!На 1 февруари 2017 година, завршува промотивниот период на слободно користење, без регистрација и без претплата, на содржините на „Мета“, кое беше воведено за да им овозможиме полесен пристап на корисниците до навремени и проверени вести. За начинот на пристап и за претплата, од 1 февруари 2017 година ќе информираме дополнително. При пренесувањето и преземањето на содржините од „Мета“, задолжително е атрибуирање и линкување.

Румен Радев е најпопуларен бугарски политичар


Софија, 10 јануари, 2017 - 10:40 (META) 

Румен Радев има најголем рејтинг помеѓу бугарските политичари и на последната анкета освои 35 отсто поддршка. Бојко Борисов е втор со 25 отсто поддршка, а Каракачанов е на трето место со 19,9 отсто.

Новоизбраниот претседател води во сите социјални групи. Најмало водство има кај жените и оние со факултетска диплома, каде што рејтингот на тројцата политичари е многу блиску.

Претседателот Росен Плевнелиев има 8,5 отсто поддршка, Веселин Марешки освоил 6,4 проценти, а Валери Симеонов – 5 отсто.

Во категоријата на луѓе постари од 60 години и кај државните службеници, Каракачанов води пред Борисов со осум поени, но и во двете групи доминантен е Радев.

Ова го покажува анкетата направена од Европскиот институт за стратегии и анализи и Европската лига за економска соработка. Истражувањето било направено „лице в лице“ во сите делови на земјата.


Хокинг: Ја разбирам вселената, а не ја разбирам популарноста на Трамп


Лондон, 30 мај, 2016 - 18:37 (META) 

Британскиот астрофизичар Ситен Хокинг изјави дека може да разбере како функционира вселената, но никако не може да ја сфати популарноста на Доналд Трамп.

Хокинг за телевизијата „Ај-ти-ви“ рече дека Трамп е „демагог кој се повикува на најмалиот заеднички содржател“.

Познатиот научник апелираше до гласачите во Велика Британија да гласаат за останување во Европска Унија на референдумот кој ќе се одржи на 23 јуни.

Останувањето на Велика Британија во ЕУ може да ги осигури неопходните средства за поддршка на науката, економијата и безбедноста, рече тој.

– Помина тоа време кога можевме сами против целиот свет. Мораме да бидеме дел од големото семејство на народи, заради нашата безбедност и заради трговијата – рече Хокинг.


За Путин би гласале 74 отсто од Русите


Москва, 3 март, 2016 - 12:36 (META) 

Ако Владимир Путин повторно се кандидира за претседател во 2018 година, за него би гласале повеќе од 70 отсто од Русите, покажуваат резултатите од анкета објавена денеска.

Според податоците на Серускиот центар за истражување на јавното мислење, за Путин би гласале 74 отсто од Русите, што е најголем процент во последните четири години.

Путин не се кандидираше за претседател во 2008 година поради ограничување на мандатот, но има право да се кандидира во 2018 година и да се бори за уште еден шестгодишен мандат.

Популарноста на Путин нагло се зголемила од руската анексија на Крим во март 2014 година.


Популарноста на Оланд порасна за 21 отсто


Париз, 19 јануари, 2015 - 15:00 (META) 

Популарноста на францускиот претседател Франсоа Оланд пораснала за рекордни 21 отсто. Тој претходно важеше за најнепопуларен претседател на Франција. Според податоците што ги објави институтот ИФОП, 40 проценти од анкетираните граѓани го поддржуваат Оланд.

На францукиот премиер Мануел Валс популарноста му се зголемила за 17 отсто и сега 61 процент од Французите го поддржуваат, што е повеќе отколку кога беше избран за премиер.

Позитивните реакции во Франција се должат на сè што овие двајца лидери направија и изјавија по терористичките напади на статиричниот француски неделник „Шарли ебдо“.

Валс минатата недела во Парламентот одржа говор против екстремизмот и нетолеранцијата, кој со овации беше поздравен и од левицата и од десницата на Франција.