fbpx
Таг: поплава

таг: поплава

Пожарите и поплавите – најчести природни непогоди во земјава во последните две децении

Пожари и поплави се најголемиот дел од природните непогоди кои се случиле во С. Македонија во периодот од 2005 до 2023 година, покажува Анализата на екстремни временски настани која ја изработи Центарот на климатски промени. Само на овие две непогоди отпаѓаат над 90 проценти од природните катастрофи што се случиле во земјата. Анализираните податоци откриваат дека пожарите и поплавите...

Бурата „Киаран“ ја зафати Европа: Петмина загинати во Италија, над 800 евакуирани во Шпанија

Бурата „Киаран“ предизвика природни катастрофи низ Европа. Според Гардијан, забележани се пет смртни случаи во Италија, еден во Франција, а во Шпанија се евакуирани над 800 луѓе откако избија неколку пожари кои брзо се шират поради силните ветрови на бурата. Дополнително, забележани се поплави во Словенија и Хрватска, вклучително и во Загреб, каде што се излеа реката Сава. Од Индекс...

По седум часа, патот меѓу Градско и Прилеп отворен за сообраќај во двата правца

По седумчасовениот пркеин на сообраќајот на магистралниот пат Плетвар поради поплава и одрони, патот е пуштен во двата правца по 14 часот попладнево, соопштија од Центарот зa управување со кризи (ЦУК). Утрово најдраматично беше на клучката кај мотелот Дреново, каде од обилните врнежи од дожд се излеа Раечка река кај село Раец, а водата носеше сè пред себе. „Водите на Раечка...

Прекинат сообраќајот на патот Градско-Прилеп поради поплава

Сообраќајот на регионалниот пат Градско-Прилеп утринава е во целосен прекин поради поплава, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). На клучката кај м.в.„Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи. Од ЦУК велат дека се преземаат мерки за расчистување и на терен се тим од Полициската станица Градско и екипа...

Нема докази дека Украина ја бомбардираше браната Каховка

-Во услови кога Украина и Русија се обвинуваат меѓусебно за тоа кој ја срушил браната, а се најавуваат и истраги за тоа. -Факт е дека Украина немала пристап до браната и дека таа е под контрола на руските војници. Понатаму, експерти посочуваат дека браната не може да биде уништена со гранатирање, бидејќи има силна конструкција и многу веројатно е дека...

Првични реакции: Разнесувањето на браната Нова Каховка на Дњепар е опасен преседан

Ноќта на 06.06.2023 беше разнесен голем дел од огромната брана на Дњепар во близина на Нова Каховка во јужна Украина, со што војната во Украина доби нова, досега невидена форма која вклучува екоцид, т.е. еколошка катастрофа, а и двете страни и Русија и Украина тврдат дека тоа го сторила спротивната страна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Нагазни мини плутаат во поплавените населени места во Украина

Уривањето на големата брана во Херсон на југот на Украина ќе има катастрофален ефект врз лоцирањето на нагазни мини, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст, пренесе Би-би-си. Ерик Толефсен, шеф на Единицата за контаминација со оружје на Црвениот крст, предупреди дека мините расфрлани во поплавата предизвикале голема загриженост не само за жителите на Херсон, туку и за оние кои доаѓаат...

Над 80 градови и села поплавени по уништувањето на браната во Украина

По уништувањето на браната Каховка во регионот Херсон, вчера, поплавени се веројатно 80 градови и села, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој за уништувањето на браната ги обвини Русите. Водата истекува во реката Днипро и може да предизвика катастрофална поплава во градот Херсон. Откако Зеленски вчера ги обвини Русите за уништувањето на хидроцентралата која е на браната, а се наоѓа...

ГОБ „8 Септември“: Немавме поплава во Одделот за неврологија, имавме мал дефект на водоводната цевка

Најодговорно ги демантираме гласините за „поплава во просториите за интензивна нега“ на Одделот за неврологија, пишува во демантот испратен од раководството на Градската општа болница „8 Септември“, откако беше објавено дека се случила поплава во интензивниот оддел на неврологија. „Всушност, се работи за саниран мал технички дефект на водоводната цевка. Одделот за неврологија функционира непречено, со давање соодветна здравствена заштита...

КАРИЛ го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Невремето не ја поплави клиниката

Поплавите по невремето во Скопје на 30 август не ја поплавија Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, туку предизвикаа дефект во дел од инсталациите, соопштија од Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ. Тие ги демантираат објавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за состојбата на оваа Јавна здравствена установа. Додаваат дека не е точно оти пациентите кои се згрижени на КАРИЛ се препраќани во...

Контраспин: Едно невреме, спинови безброј

Oколу невремето во Скопје имаше спинови од двете главни политички партии во земјата – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што, од она што го забележавме во јавноста, преовладуваат спиновите од ВМРО-ДПМНЕ. Но, имаше и голем број спинови и на социјалните мрежи, а злоупотребата на невремето отиде дотаму што за поплавениот подрум во ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести,...

Невреме попладнево во Скопје, откорнати дрвја и поплавени улици [фото]

Невреме со силен ветар, град, дожд и грмотевици попладнево го зафати Скопје околу 17 часот. Паднати дрвја и билборди, оштетени покриви, поплавени улици и објекти веќе се пријавуваат од граѓани на социјалните мрежи во општините Центар, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и Бутел. Од Центарот за управување со кризи информираат дека граѓаните на телефонскиот број 112 пријавуваат паднати дрва, откорнати...

Пожар кај Ѓавато, поплава во Кочани

Пожарот кај место викано Погана на југот на земјава е активен и се движи од село Ѓавато кон село Грчиште. Кај Ѓавато е запрен на 100 до 200 метри од селото, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Освен тоа, вчера имало и поплави на повеќе објекти во општина Кочани, каде што исто така екипите на ЦУК интервенирале. „На...

Одрон и поплава го затворија регионалниот пат Росоман- Прилеп

Регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај месноста викана „Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот, информираат од АМСМ, а од Центарот за управување со кризи велат дека од утрово изведувачот на новиот пат работи со механизација за расчистување на патот. Причина за одроните се интензивните врнежи од дожд во последните неколку денови, заради кои дел од патот е...

Апокалиптични сцени од поплавите во Британска Колумбија: 18.000 луѓе се отсечени од светот

Екипите на брзата помош се обидуваат да стигнат до 18.000 луѓе во канадската провинција Британска Колумбија, кои беа отсечени откако поплавите и свлечиштата уништија патишта, куќи и мостови, објави Гардијан. Канадските медиуми веќе објавија дека тоа би можело да биде најскапата природна катастрофа во историјата на Канада. Премиерот на Британска Колумбија, Џон Хорган прогласи вонредна состојба и рече дека бројот на...

РЕК „Битола“ работи само со еден блок, обилните врнежи ја отежнаа работата на рудниците

Од утрово во прекин е работата на блокот 2 од битолската термоелектрана, а во моментов производството на електрична енергија продолжува од блокот 3, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Обилните врнежи од дожд, чија количина од над 100 литри на метар квадратен предизвикала надоаѓање на вода и застој во подготовките за поместување на траките кои го пренесуваат јагленот...

Пукнала цевка во СЈО, поплавени дел од доказите за „Империја“, „Триста“ и „Шпион“

Дел од доказите за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“ на Специјалното јавно обвинителство биле поплавени, откако пукнала цевка од парното во објектот каде е сместено СЈО. Од СЈО за емисијата „360“ на „АлсатМ“ потврдија дека минатата недела се случила поплава во нивниот објект и биле зафатени дел од документите собирани како докази за три предмети. „Точно е дека поради дотраеност на...

Поплавени куќи во кавадаречко Возарци

Невреме со поројни дождови го зафати кавадаречкото село Возарци, каде има поплавени куќи и подруми, јави МИА. Претседателот на месната заедница, Зоран Силјанов информира за МИА дека во моментов трае извлекувањето на надојдената вода со пумпи, а интервенира територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Обилни врнежи од дожд  проследени со грмотевици ја зафатија Тиквешијата од доцна синоќа, а дождот сè уште паѓа.

Општина Гази Баба одбележува две години од поплавите

Општина Гази Баба, денеска ќе одбележи две години од природната катастрофа со поплави во кои загинаа 22 лица, од реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново, кога на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Одреден дел од лица ги загубија животите на скопската обиколница. По тој повод градоначалникот на општина...

Стотици луѓе исчезнати откако попушти брана во Лаос

Стотици луѓе се водат како исчезнати откако се урна брана во источниот дел на Лаос, а насобраната вода поплави шест села и стотици луѓе се исчезнати, јави државната новинска агенција. Браната во провинцијата Атапе се урнала синоќа, а а поплавата ги уништила живеалиштата на 6.600 луѓе. Засега официјалната бројка на загинати е десетина, но стотици луѓе се исчезнати. Браната била пред...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...