fbpx
Таг: поплави

таг: поплави

Поплавите и пожарите ќе зачестат, Македонија подготвува документ за организирање на управувањето со кризи

Северна Македонија врши евалуација на заканите по безбедноста на Републиката од сите ризици и штети, одговорија од Центарот за управување со кризи на прашањата на Порталб.мк околу тоа дали се преземаат мерки за предупредувањата на Меѓународниот монетарен фонд, според кои земјата е изложена на климатски промени и природни опасности кои претставуваат значителен ризик за јавната безбедност и јавната инфраструктура....

Влијанието на климатските промени во пораст: пожарите се закана за шумите, а поплавите за нивите

Климатските промени и временските непогоди кои се резултат од нив најмногу ги погодуваат Вардарскиот, Источниот и Североисточниот регион, покажува Атласот на природни непогоди. Над 80 отсто или над 1400 случаи во периодот од 2005 до 2022 година се пожари, десет отсто се поплави, осум отсто се екстремни временски услови, а најмалку се одрони и свлечишта. Ова се податоците кои ги содржи...

ЦУК: Во исто време вчера во државата имаше и пожари и дожд

Посилни локални врнежи имаше прво во северниот дел од државата, што потоа се проширија во западниот дел на државата, а во исто време во југоисточниот дел на државата имаше пожари со засилен ветер заради што опасно брзо се ширеа, известува Центарот за управување со кризи. „Практично, вчера на терен имаше во исто време оган и дожд - на една страна...

Њујорк прогласи вонредна состојба заради поројни дождови и поплави

Во Њујорк e прогласена вонредна состојба поради силно невреме со поројни дождови кои предизвикаа поплави. Многу од градските подземни системи, улиците и автопатите се под вода, а најмалку еден терминал на аеродромот Ла Гвардија беше затворен во петокот пред подоцна повторно да биде отворен. „Ова е невреме опасно по живот. Прогласувам вонредна состојба низ Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон...

Централна Грција повторно погодена од катастрофални поплави

Невремето „Елиас“ ги погоди централните делови на Грција, и тоа само неколку недели по „Даниел“ кој зад себе остави пустош. Градот Волос, северниот дел на островот Евија и областа Тесалија повторно се погодени од поплави како последица на интензивните врнежи, пренесува весникот Катимерини. Грчките власти ги советуваат граѓаните да избегнуваат непотребни патувања, а жителите поминаа тешка ноќ, без струја и...

Расте бројот на загинати во поплавите во Либија, 30.000 луѓе останаа без покрив над глава

Над 30.000 лица останаа без живеалишта во катастрофалните поплави што го зафатија источниот дел на Либија. Извештаите за бројот на жртви варираат во голема мера и се движат меѓу 6.000 и 11.000 изгубени животи. Илјадници лица се водат како исчезнати, а градоначалникот на најпогодениот град Дерна стравува дека вкупниот број на загинати би можел да достигне 20.000, пренесе Би-би-си. Преживеаните...

Бројот на загинати во Либија расте, Црвен крст со апел до македонските граѓани за помош

Стравувањата се дека во либискиот град Дерна загинале 20.000 лица во катастрофалните поплави во изминативе денови, јавува Би-би-си. Овој крајбрежен град е претворен во руина од надојдените води, со уништени згради и возила, додека бројот на исчезнати лица во морето од поплавите е огромен. Најголема среќа во Дерна имале жителите од источните делови на градот, кои се наоѓаат на рид...

Бројката на загинати во поплавите во Либија се искачи на над 5.300 луѓе

Повеќе од 5.300 луѓе загинаа по поплавите во либискиот град Дерна, пренесува Би-би-си.  Силните поплави пукнале две брани во источниот крајбрежен град и со земја срамниле домови. Улиците се покриени со кал, урнатини и превртени возила. Меѓународната организација за миграција соопшти дека смртоносните поплави што ја погодија источна Либија раселиле повеќе од 30.000 луѓе. Агенцијата на ОН соопшти дека најмалку 30.000...

Големите поплави и пукањето на брани во Либија однесоа над 2.000 човечки животи

Медитеранската бура „Даниел“ предизвика катаклизмични поплави во Либија и пукање на брана, а се стравува дека досега животите ги загубиле над 2.000 луѓе. Однесени од пороите биле цели населби во повеќе крајбрежни гратчиња на истокот на земјата, јави Асошиејтид Прес. Најголемо опустошување се случило во Дерна, градот со кој претходно управуваа исламските екстремисти во судирите и граѓанската војна што се...

Бугарија, Грција и Турција бројат жртви од невремето, македонското МНР апелира на претпазливост

Силното невреме проследено со обилни врнежи во Грција, Бугарија и Турција предизвика човечки жртви, а македонското Министерство за надворешни работи попладнево упати апел до граѓаните да ги избегнуваат загрозените подрачја. Според информациите на Катимерини, најмалку две лица загинале, а тројца се исчезнати во невремето што ја зафати Грција. Најпогоден бил централниот дел на земјата, првенствено пристанишниот град Волос. Дождовите предизвикале...

НАТО директно не испраќа оружје во Украина, а во Словенија веќе испрати помош поради поплавите

Наспроти тврдењето во објавата, НАТО директно не испраќа оружје во Украина. Оружје и помош праќаат земјите-членки индивидуално, како и други земји кои не се членки на НАТО и тоа е јасно нагласено на веб-страницата на НАТО, а го има посочено и генералниот секретар Столтенберг. Не е вистина ниту тврдењето дека НАТО не испратил помош во Словенија која беше погодена...

Црвениот крст со донациски броеви за помош на Словенија

Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува жалење и сочувство до Словенија и до сите нејзини граѓани за загубите и штетите претрпени во поплавите. Од Црвениот крст велат дека се во комуникација со Црвениот крст на Словенија и согласно нивната проценка, веднаш им е понудена првична помош. „Од своите резерви, Црвениот крст на РСМ издвои средства во висина од 5.000...

За Словенија на помош заминуваат 100 македонски војници

Денеска на седница на Влада ќе ја донесеме формалната одлуката за испраќање на 100 војници од различен состав кои ќе одговорат на потребите на словенечката армија, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска Таа, исто така, рече дека војниците ќе бидат ставени на располагање на словенечката армија за расчистување на теренот во Словенија по катастрофалните поплави кои претходните денови ја зафатија...

Словенија се бори со штетите од најтешката природна катастрофа во земјата, се бара помош од ЕУ и од НАТО

Словенија продолжува да се бори со последиците од една од најтешките природни непогоди што ја зафатија земјата. Во поплавите загинаа најмалку шест лица а материјалната штета засега се проценува на околу 500 милиони долари, изјави владиниот портпарол за Си-Ен-Ен. Словенечкиот премиер Роберт Голоб во саботата рече дека поплавите што почнаа во петокот се „најлошата природна катастрофа што некогаш ја погодила“...

Хрватска воведе вонредна состојба, цивилната заштита е на готовс

Водниот бран од реките Сава и Мура, кој започна во Словенија, се прошири и во Хрватска. Цивилната заштита на Хрватска прати упатства до граѓаните за постапување. Денеска во 12 часот вонредна состојба беше објавена поради покачување на водот на 923 сантиметри кај водомерот во Ругвица, со најава за уште поголемо зголемување, информира Управата за цивилна заштита. Исто така, вонредна состојба...

Голоб: Словенија се соочи со „најголемата природна катастрофа“ во својата историја

Словенија се соочи со „најголемата природна катастрофа“ во својата историја, рече во саботата премиерот Роберт Голоб, откако разорните поплави предизвикаа штета проценета на 500 милиони евра (550 милиони долари), загинаа три лица и уништија патишта, мостови и куќи, пренесе Ал Џазира на англиски јазик.  Зборувајќи по состанокот на Советот за национална безбедност на земјата во саботата, Голоб рече: „За среќа,...

Пожарникарите во Словенија спасија 22 дечиња од поплавена градинка [галерија]

Пожарникарите на доброволното противпожарно друштво „Менгеш“ соопштија дека успешно ги евакуирале сите 22 деца од градинката Гобице во општината Менгеш во Словенија. На Фејсбук страницата на доброволното противпожарно друштво можат да се видат драматични фотографии од спасувачите кои ги извлекуваат децата од поплавата. „Ги известуваме родителите од градинката Гобица дека успешно ги евакуиравме сите 22 деца“, напишаа тие на Фејсбук. Станува збор...

МНР: Македонските граѓани да ги напуштат загрозените подрачја во Словенија

Министерството за надворешни работи (МНР) апелира сите граѓани на Северна Македонија да ги напуштат загрозените подрачја во Словенија, особено подрачјата покрај реките. Апелот на МНР следува откако оваа држава ја зафати големо невреме, поради што се затворени голем број на патишта и автопатишта низ целата земја. Министерството ги повикува граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа,...

Големо невреме ја погоди Словенија, поплавите предизвикаа материјална штета

Стотина противпожарни интервенции имало во Словенија од синоќа поради големите поплави предизвикани од обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата, пренесува Н1. Три кампови се евакуирани, а неколку села се отсечени. Поплавите ги зафатија Горењска, Корушка и Згорњесавинската котлина. Државниот хидрометеоролошки завод за денеска го вклучи портокаловиот аларм и за пет хрватски региони. Можен е прекин на електричната енергија,...

Суровоста на климатските промени: oд невреме и поплави до екстремни горештини [инфографик]

Обилни дождови, невреме и поплави, за само седум дена подоцна да биде прогласена портокалова фаза на високи температури. Две временски екстреми за многу краток период ја погодија Северна Македонија летово, што, според експертите, укажува на тоа дека и земјава го чувствува разорното влијание од климатските промени. Прогнозите за иднината на македонското поднебје се зачестени топлотни бранови и намалени ледени...

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...