fbpx
Таг: пораст

таг: пораст

Просечната плата се билда со „буџетскиот допинг“

Забревтано расте просечната плата во земјава која според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) во декември, минатата година изнесувала 26.836 денари, што е зголемување за 1.049 денари во однос претходниот месец кога просечната плата била 25.787 денари. Од ДЗС информираат дека пораст на платите во периодот ноември - декември 2019 година имало во секторите: стручни, научни и технички...

Народната банка регистрира забрзан пораст на цените на становите во Скопје

Во последните три месеци од минатата година стапката на пораст на цените на становите изнесува 3,6 отсто, што претставува умерено забрзување во споредба со претходното тримесечје, покажуваат податоците на Народната банка објавени во најновиот квартален извештај. „Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа пад во третиот квартал од годината, а намалување се забележува и кај вредноста на...

Пораст на потрошувачките, станбените и автомобилските кредити

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити во декември, минатата година е забележан месечен пораст од 1,3 отсто и 2 отсто, како и годишен пораст од 14,6 отсто и 12,7 отсто, покажуваат најновите податоци на Народната банка. „Автомобилските кредити во декември забележаа месечен и годишен раст од 1,6 отсто и...

МТСП: Декемвриската минимална плата ќе изнесува 14.500 денари

Законски утврдената минимална плата за декември ќе изнесува 14.500 денари и е зголемена за 2.000 денари, а споредено со 2017 за 5.500 денари, информираат од Министерство за труд и социјална политика. Истовремено, додаваат од таму, државата ќе ги субвенционира придонесите од 600 до 6.000 денари, за сите компании од приватниот сектор кои што ќе ги зголемат платите за оваа сума...

Индустриското производство со пораст од 5,6 проценти во првите девет месеци

Во првите девет месеци индустриското производство бележи раст од 5,6 проценти во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Индустриското производство во септември годинава во однос на истиот месец лани е зголемено за 6,1 процент. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „Рударство и вадење камен“ во септември  годинава, во однос на септември 2018 година, бележи опаѓање...

ММФ ја зголеми проекцијата за растот на економијата за годинава на 3,2 отсто

Меѓународниот монетарен фонд во најновиот изештај ја ревидира стапката на раст за македонската економија годинава од три во априлската прогноза на 3,2 проценти. За наредната година ММФ предвидува раст од 3,4 отсто, а до 2024 година 3,5 отсто. Од земјите во регинот годинава најголем раст се прогнозира во Косово од 4,2 отсто, 3,5 отсто Србија, три отсто Црна Гора, Албанија...

Народна банка: Растот на БДП во првата половина од годината изнесува 3,6 проценти

Растот на домашниот бруто-производ БДП во првата половина од годината изнесува 3,6 проценти, објави Народна банка. „Засега, расположливите високофреквентни показатели за периодот јули ‒ август главно упатуваат на натамошен раст на економската активност, при засега поповолни поместувања во индустријата, трговијата и градежништвото, во однос на претходното тримесечје“, велат од Народна банка. Остварената просечна годишна стапка на инфлација за првите девет месеци...

Народна банка: Се очекува растот на економијата да достигне 3,5 проценти

Согласно со априлскиот циклус проекции, се очекува дека растот на економијата во 2019 година ќе достигне 3,5 проценти, велат од Народна банка по Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. „Во однос на најновите макроекономски показатели, според објавените проценети податоци за БДП, економската активност продолжи да расте и во вториот квартал на 2019 година, со реална годишна стапка...

Тевдовски: Праведниот данок е успешна реформа, економијата во одлична кондиција

Позитивните очекувања за праведното оданочување се реализираат, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на прес-конференција. Toj посочи дека економијата е во одлична кондиција, што е доказ дека реформите во фискалниот систем се во вистинска насока. Тевдовски презентираше седум факти за економските остварувања, по воведување на праведното оданочување. Посочи дека во првото тримесечје бројот на вработени е зголемен за 17.000 лица,...

Народна банка: Поволни движења во економијата преку пораст на производството и трговијата

На редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, било констатирано дека порастот на домашниот бруто-производ (БДП) од 4,1 проценти бил во согласност со очекувањата. „Растот на економската активност е поттикнат од домашната побарувачка, додека нето-извозот има мал негативен придонес. За вториот квартал од годинава, при ограничен обем на расположливи податоци, тешко е да се формира попрецизна...

Извозот во првиот квартал со пораст од 6,8 отсто и изнесува над две милијарди долари

Извозот на стоки од земјава во првите четири месеци од годинава бележи пораст од 6,8 отсто, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на извезената стока изнесува 2.335.520 илјади американски долари, а вредноста на увезената стока 3.111.373 илјади американски долари. Увозот во првите четири месеци од годинава во однос на тој период лани бележи пораст од 5,1 отсто. Трговскиот дефицит, во периодот од...

Индустриското производство со пораст од 7,9 отсто во првите четири месеци во однос на лани

Индустриското производство во првите четири месеци од годинава е со пораст од 7,9 проценти во споредба со истиот период од 2018 година, објави Државниот завод за статистика. Во април, порастот е 5,5 проценти во однос на истиот месец лани. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април годинава во однос на истиот месец лани бележи пораст од 3,5...

ЕБОР: Tемпото на реформи е клучно за приближување кон ЕУ

Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја одобри новата Стратегија, за нејзиниот ангажман во земјата во наредниве пет години, до 2024 година, само неколку месеци откако стапи на сила Договорот за решавање на спорот со името и стратешкото партнерство со соседна Грција, информираат од таму. Како резултат на надежите за забрзување на процесот на приближување...

Народна банка очекува постепено забрзување на економскиот пораст следниот период

Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 2,25 проценти, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на редовната седница. На седницата, исто така било констатирано дека, според податоците од првите два месеци, има поволни поместувања во економијата видливи преку забрзаниот раст на индустријата и трговијата, како и преку значителното забрзување на растот кај градежништвото. „Ова, дополнето со...

Народна банка очекува поволни движења во економијата при пораст на индустријата

Проценетите официјални податоци за домашниот бруто-производ (БДП) за четвртото тримесечје од минатата година покажуваат солиден економски раст од 3,7 проценти, на годишна основа, кој што е повисок од очекуваниот со октомвриските проекции, инфромираат од Народна банка. „Од аспект на структурата на растот, подобрите остварувања главно се објаснуваат со повисокиот раст на личната и јавната потрошувачка во однос на очекувањата од...

Светска банка со прогнозите ги урна желбите на Владата дека 2019 ќе биде економска година

Пораст на домашниот бруто-производ (БДП) во Македонија од 2,9 отсто во 2019 година предвидува Светската банка во најновиот јануарски извештај, што е сигнал дека тешко ќе се остварат најавите на Владата дека годинава ќе биде економска година. Во Светска банка очекуваат конечните податоци за 2018 година да покажат дека лани економскиот пораст во земјава изнесувал само 2,5 отсто. Од банката...

Владата размислува да го зголеми „минималецот“

Владата размислува да го зголеми прагот на загарантирана минимална плата, рече денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање, како ќе го постигнат ветениот просек на платата од 500 евра. „Владата има намера за дополнително носење на одлука за растот на минималната плата за оваа година“, одговори накратко Заев. Министерот за финансии Драган Тевдовски рече дека „главната борба на оваа влада е...

Банките уриваат рекорди во издавање станбени кредити

Станбеното кредитирање во изминатите неколку години e најбрзорастечкиот сегмент од кредитното портфолио на банките. Од Народната банка информираат дека годишните стапки на пораст на станбените кредити, кои се движат околу 15 отсто, се значително над просечниот пораст на вкупните кредити на домаќинства, каде годишната стапка на пораст е околу 10 отсто. Според последните податоци, станбените кредити претставуваат 29,4 отсто од...

Просечната месечна исплатена нето-плата во септември изнесува 24.355 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во септември изнесува 24.355 денари, а бруто-платата 35. 794 денари, објави Државниот завод за статистика. Порастот на септемвриската нето-плата во однос на истиот период лани е 4,8 процнети. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен 21,9 проценти, информации и комуникации 15,2 проценти и...

Просечната плата во јуни 24.203 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јуни 2018, изнесува 24.203 денари и бележи пораст во однос на јуни лани од 6,1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен за 20,4 отсто, информации и комуникации за 16,7...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...