fbpx
Таг: Попова Шапка

таг: Попова Шапка

Во својот мандат ДУИ ја остава Попова Шапка како што ја најде, без ветената „голема“ инвестиција

Предизборните ветувања на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за 2020 година за различни инвестиции и подобрување на условите на туристичкиот центар Попова Шапка не се реализирани. На прашањето на Порталб.мк зошто не се реализирани дадените ветувања, ДУИ молчи. Во изборната програма 2020-2024 за последните парламентарни избори со која настапи ДУИ, во делот за развој на туризмот, на страница 115, се...

Мечка нападнала дански турист на Шар Планина, скијал надвор од скијачка патека

Мечка утрово нападнала дански турист, кој заедно со група скијачи учествувал во „фри рајд“ скијање, надвор од скијачки патеки во месноста Јелак на Шар Планина, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Настанот се случил пред 11 часот утрово во близина на Попова Шапка. Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на данскиот скијач. Екипа на итната...

Падна договор: Тетово и Призрен ќе се поврзат преку тунел од 6,4 километри низ Шар Планина

Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу, денеска го потпишаа Договорот за кофинансирање за проектирање за изградба на тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен. „Поврзувањето со Косово ќе се направи преку изградба на тунел долг 6,4 километри, за што денеска го потпишавме овој договор...

Попова Шапка уште ја чека помпезно најавуваната италијанската инвестиција

Иако новата зимска и скијачка сезона се ближи, туристичкиот центар Попова Шапка сè уште е во очекување на италијанскиот инвеститор, компанијата „ТехноАлпин“ со која владата не склучила договор. Од страна на Владата за Порталб.мк велат дека преговорите со италијанската компанија течат, но не даваат детали. Независно од тоа што наскоро ќе наврши една година од презентацијата на планот за инвестиции...

Усвојувањето на ДУП-от за Попова Шапка лани не се реализираше како што вети Касами

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами во јануари минатата година изјави дека се залагаат за конечно во 2022 година да има усвоен урбанистички план за скијачкиот центар Попова Шапка. 2022 година помина, но ова ветување останува неисполнето во дадениот рок. Од општина Тетово за Порталб.мк велат дека процедурата е во тек, но не прецизираат конкретен рок. Во дебатата организирана за Попова...

Конечно обеле Попова Шапка, снегот достигна 26 сантиметри

До 7 часот утрово снежната покривка на Попова Шапка достигна 26 сантиметри, каде е и најстудено со измерени -3 степени Целзиусови, информираше Управата за хидрометеоролошки работи. во Лазарополе утрово се измерени -2 степени, 0 во Маврови Анови, 1 во Крушево, 3 во Охрид и Претор, 4 во Крива Паланка, 5 во Тетово, Берово, Битола, Прилеп и Виница, 7 во Скопје-Зајчев...

Климатските промени го оневозможија почетокот на ски-сезоната на Попова Шапка, загубите се околу 500.000 евра

Климатските промени влијаат врз целиот свет. Ефектите на оваа негативна појава во последно време ги чувствуваат туристичките центри низ цела Европа. Овде кај нас, свој ефект имаат и врз Попова Шапка, најголемиот скијачки центар во земјава. Топлото време и недостатокот на снег го оневозможи навремениот почеток на скијачката сезона, всушност истата сè уште не е започната. За тоа какво...

Со недели доцни скијачката сезона поради топлото време, туристичките центри низ земјава во була

„Многу топол ноември“ и „екстремно топол декември“ е главната констатација на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во изработените месечни извештаи за временската состојба во Македонија за последните два месеци од 2022 година. На скијачките центри во земјава снег немаше паднато до 9 јануари, додека почетокот на скијањето доцни со недели и се очекува да започне дури претстојниве денови, односно...

„ТехноАлпин“ го претстави планот за инвестиции во Попова Шапка, предвидени се седум фази

Инвеститорите од италијанската компанија „ТехноАлпин“ заинтересирани за Попова Шапка денеска го претставија нивниот план за развој на овој туристички центар. Процесот е во рана подготвителна фаза и договорот сè уште не е потпишан. Министерот за животна средина призна дека во овој центар не се инвестирало цели дваесет години и рече дека се очекува тоа да се направи преку оваа...

Сајбер безбедноста и човековите права на Интернет во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Институциите не успеале правилно да комуницираат за сајбер нападите што погодија повеќе државни интернет-страници изминативе месеци. Во новата епизода на Шорткат, во која главна тема се сајбер безбедноста и човековите права на Интернет, претставуваме дел од резултатите од истражувањето на Фондацијата Метаморфозис. Покрај ова, информираме и за два од најголемите проблеми во главниот град периодов - сообраќајниот хаос и аерозагадувањето. Носиме...

Компанијата „ТехноАлпин“ заинтересирана да инвестира 186 милиони евра во Попова Шапка

Италијанската компанија „ТехноАлпин“ од Јужен Тирол е заинтересирана за инвестиции во скијачкиот центар Попова Шапка. Како што соопшти денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, понудата на компанијата добила зелено светло и од Владата. Се работи за проект тежок 186 милиони евра и истиот вклучува реновирање на постојните капацитети, поставување на систем за правење снег, проширување на...

И министерот Нуредини во потрага по инвеститори, развојот на Попова Шапка засега останува само ветување

За развој на Попова Шапка има потенцијален инвеститор, и централната власти се во преговори со него. Ова го соопшти и министерот за животна средина и просторно планирање одговарајќи на прашање на Порталб за развојот на Попова Шапка. Сепак, засега нема конкретни детали, барем не такви што се споделени со јавноста, пишува Порталб. Врз основа на направената студија за Попова Шапка,...

НП „Шар планина“ сѐ уште не е во функција, граѓаните се жалат на заканите за планината

Нацрт-планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за периодот 2022-2031 година има нејаснотии во толкувањето. Ова беше еден од проблемите што беа посочени во јавната расправа за Шар Планина, за што Министерството за животна средина и Даниел Богнер, експерт за управување со заштитени подрачја, ветија дека ќе ги поправат во наредниот период. Новата јавна установа „НП Шар Планина“...

Надлежните ветуваат дека пред да се потпише договор за Попова Шапка, истиот ќе биде прво споделен со граѓаните

Засега не се знае каква ќе биде судбината на зимско-рекреативниот центар Попова Шапка, дали компанијата што управува со центарот (ЕЛЕМ Турс) ќе инвестира, дали ќе оди со јавно - приватно партнерство или ќе се продава. Ова ќе се дефинира дури откако ЕЛЕМ Турс ќе се одвои од ЕСМ, постапка која е започната пред повеќе од година и пол и...

Попова Шапка ја чека уште една тмурна зима, нема ниту европски инвеститори ниту нов концесионер

Попова Шапка ја чека уште една тмурна зима со вообичаените проблеми. Ова природно богатство, кое не се одржува соодветно, сè уште нема ниту инвеститор, ниту концесионер. Инвестициите остануваат само изјави на функционери, кои овој туристички центар го користат за фотографирање и нивна промоција, но кога станува збор за преземање одговорност или отчетност, истите креваат раменици и си ја префрлаат...

Проблемите со кои се соочува ски-центарот Попова Шапка, тема на „Шорткат“ неделава

Проблемите со кои се соочуваат посетителите на зимскиот туристички центар Попова Шапка се главната тема во најновата епизода на емисијата „Шорткат“. Покрај репортажата од Попова Шапка, носиме информации за прогласувањето на Е-спортот за официјален спорт во Македонија, но и потсетуваме повторно на проблемот со загадувањето со арсен во селата Лојане и Табановце. https://youtu.be/5VpxK-mS4lM Во новата епизода на „Шорткат“ информираме за тоа...

Порталб.мк: На дебатата за Попова Шапка, не присуствуваа двајца клучни министри

Граѓани, активисти и љубители на Попова Шапка вчера се собраа и разговараа за проблемите на центарот, на јавната расправа организирана од Општина Тетово. Но, на дебатата не се појавија двајцата министри чии улоги се многу важни за враќањето на сјајот на туристичката атракција „Попова Шапка“, пишува Порталб.мк. Работа, а не зборови, урбанистички план, долгорочен план, паркинзи, ефикасно управување со отпад,...

Порталб: Попова Шапка, туристичка атракција која не е доволно промовирана

„Попова Шапка“ продолжува да биде туристичкиот центар околу кој во јавноста се дебатира за големиот потенцијалот што го поседува, а од друга страна и за незалагањето на властите да инвестираат во него. Од агенцијата која е одговорна за промоција на туристичките капацитети на земјава, велат дека ја промовирале Попова Шапка, но ако ја прелистаме нивната веб-страница или фејсбук профил,...

Порталб: Метеж на Попова Шапка, дали жичарницата од Тетово е решение за проблемот?

Бројни автомобили и граѓани од земјава и регионот изминатиот викенд го блокираа патот Тетово - Попова Шапка. Се створи колона возила од околу седум километри, од селото Лисец до туристичката атракција, која за жал е запоставена и од централните и од локалните власти. Решението за сообраќајниот хаос граѓаните го гледаат во враќање на жичарницата Тетово-Попова Шапка, која работеше од...

Порталб: Министерството за економија не го открива потенцијалниот инвеститор во Попова Шапка

Од Министерството за економија велат дека процедурите за постигнување конечен правен договор за Попова Шапка во износ од 50 плус 50 милиони евра се во завршна фаза, но не соопштуваат детали за инвеститорот, бидејќи според нив ова е стратешка инвестиција и тоа е во интерес на постапката. Очекуваат со вакви инвестиции да се зголеми туристичката понуда во земјава и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...