fbpx
Таг: поплава

таг: поплава

Поплавен подвозникот под Јужен булевар

Циклонот Силвија го зафати Скопје со пороен дожд, ветер и град. Поројниот дожд што попладнево паѓаше дваесетина минути целосно го поплави подвозникот под Јужен булевар, кој е на главната сообраќајница кон населбата Црниче и сообраќајот е оневозможен. На терен интервенираат скопските пожарникари. Од УХМР велат дека дув ло ветер со брзина од 65 километри на час. Невремето засега е ограничено само...

Поплавувања во горните текови на Вардар, Црна и Треска

Поплавувања има во горните текови на реките Вардар, Црна, Треска и нивните помали притоки, соопшти УХМР. Новите врнежи од 10 до 15 литри на квадратен метар што се најавуваат за следните 24 часа на планините Кораб и Шар Планина, ќе предизвикаат дополнителен притисок врз водотеците и суводолиците во овие региони. Во моментов, според информација од хидролошките станици, се гледа дека насекаде...

Архивскиот материјал од Државниот архив не е оштетен, утврдила Владата

Архивскиот материјал кој се наоѓа во зградата на Државниот архив не е оштетен, утврдила комисија составена од претставници од Влада, Државниот архив и Јавното обвинителство. Увидот бил извршен на барање на министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска. Во увидот, како што информираат од Владата, учествувале и секретарот на Јавното обвинителство, Митко Митревски и заменик директорот на Државен...

Водостоите на сите реки се уште се високи, информираат од УХМР

Врнежите и топењето на снегот од планинските предели предизвикаа покачувања на водостоите на целата територија на земјава, информираат од УХМР. Од таму додаваат дека и денеска, особени покачувања и излевања на водите има во сливовите на реките Вардар и притоките во горниот тек, Треска и нејзините притоки, Радика, Црн Дрим, Сатеска, Голема река, Црна река. „Од горните сливови притисокот се префрла...

Згрижени семејствата од Кичево чии што домови беа поплавени

Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа, Кичево и Црвениот крст денеска ги посетиле поплавените населени места во Кичево и утврдиле дека, иако првичната бројка беше дека станува збор за 70-на куќи, од увидот се констатирало дека бројката ќе биде повеќе од 100 поплавени куќи. „Во моментов ЦСР Кичево прави увид на сите поплавени куќи и по завршувањето...

Поројните дождови причинија материјална штета во Полошкиот регион

Поројните дождови во Полошкиот регион поплавиле подруми од куќи и згради и предизвикале уривање на потпорен ѕид врз покрив од куќа, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. „Околу 20 часот на улицата Прохор Пчински, како последица на дождот се лизнал и урнал потпорен ограден ѕид со висина од пет до шест метри и должина од 10 метри врз покривот од...

Поплава на меѓународниот терминал на ЏФК во Њујорк, одложени повеќе летови

На аеродромот ЏФК во Њујорк се случила поплава во одделението за багаж при што поплавени биле багажите на патниците. Неколку меѓународни летови од Терминалот 4 се одложени на неодредено. Терминалот бил делумно евакуиран, откако голема количина вода се слеала низ ѕидот на терминалот. Засега нема пријавно повредени, а се уште не е позната причината за истекувањето на водата. Терминалот 4 е главен терминал...

Владата ќе испрати хуманитарна помош за поплавите во Албанија

Владата ја разгледала информација доставена од македонската амбасада во Тирана за состојбите во Република Албанија по големите поплави и одлучи да испрати хуманитарна помош. „Владата ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи и другите надлежни институции во рок од три дена да достават предлог-решение за испраќање хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите“,...

Бројот на загинати во поплавите во Грција достигна 19 лица

Грчките власти соопштија дека се пронајдени тела на уште три жртви во поплавите што ја погодија Атина и дека бројот на загинати достигнал 19 лица. Пожарникарната служба наведе дека телото на еден човек било пронајдено денеска на земјиште во сопственост на фабрика. Крајбрежната служба објави дека патролен брод пронашол тела на две лица во морето. Сè уште не се знае дали тие тела се...

Интензивните дождови поплавиле театри, музеи, библиотеки и културни центри

Министерството за култура констатирало дека при поинтензивни дождови, неколку културни установи во државата се соочуваат со прокиснување на покривите, поплави и со сериозни последици. Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, денеска направил увид во Музејот на современа уметност во Скопје, а заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, ги посетил објектите на Драмскиот театар и на Музејот на Македонија. „Во Драмскиот театар уште денеска...

Сè поголем бројот на загинати во поплавите во Атина

Најмалку 14 лица загинаа во големите поплави кои се случија во близина на Атина, пренесуваат грчките медиуми. Спасувачките екипи во текот на денот пронашле 12 тела – осум мажи и четири жени во атинско предградие Мандра, додека двајца мажи биле пронајдени мртви во морето. Според грчките власти, во поплавите повредени се најмалку 13 лица, кои се пренесени во болница, а дека...

Бурата „Харви“ го остави Тексас под вода, крајбрежјето опустошено

Тропската бура „Харви“ го опустоши крајбрежниот дел на Тексас и до сега усмрти најмалку три лица, евакуирани се најмалку 2.000 луѓе, а повеќе стотици се без струја. На помош пристигна и американската Национална гарда. -Состојбата е тешка, а ќе биде уште полошо – предупреди гувернерот на Тексас, Грег Абот. За спасување на жителите од поплавените куќи ангажиранi се 40 чамци, а...

Една година од поплавите во Скопско во кои 22 лица ги загубија животите

Пред една година невремето предизвикано од обилни дождови и силен ветер во Скопскиот Регион кај населените места Стајковци, Смиљковци, Синѓелиќ, Ченто, Црешево предизвика поплави во кои загинаа 22 лица, десетици беа повредени, а причинета беше голема материјална штета. Граѓаните од целата држава се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите, а 8 август 2016 беше прогласен за Ден на...

Поплавен рудник во Русија, се евакуираат 150 лица

Рудникот Мир во рускиот град Мирни е поплавен, а во тек е евакуација на околу 150 лица, јавуваат руските медиуми. - Околу 150 лица се наоѓаат во рудникот. Во тек е евакуација - соопшти министерството за вонредни состојби. Ова е втор инцидент во последната недела во рудникот Мир, со кој раководи компанијата „Алроса“. Едно лице загина на 29 јули, откако одрон ја...

Поплава разори село во Велика Британија

Голема поплава вчера го опустоши Корнвол во Велика Британија. Уништени се куќи во селото Коврак, каде со хеликоптери се спасувало загрозеното население. Локалните жители велат дека крајбрежното подрачје во попладневните часови било зафатено од силни дождови и од град. Невремето траело околу два часа, а нивото на водата во некои места достигнало и до метар и пол. Брзаците ги поплавиле куќите...

18 жртви и многу исчезнати во поплавите во Јапонија

Најмалку 18 лица загинаа, а 27 се водат како исчезнати во поплавите што го погодија југот на Јапонија, соопштија јапонските власти. Островот Кјушу е опустошен откако реките се излија од коритата, а водата однела делови од патиштата, куќите и од училиштата. Повеќе од илјада луѓе се евакуирани и префрлени во привремени засолништа во школски сали и во јавни згради, но голем дел се...

Владата ќе одржи седница на која ќе расправа за штетите во поплавените подрачја во Порој

Владата денеска ќе ја одржи третата седница со почеток во 18.30 часот. На седницата ќе се расправа за преземање соодветни мерки и активности за заштита на граѓаните од настанатите штети во поплавените подрачја во Порој, Тетовско.

Владата почнa постапка за разрешување на Зврлевски

Новата Влада на својата втора седница, што се одржа денеска, донела одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Одлуката за разрешување на Зврлевски, како што соопштија попладнево од Владата, била донесена поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, а предлогот, се додава во соопштението, ќе биде доставен до Советот на јавни обвинители кој треба да...

Поплавите во Иран усмртија 17 лица

Најмалку 17 лица загинаа, а 20 се водат како исчезнати во поплавите во Иран кои се последица на поројните дождови. Како што објави иранската државна телевизија, загинатите се од северозападниот дел на земјата, односно од градовите Ајабшир и Азаршар. Екипи на Црвената полумесечина, полицијата, војската и здравствени работници од раните утрински часови му помагаат на загрозеното население.

#Одговорност е oбиколница што не предизвикува поплави

Скопската обиколница во поплавата што ги погоди североисточните делови на Скопската Котлина на 6 август годинава, се претвори во апокалиптичен соучесник на надојдените води. Кај Стајковци таа насобра вода која однесе човечки животи и нанесе огромни штети на објекти и на автомобили и засекогаш го измени животот на илјадници жители на Стајковци и на другите населени места во близината. Воопшто...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...