fbpx
Таг: попис

таг: попис

Не е точно дека никогаш не постоела македонска нација

Факт е дека Македонците се посебен и автохтон народ што го населува историско-географскиот регион Македонија. Македонскиот народ ја искажувал и ја докажувал научно посебноста на својот историски, културен, јазичен, политички идентитет во континуитет, а особено во текот на 19 и 20 век, во текот на својата борба за национално ослободување и државно осамостојување. Првото заседание на АСНОМ одржано на...

Османи со повик до Македонците во Албанија: Слободно изразете ја вашата етничка припадност на пописот

Ги повикувам Македонците во Албанија слободно да ја изразат својата волја и да ја потврдите вашата етничка јазична и идентитетска припадност, апелираше министерот за надворешни работи Бујар Османи во видео-обраќање до Македонците во Албанија каде се спроведува пописот на населението. „Ви се обраќам затоа што сакам да бидете уверени дека овој попис овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, јазична...

МНР ги охрабрува Македонците во Албанија слободно да ја изразат својата етничка припадност

Сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност на претстојниот попис во соседна Албанија кој почнува утре, 18 септември, соопшти Министерството за надворешни работи. „Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, на начин како тоа е постигнато во Северна Македонија, и кое претставува непроценливо автентично политичко и културно наследство“, велат...

Опаѓа бројот на млади во земјава, институциите не одвојуваат доволно средства за нив

Бројот на млади во земјава опаѓа, а државните и општинските институции не одвојуваат доволно средства за спроведување на политиките за млади. Ова се главните заклучоци на двете анализи за млади и младински политики кои во пресрет на Меѓународниот ден на младите - 12. Август, денеска беа промовирани од Фондацијата за демократија на Вестминстер. Организираната конференција за млади беше проследена...

Премиерот Ковачевски ги повика Македонците во Албанија слободно да се изјаснат на пописот

Премиерот Димитар Ковачевски ги повика Македонците во Албанија слободно да се изјаснат на пописот како Македонци и да не подлегнуваат на притисоци ако ги има. Изјавата следува откако македонската заедница обвини дека Бугарија врши асимилација на македонското малцинство, преку продажба на бугарски пасоши. Ковачевски денеска посочи дека Македонците во Албанија се веќе етаблирана заедница во земјата која има своја...

Пописот откри колку луѓе со попреченост живеат во општините, на ред се градоначалниците да им обезбедат услови

На возраст од 0 до 14 години во државата има 1.674 деца со попреченост, 43,5 отсто се луѓе на возраст од 15 до 64 години, а 54,8 отсто се на возраст од над 65 години. На пописот, 38.499 луѓе се изјасниле дека имаат проблем со движењето, 12.371 рекле дека имаат проблеми со видот, 5.947 со слухот, 3.896 со комуникацијата,...

Во земјава има 6.037 доктори на науки и 18.897 неписмени лица

Во С. Македонија, 6.037 лица (0,4 отсто) се со докторат, 23.192 лица (1,5 отсто) немаат никакво образование, а пак, 62.129 лица (4,1 отсто) се со незавршено основно образование. Ова го покажува евиденцијата на Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во државата. „Според писменоста, регистрирани се...

Попис 2021: Бугарско државјанство имаат помалку од 20.000 жители во земјава

Околу три проценти од резидентното население во земјава има двојно државјанство, а најголемиот дел од нив имаат покрај македонско имаат и бугарско државјанство, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика добиени од Пописот 2021. Бројките покажуваат дека 19.761 лица од резидентното население во земјава имале бугарско државјанство. Притоа, 19.645 лица имале двојно, македонско и бугарско државјанство, додека 116 лица...

Резултатите од пописот ќе бидат објавени во законскиот рок, уверува Селами

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
Иако во Државниот завод за статистика (ДЗС) најавија дека резултатите од пописот ќе бидат објавени на крајот на 2021 година, тие сè уште не се објавени. Како што за Порталб.мк изјави заменик-директорот на ДЗС, Илми Селами, резултатите секако ќе бидат објавени во законскиот рок, но не може да се предвиди конкретен датум или период кога тоа ќе се случи,...

До 20 часот вчера попишани биле вкупно 1.460.552 лица, непопишаните треба да одат во Пописните комисии

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Денеска е 21. ден од Попис 2021 и до крајот остануваат уште пет дена пописни активности. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија,...

ДЗС: Досега се попишани 711.418 граѓани во земјата и 193.054 од дијаспората

До 20 часот вчера, во рамки на пописот се попишани вкупно 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС). Истовремено, 193.054 македонски државјани кои живеат во странство или таму имаат времен престој се самопопишале преку интернет апликацијата почнувајќи од април годинава па заклучно со вчера. Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава почна на 5...

Вистиномер: Социјалните мрежи преплавени со дезинформации за пописот

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
По две децении во Северна Македонија кончено се изведува пописот на населението и домаќинствата. За жал, оваа статистичка операција доби политичка позадина и на социјалните мрежи има премногу дезинформации и повици за бојкот, како и навреди кон попишувачите, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што ја пренесуваме во целост: Пописот започна да се спроведува на 5 септември и според првичните информации...

ДЗС: Заклучно со вчера, попишани се 308.551 граѓани

Државниот завод за статистика (ДЗС) ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо. „Заклучно со вчерашниот ден, 11 септември, до 20 часот, попишани се 308. 551 лице. Само вчера беа попишани 114.308 лица.Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се...

ДЗС: Во првите четири дена попишани 200.000 граѓани

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој започна да се спроведува на цела територија на државата на 5 септември се одвива со голема поддршка и интерес од граѓаните, информираат од Државен завод за статистика. „Потврда за тоа е големата бројка на попишани граѓани. Само во првите четири дена со попишувањето се опфатени повеќе од 200.000 граѓани. Државниот завод за статистика...

На првиот ден од пописот се попишале речиси 95.000 граѓани

На првиот ден од пописот, 5 септември 2021 година до 20 часот се опфатени 94.975 лица, 28.594 домаќинства и 37.544 станови, објави Државниот завод за статистика. Ваквите бројки премиерот Зоран Заев ги оцени како исклучителе успех на стартот на пописот во земјав кој не е одржан две децении. „Вчера се чуствував горд граѓанин во оваа наша земја, затоа што после 20...

ЦИВИЛ: Повиците за бојкот на пописот се кривично дело

Конечно, по речиси две децении, ќе се одржи попис на населението кој нема политичка димензија, туку е статистичка операција која им е потребна на луѓето, на институциите, на бизнисот и на општеството во целост, соопштија од Цивил – Центар за слобода. Оттаму ја осудуваат политизацијата на процесот, а за повиците на бојкот потенцираат дека се кривично дело. Цивил спроведува мониторинг...

Маричиќ: Пописот ќе биде спроведен безбедно, тоа е најважната статистичка операција од осамостојувањето до денес

Министерот за правда Бојан Маричиќ во својата видео-порака по повод почетокот на теренскиот дел од пописот, кажа дека ова претствавува најважната статистичка операција спроведена од осамостојувањето до сега. Тој потенцираше дека пописот ќе биде спроведен безбедно, почитувајќи ги највисоките стандарди за спречување на ширењето на ковид-19. „Попис не е спроведен речиси 20 години. Ваквата состојба едноставно повеќе е неодржлива и...

Пописот почнува утре, по пауза од 20 години повторно евиденција на населението и имотите на домаќинствата

Пописот на населението, домаќинствата и нивниот имот почнува утре. Ова е прва статистичка операција во последните 20 години, откако неколку пати досега имаше обид да се направи попис. Последниот обид беше пролетва, кога пописот почна со електронско попишување на дијаспората, но потоа беше прекинат, поради стравувања за дополнително ширење на корона вирусот. Всушност, пописот на терен не ни почна,...

Вистиномер: Спиновите околу пописот укажуваат на силна заложба тој да пропадне

Пописот што претстои одново е обвиен со дезинформации во јавноста, што преку „народните групи“ на социјалните мрежи, што преку политички партии. Заедничка нишка, што може да се издвои, е крајната цел – делегитимација на владата предводена од СДСМ и ДУИ преку настојување пописот да биде неуспешен, а не самиот попис. На тој начин, пописот е само корисна алатка во...

Контраспин: Спиновите како „статистичка операција“ против пописот

Ако се погледне историјатот на барањата за одложување на пописот на населението што треба да го спроведе власта под раководство на СДСM и ако се погледнат аргументите и „аргументите“ при секое такво проблематизирање на пописот, не изненадува и сегашното барање од страна на ВМРО-ДПМНЕ за електронски попис на само 10 дена пред спроведувањето на истиот. И повторно, со аргументи...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...