. Тој...

Ангеловска-Бежоска: Поскапиот бензин нема да предизвика позначајна инфлација

Поскапиот бензин нема да предизвика позначајни инфлаторни притисоци и стапката на инфлација во земјава годинава нема да биде повисока од два проценти, одговори на новинарско прашање гувернерката Анита Ангеловска - Бежоска, на конференцијата која се одржува во Охрид. Народна банка го очекувала растот на цените на нафтата на светските берзи, а се прогнозира дека тој тренд ќе продолжи и оваа година. -...

Претпладне сончево, попладне со краткотраен пороен дожд

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне локално нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југозападните планински делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 26 до 32 Целзусови степени. Во Скопје слично време, утринската...

„Фајненс тинк“: Просечната нето-плата годинава ќе се движи околу 24.000 денари

Просечната нето плата за 2018 година ќе се движи околу 24.000 денари, предвидува Институтот за економски и политички истражувања „Фајненс тинк“. Порастот на просечната плата во јануари, според нив, не може да се толкува дека е резултат на порастот на минималната плата. „Уште при објавувањето на јануарскиот податок за нето платата, „Фајненс тинк“ укажа дека се работи главно за сезонски ефект,...

Облачно време со повремени врнежи и температура до 16 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната температура од три до 16 Целзиусови степени. Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до четири, а дневната температура до 12 Целзиусови...

Светска банка предвидува пораст на економијата од 3,2 проценти

Светска банка предвидува пораст на економијата во Македонија од 3,2 проценти, во најновиот извештај Глобални економски перспективи за земјите од Европа и Централна Азија. „По надминувањето на политичката криза, која имаше влијание врз економијата, главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит, поради најавените трошоци за инфрструктурни проекти“, се вели во извештајот на Светска банка. Светска...

Индустриското производство во ноември е зголемено за 4,1 отсто во однос на лани

Индустриското производство во ноември, е зголемено за 4,1 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Од јануари до ноември пак, индустриското производство е зголемено минимално, од 0,5 проценти во однос на истиот период лани. Зголемување на производството има кај преработувачката индустрија каде што се бележи пораст од 5,7 проценти. Во овој сектор, најголемо зголемување на производството има кај прехранбените...

Анѓушев: За повисок економски пораст, извозот треба да биде 70 отсто од БДП

За повисок економски пораст на Македонија, потребно е, во креирањето на домашниот бруто-производ (БДП), извозот, од сегашните 53 проценти да изнесува од 60 до 70 проценти, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на форумот „Преку интернационализација на стопанството до повисок економски раст“, кој беше во организација на стопанските комори. Тој додаде дека, за таа цел македонските компании треба да...

Стапката на пораст на БДП во третото тримесечје изнесува само 0,2 проценти

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за третото тримесечје од годината изнесува 0,2 проценти. Во овој период, најголем пораст е забележан во секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање и друго. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2017 година номинално се...

Цените и трошоците за живот се зголемиле во октомври

Трошоците за живот и цените во малопродажбата во октомври годинава се зголемиле за 0,3 отсто во однос на претходниот месец, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика (ДЗС). Голем пораст на цените има во категоријата прехранбени производи, односно забележано е поскапување на оризот за 3,6 отсто, на компирот за 3,2 отсто, на млекото и на јогуртот за 1,9 отсто, на...

Богов: Зголемувањето на акцизата нема да има голем директен ефект врз инфлацијата

Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, смета дека зголемувањето на акцизата на нафтата нема да има голем директен ефект врз инфлацијата следната година. Прашан за денешната одлука на Министерство за финансии за зголемување на акцизата на нафтата и на нафтените деривати за 3,54 денари, Богов рече дека направиле некои брзи проценки кои покажуваат дека директниот ефект нема да биде голем, а...

Кочовски: Состојбата во металната индустрија се подобрува, тоа ќе влијае и на економијата

Во металната индустрија се чувствува заживување на пазарот, се зголемува обемот на нарачки и со тоа поголема е искористеноста на производствените капацитети, поголеми се производство, извозот и приходите, рече денеска на прес-конференција, претседателот на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија, Митко Кочовски. Политичката криза, но и случувањата на светскиот пазар од кои најмногу зависи оваа индустрија влијалеле на стагнацијата во...

Светска банка ја намали прогнозата за пораст на БДП од 2,8 на 1,5 проценти

Најновата октомвриска проекција на Светска банка за порастот на македонската економија во 2017 година е 1,5 проценти, што значи намалување од априлската прогноза која изнесуваше 2,8 проценти на пораст на домашниот-бруто производ (БДП). Најголемо влијание на оваа прогноза имала имала политичката нестабилност во првата половина од годината, пиишува во извештајот на Светска банка. Главен двигател на порастот се очекува да биде...

Порастот на економијата во Кина ќе изнесува повеќе од 6,5 проценти

Порастот на економијата во Кина за оваа година ќе изнесува повеќе од 6,5 проценти, а владините мерки за сопирање на пазарот со недвижнини и понатаму ќе останат на сила. Аналитичарите исто така проценуваат дека економскиот пораст на Кина за цела 2017 година може да ја надмине целта на владата, откако втората најголема светска економија во првата половина од оваа година...

Домашниот бруто-производ лани се зголемил за 2,9 проценти во однос на 2015 година

Домашниот бруто-производ (БДП) во 2016 година изнесувал 598.881.000 денари и стапката на пораст изнесувала 2,9 проценти во однос на 2015 година, објави Државниот завод за статистика. Финалната потрошувачка во 2016 година во структурата на БДП учествува со 82,1 отсто. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2016 година изнесува 50 проценти. Во техничката структурата на инвестициите...

Богов: Би бил среќен ако годината ја завршиме со позитивен економски пораст

Продолжената политичка криза ѝ нанесе сериозни штети на економијата и по падот во првата половина од годината, тешко дека ќе постигнеме никаков пораст оваа година, изјавил гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, во интервју за „Ројтерс“ на маргините на Конференцијата на гувернерите на централните банки одржана во Сараево. Тој додаде дека предвидувањата на НБРМ од април за економски пораст...

Анѓушев го презентираше планот за економски пораст пред амбасадите

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на јавна трибина во Владата го презентираше планот за економски пораст односно мерките, пред претставниците од странските амбасади и меѓународните финансиски институции. „Планот за економски пораст е резултат на сеопфатни анализи. Во него се имплементирани препораки од документите на Светската Банка, Виенскиот институт за меѓународни односи, Македонската академија на науки и уметности, но и...

СДСМ: Зголемувањето на минималната плата е прв чекор во спиралата за пораст на платите

Со усвојувањето на законот за минимална плата веќе од следниот месец на работниците ќе им се исплаќа повисока плата од 12.000 денари, а фирмите ќе бидат финансиски поддржани од државата во реализацијата на оваа мерка, се вели во утринското соопштение на СДСМ. Во него се додава дека ова е првиот значаен чекор со кој се отвора спиралата на севкупен пораст...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...