fbpx
Таг: поплави

таг: поплави

Лошото време остави без струја 16 села во Албанија, големи поплави и во Италија

Лошото време предизвика 16 села во областа Лежа, северозападна Албанија да останат без струја. Како што јави „ТВ Клан Албанија“, силниот ветер ги оштетил далноводите во селата и од синоќа, овие области немаат електрична енергија. Оваа телевизија објави и дека во градот Корча, на југот на земјата, ветрот оштетил  многу дрвја и соборил покрив од станбена зграда, што можело да...

Климатските промени доведуваат милиони луѓе до ризик од ропство и трговија со луѓе

Сушите и поплавите во различни региони од светот предизвикуваат милиони луѓе да ги напуштат селските средини во кои дотогаш живееле и да постанат предмет на експлоатација во градовите, пишува весникот Гардијан. Новиот извештај на Меѓународниот институт за животна средина и развој и Anti-Slavery International открива дека климатските промени кои предизвикуваат екстремни временски непогоди, како што се суши, поплави или големи...

НАСА: Поради климатските промени, Месечината ќе предизвика поплави за десетина години во САД

Крајбрежните подрачја на Соединетите американски држави (САД) за десетина години ќе доживеат драматичен пораст на високи плими и поплави поради циклусот од Месечината, пренесува CNN. Наглиот пораст треба да започне во средината на 2030 година, кога месечевиот циклус ќе го зголеми покачувањето на нивото на морето како резултат на климатските промени, покажува новото истражување на членови на научниот тим...

Најмалку 81 жртва од поплавите во Германија, околу 1.300 лица се водат како исчезнати

Расте бројот на загинати и исчезнати лица во големите поплави што го зафатија западниот дел на Германија. Најмалку 81 жртва е пријавена досега, а најсилно се погодени двете германски покраини Северна Рајна Вестфалија и Рајнската област-Пфалц, јавува Гардијан. Германските медиуми јавуваат за загрижувачки бројки на околу 1.300 лица кои се водат како исчезнати, а властите водат напор да ги...

Врнежите предизвикаа излевање на Вардар, Крива Река и Пчиња, во Гостивар водата забранета за пиење

Неколкудневните врнежи од дожд во земјава предизвикаа драстично зголемување на нивоата на реките. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат за локални излевања на реката Вардар кај Рашче, на Крива Река и Пчиња во кумановскиот регион, како и на водотеци во охридскиот и во битолскиот регион. Тие известуваат и за појава на заезерени површини на рамниците во Пелагонија и...

Повторно ставени во функција двата багера за ископ на јаглен во рудникот Суводол

Се стабилизира состојбата во РЕК Битола, после големите поплави од минатата недела кои предизвикаат штети во рудниците за јаглен Суводол и Брод Гнеотино. „Ископот продолжува според предвидениот план за производство на електрична енергија, како и потребите на електроенергетскиот систем на земјата. Багерските единици СРс 630/1 и СРс 323 за ископ на јаглен во рудникот Суводол се повторно ставени во...

Поплавени куќи, улици под вода и преполнети канали во Кочанско

Интензивниот дожд што и натаму паѓа во Кочани и околината, предизвика излевање на одводните канали и канализацијата, по што се поплавени делови од градот и рамничарските села. Поплавени се куќи, посеви, а зафатени се и амбарите со сточна храна во селата Горни и Долни Подлог. Цели улици се под вода, поради што жителите побараа интервенција од Општина Кочани и јавното...

ЕСМ ќе ги санира последиците од поплавите во рудниците „Суводол“ и „Брод Гнеотино“

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјава во битолскиот регион предизвикаа големи поплави и хаварија на јагленовите откопни полиња во рудниците „Суводол“ и „Брод Гнеотино“ на РЕК Битола. Според податоците на стручните служби на РЕК Битола, во рудникот „Суводол“ се слеале околу 630.000 метри кубни вода, што претставува временски феномен, незабележан во последните 20 години, информираат од Електростопанство...

Тајфунот во Јапонија одзеде 70 животи, се трага по 12 лица

Спасувачите во Јапонија и денеска работат со крајни залагања, трагајќи по 12 лица што уште се водат како исчезнати по ударот на тајфунот во саботата. Последиците по градбите и инфраструктурата се огромни, а досега е потврдена смртта на речиси 70 лица. Силните ветришта и обилните врнежи од дожд што ги донесе тајфунот предизвика бројни поплави и лизгања на земјиштето. Хагибис во...

Несреќата кај Ласкарци, петта по број на жртви во поновата историја на Македонија (инфографик)

Автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 14 лица е петта по бројот на жртви во поновата историја. На црната листа води скопскиот земјотрес со околу 1.100 загинати и 3.000 повредени. По него следат авионските несреќи кои навистина биле бројни и крвави, а најголемата се случи на 22.11.1993 година кога патнички авион „Јак-42Д“ на „Авиоимпекс“ се урна поради грешка...

Усвоен елаборатот за проценка на штети од поплавите во Охрид

За обесштетување од невремето кое го зафати охридското крајбрежје на 17 март годинава ќе одлучува посебна комисија формирана во Владата. Елаборатот за проценка на штета кој го усвоија градските советници ќе биде испратен до Владата, односно до Републичката комисија за проценка на штети. За настаната штета од невремето кое беснееше со силен ветар со брзина и до 100 км/час, високи...

Општина Гази Баба одбележува две години од поплавите

Општина Гази Баба, денеска ќе одбележи две години од природната катастрофа со поплави во кои загинаа 22 лица, од реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново, кога на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Одреден дел од лица ги загубија животите на скопската обиколница. По тој повод градоначалникот на општина...

Четири жртви во поплави во Романија

Четири лица загинаа, а неколку стотици луѓе беа евакуирани поради обилните дождови што ја зафатија Романија во последниве денови. Маж кој поминувал река на коњ и една жена се удавиле од надојдените води, исто како и маж што бил однесен од водата додека собирал зеленчук. Четвртата жртва настрадала при уривање куќа која била оштетена од дождот. Во најтешко погодениот регион Ковасна,...

Најмалку 10 луѓе загинаа во поплава предизвикана од пукање на брана во Кенија

Најмалку десет луѓе загинаа, а илјада останаа без домови поради пукање на брана во Кенија. Несреќата која ја предизвикале обилните дождови се случила во градот Солаи, 190 километри оддалечен од претстолнината Најроби. „Водата одзеде животи и предизвика огромна штета на имотите. Обемот на штета треба да се утврди“, соопштија локалните власти. Кенискиот огранок на Црвен крст извести дека до сега се...

ЕЛЕМ: Нивото на Охридско Езеро не беше причина за поплава на крајбрежјето

Водата од Охридско Езеро стигна на крајбрежјето поради брановите, а не поради разликата во сантиметри во нивото на езерото, реагираат од ЕЛЕМ на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ. „Минатите месеци се карактеризираа со големи дотоци, при што состојбата се менаџира максимално одговорно, за да не се надмине максималната кота на Охридското Езеро од 694 мнв која е одобрена со водостопанската...

УХМР: Вардар излеан локално, внимателно движење покрај реките

Водостоите на реките се зголемени, а поради променливото време и честите промени на температурата, топењето на снегот продолжува со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од таму додаваат дека во горните текови на реките, се очекуваат постепени намалувања и стагнација, а низводно по теченијата, зголемување на водостојот. - Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците. Треба со внимателност...

Состојбата со водостите критична, можни се поплави во неколку котлини

На седницата на Управувачкиот комитет за справување со кризи, била согледана состојбата со водостоите на реките низ целата земја, при што членовите констатирале дека ситуацијата е најкритична во Северозападниот регион, во Пелагониската котлина, како и во Градот Скопје. Имајќи ги предвид најавите на Управата за хидрометеоролошки работи за нови врнежи од дожд, Управувачкиот комитет за справување со кризи на  седницата...

Поплавувања во горните текови на Вардар, Црна и Треска

Поплавувања има во горните текови на реките Вардар, Црна, Треска и нивните помали притоки, соопшти УХМР. Новите врнежи од 10 до 15 литри на квадратен метар што се најавуваат за следните 24 часа на планините Кораб и Шар Планина, ќе предизвикаат дополнителен притисок врз водотеците и суводолиците во овие региони. Во моментов, според информација од хидролошките станици, се гледа дека насекаде...

Почна расчистувањето на насипите во Вардар кај галиите

Град Скопје денеска почна со расчистување на насипите и градежниот материјал во коритото на реката Вардар во центарот на Скопје, односно меѓу мостот Гоце Делчев и Камениот мост. Активностите се со цел да се намали опасноста од излевање на реката Вардар при поголеми врнежи од дожд. - Насипите и градежниот шут во Вардар ја намалуваат проточноста на водата, а со тоа...

Црна река го поплави Бараковско Поле и населени места во Демир Хисар

Обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на голем број реки, кои поплавија  населени места во Тетово, Кичево, Македонски Брод, Демир Хисар. Вчера, Црна река во демирхисарско се излеа од своето корито и го поплави Бараковско Поле. Градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски информираше дека синоќа во соработка со месното население и ЈКП „Комуналец“, го расчистиле свлечиштето што го прекрил со кал локалниот...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...