fbpx
Таг: Поповски

таг: Поповски

Најмалку 12,7 милиони евра јавни пари во медиумите до крајот на годината

Буџетското финансирање медиуми, и преку изборните кампањи и преку субвенциите, е ризик за корупција и политичко влијание врз јавните гласила, особено во предизборниот период. Оваа констатација ја делат и новинарските здруженија, невладините организации, но и Државната комисија за спречување корупција, која за ризикот што го носат државните пари во медиумите од неколку аспекти пишува и во својата проценка на...

Државата посветено и обединето ќе се справува со дезинформациите

Очевидно е дека Владата како иницијатор и автор на Акцискиот план за справување со дезинформациите, сака пред јавноста да претстави обединет фронт и да покаже целосна посветеност при справувањето со дезинформациите.  Колку е голема заинтересираноста на Владата и државните институции за борбата против дезинформациите покажува фактот што на овој конститутивен состанок, покрај премиерот Зоран Заев, присуствуваа и клучните министри од областа на...

Прв состанок на работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Фондацијата Отворено општество – Македонија и министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност во Владата, Роберт Поповски, потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се обезбеди поддршка за креирање и имплементација на Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија. Денеска се одржа првиот состанок на работната група за подготовка на...

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Владата и Фондацијата „Метаморфозис“ за страгегијата за транспарентност

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски и извршниот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардил Јашари, вчера го потпишаа Меморандумот за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и фондацијата „Метаморфозис“ за поддршка во креирањето и реализацијата на стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија. Стратегијата ќе биде резултат на регионалниот проект ACTION SEE, спроведен од „Метаморфозис“...

Владата на Македонија најдобра во регионот според индексот на отвореност на институциите

Според најновото истражување, Владата на Македонија покажа 75,61% отвореност и најдобри резултати во регионот и пораст од 23,27% во споредба со изминатиот период. Истражувањето е направено преку Индексот на отвореност, дизајниран според единствена Методологија за мониторинг која одговара на потребите и препораките за земјите од Западен Балкан. Ова истражување за отвореноста, отчетноста и транспарентноста на институциите во Македонија и 5 држави...

Владите од регионот се обврзаа на поевтин роаминг и поголема дигитална поврзаност

На крајот на дводневниот Дигитален самит на Западен Балкан, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски одржаа прес конференција на која ги пренесоа пораките и заклучоците кои произлегоа од првиот самит за дигиталната агенда на регионот. Манчевски ги изнесе и конкретните заклучоци за кои се обврзаа сите земји од Западен Балкан. - Ние сме...

Владата вети и воведе „Отчетномер“

Владата на Република Македонија на прес конференција на 21.03.2017 година претстави електронска алатка (што ние неофицијално ја нарековме Отчетномер), за „мерење“ на трошоците на министерствата и другите институции од централната власт, што го оценуваме како исполнето предизборно ветување и ветување наведено во програмата за работа, пишува Теофил Блажевски на „Вистиномер.мк“. Ветување: (Владата) Ќе воведе принцип на т.н. „активна транспарентност“ на институциите,...

И министерските трошења во бифеата на државните институции ќе бидат објавувани

Не само предложениот дневен ред од седниците на владите, туку актуелната власт планира целосниот усвоен дневен ред, материјалите и записите од седниците на Владата јавно да се објавуваат, рече Роберт Поповски, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност на денешната средба со претставниците на медиумите и невладините организации, на која се расправаше за актуелните политики и процеси...

Јоханес Хан в среда на средба со Поповски во Брисел

Новиот комесар на Европска Унија надлежен за соседската политика и за преговорите за проширување, Јоханес Хан, на 20 ноември ќе ги посети Белград и Подгорица, а претходно, в среда, ќе го прими македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Ова е прва посета на еврокомесарот Хан на регионот и е дел од планот на почеток на мандатот да ги посети...

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...