fbpx
Таг: пораки

таг: пораки

Салман Ружди со порака: Живееме во тешко време за демократијата

Светот не е добар денес, но јас сум оптимист од причина која не можам да ја објаснам, изјави на Франкфуртскиот саем на книгата познатиот писател Салман Ружди, пренесува германската новинска агенција ДПА.  Британско-индискиот писател денеска на затворањето на Франкуртскиот саем на книгата ќе ја добие Наградата за мир на германските книжарници. Ружди со децении го прогонуваат радикалните исламисти, а минатата година...

Во пресрет на утрешниот Ден на Европа, младите со порака до ЕУ: Вам ви е редот!

Во пресрет на 9 мај, Денот на Европа, Министерството за надворешни работи денеска организираше платформа на која им беше дадено на младите од земјава да испратат пораки до Европа поврзани со европските интеграции на Република Северна Македонија. Во своите обраќања, младите на сопствен начин го потенцираа незадоволството од предолгото стоење во чекалната на ЕУ, упатувајќи емотивни пораки за нивните европски...

Состојбите во преработувачката индустрија се поволни, но има недостиг на работници

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во преработувачката индустрија во октомври 2019, во однос на претходниот месец е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на септември 2019 година, објави Државниот завод за статистика. Оценката за економската состојба на деловните...

Нова урбана акција на „Зачекори напред!“: Идентитетот и манипулациите со него

Во рамките на граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој!“ има нова урбано-уметничка акција во Скопје посветена на идентитетот и манипулациите со него. Акцијата се состои од oколу 20 постери, со различни пораки, поставени во јавниот простор на улица Македонија и скопскиот плоштад. „Идентитетот (lat.: identitas – еднаквост, истост) претставува внатрешна слика која поединецот или колективот ја создаваат сами за себе,...

ВМРО-ДПМНЕ од МНР бара „поголема сериозност“ во реакцијата на протестите во Грција

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осуди националистичките испади на вчерашните протести во Грција, но и објавувањето на мапи во грчките медиуми во кои се дели територијата на Македонија, соопштуваат од партијата. Од таму додаваат дека „ваквите испади не придонесуваат за подобрување на меѓусоседските односи и градење на клима на доверба меѓу Македонија и Грција.“ „Палењето на македонското национално знаме, извикувањето на иредентистички пароли...

Груевски објави упатство за наследниците: Без навреди и уцени, се бира идниот премиер

Никого од кандидатите за претседател на ВМРО-ДПМНЕ не сум овластил да се повикува на моја наводна ексклузивна поддршка, заради собирање потписи за поддршка или гласање, вели Никола Груевски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка. Тој преку неговата официјална „Фејсбук“ страница испрати осум пораки до кандидатите и потенцијалните кандидати на партијата и до делегатите на Конгресот кој треба да се одржи на...

Лондон со остри критики до Трамп поради „твитовите“ за терористичкиот напад

Високиот британски функционер Демијан Грин денеска го критикуваше претседателот на САД, Доналд Трамп, поради неговите пораки на „Твитер“ во врска со полициската истрага за терористичкиот напад во метро-станицата во Лондон. Грин, кој ја има почесната титула прв државен секретар, за „Скај њуз“ изјавил дека „твитот“ на Трамп за полициската истрага не бил од помош. Тој ѝ се придружи на британската...

СДСМ: Пораките од Брисел се јасни, Талат Џафери е избран легитимно

„Писмото од новиот собраниски претседател, Талат Џафери, до Ѓорге Иванов е обврска за Иванов да ги стави на страна личните интереси за бегство од правдата на Никола Груевски и да постапи според уставната обврска кон граѓаните на Република Македонија“, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Во него се додава дека по посетата на новиот собраниски претседател, Талат Џафери,...

СДСМ: ЕПП и Бундестагот јасно кажаа дека мора да се почитува парламентарното мнозинство

„И Резолуцијата на Европската народна партија (ЕПП), како и заклучоците на германскиот Бундестаг во кои се вели дека мора да се почитува парламентарното мнозинство и дека нови избори не се опција, се јасни пораки до Груевски и до Иванов да престанат со непресметливото однесување, кое ги загрозува државните и националните интереси на Македонија и интересите на граѓаните“, се вели...

Денеска состанок на централното претседателство на ДУИ

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција за денеска закажало состанок во седиштето на партијата во Мала Речица, јавуваат медиумите. На средбата се очекува да се разговара за пораките што вчера на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му ги пренела високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска Унија, Федерика Могерини. Централното претседателство се очекува да разговара и за последната...

Државниот врв и лидерите на партиите упатија честитки по повод Богојавление – Водици

Претседателот на држвата, Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан, и до православните верници во земјава испратија честитки по повод празникот Богојавление - Водици. „Во духот на овој голем празник, да го поттикнуваме најдоброто во нас и најдоброто кај...

Путин: Тешкотиите во 2016 година ја обединија Русија

Тешкотиите со кои се соочуваше Русија во 2016 година ја обединија земјата и поттикнаа отворање на нови можности за државата да тргне напред, порача рускиот претседател, Владимир Путин, во традиционалното новогодишно обраќање. - 2016 година беше тешка и полна со предизвици. Најважно е да веруваме во себе и во својата држава. Работиме успешно и остваруваме – изјавил Путин. Тој им се...

Обама денеска во посета на Акропол и на културниот центар „Ставрос Ниархос“

Со посета на музејот на Акропол и со говор во културниот центар „Ставрос Ниархос“, продолжува посетата на американскиот претседател Барак Обама на Атина. Обама во моментов е во историска посета на Акропол, а потоа ќе замине во новото архитектонско ремек-дело во градот, центарот „Ставрос Ниархос“, каде ќе одржи говор за неговата визија за иднината на демократијата во време кога популизмот...

Јанева и СЈО се повлекоа од камерите, a не ги коментираат ни изјавите на ЕК, Хан и на Кукан

Специјалното јавно обвинителство не ги коментира изјавите на еврокомесарот Јоханес Хан и наодите од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, во делот за работата на СЈО, како и изјавите на европратеникот Едвард Кукан. Од СЈО во средата побаравме, но не добивме коментар на изјавите и на извештајот, а вчера откако се јавивме во службата за односи со јавноста,...

Гарет: И обвинети лица може да се кандидираат во некои земји

Во некои демократии е возможно луѓе кои се предмет на истрага да се кандидираат на избори, вели британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, кој присуствуваше на конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“ организирана од „Мост“. - Различни земји имаат различни практики во однос на кандидирањето на личности што се обвинети за криминал. Во некои демократии е апсолутно возможно луѓе кои...

Герила-акции во повеќе градови против функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Група граѓански активисти вчера и денеска спроведоа герила-акции низ повеќе градови во Македонија. Акциите беа во Прилеп, Струмица, Велес, Битола, Тетово и во Куманово. Во Битола беше залепена пораката „Поголема провизија за повеќе станови. Ви благодарам битолчани, Владимир Талески“. Велешани револтот од актуелната власт го изразија со зборовите: „Се бориме за уште 10.000 иселени велешани. Поздрав Илија Димовски“. Прилепчани го „поздравија“ поранешниот...

Без поголеми инциденти меѓу демонстрантите и полицијата, заврши протестот пред Владата

По неколку мали провокации меѓу полицијата и демонстрантите и искршено стакло на редакцијата на неделникот „Република“, заврши протестот на граѓаните пред зградата на Владата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во денешните протести, повредени се петмина полицајци, а еден демонстрант е приведен. Тие со пишани пораки им се обратија на кордонот полицајци кои ја обезбедуваа владината зграда. На нив пишуваше...

Пораки за мир, благосостојба и за единство во божиќните честитки до граѓаните

Светата црква, посебно на овој ден, нè повикува да покажеме добра волја и да го градиме и да го чуваме мирот со сите народи. Исполнети со божиќната радост, да учествуваме во јакнењето и на духовното и на националното единство меѓу нашиот народ, без разлика каде живееме – во татковината или раселени по светот, стои во божиќната порака на г.г....

Грчкиот претседател со остри пораки до Македонија

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, испрати остра порака до Македонија дека мора да се придржува до европските принципи и право доколку сака да стане дел од европското семејство. Од Софија, по средбата со неговиот бугарски колега Росен Плевнелиев, на само неколку дена пред пристигнувањето на шефот на македонската дипломатијата, Никола Попоски, во Атина, Павлопулос индиректно остро го критикуваше однесувањето на македонската...

„Викиликс“ објави мејлови на директорот на ЦИА

„Викиликс“ објави материјали кои содржат приватни пораки од електронската пошта на директорот на ЦИА, Џон Бренан, јавуваат светските медиуми. Хакер, кој е средношколец и кој се противи на американската надворешна политика, ги симнал пораките од мејл-серверот на Бренан. Тој рекол дека се претставил дека работи за американската компанија „Веризон“, една од најголемите американски компании за безжични телекомуникациски услуги и така успеал...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...