fbpx
Таг: поништување

таг: поништување

Уставниот суд пресуди: Работниците на патните Коридори 8 и 10 нема да работат 60 часа неделно

Градежните работници кои ќе бидат ангажирани при изградбата на автопатите долж Коридорите 8 и 10 нема да работат 60 часа неделно, односно за 20 часа подолго од вообичаеното неделно работно време во земјава. Уставниот суд на денешната седница го укина членот 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница:...

МКЦ го поништи конкурсот за идејно-графичко решение „50 години МКЦ“

По острите реакции на социјалните мрежи во однос на Конкурсот за избор на идејно-графичко решение и визуелен идентитет за „50 години МКЦ“, од Младинскиот културен центар (МКЦ) попладнево соопштија дека се одлучиле да го поништат конкурсот и да се заблагодарат на сите 51 апликант кои ги доставија своите трудови на Конкурсот. „Со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по...

Уставен суд го отфрли барањето на Каракамишева за поништување на Преспанскиот договор

На својата трета седница за годинава, денеска Уставен суд го отфрли барањето да се поништи Преспанскиот договор, поднесено од професорката Тања Каракамишева во 2019 година. Каракамишева побарала „заштита на слободите и правата“, односно навела дека е „повредено правото на забрана од дискриминација по основ на национална припадност и правото на слобода на уверување, совеста, мислата и јавното изразување на мислата...

Управниот суд ги поништи изборните резултати од две избирачки места во Дебар и Шуто Оризари

Тужбите на Алијансата на Албанците и Алтернатива за Дебар и на движењето Одлучно за промени за Шуто Оризари се прифатени од Управниот суд, што значи дека во недела во овие две општини ќе има прегласување за првиот круг на по едно избирачко место. Во општина Дебар, поништени се резултатите за избирачкото место бр.0543 за гласањето за членови на општински совет...

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе почне кампања за собирање потписи за поништување на Законот за попис

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска информираше дека опозициската партија утре ја започнува кампањата за собирање потписи со цел поништување на Законот за попис, упатувајќи апел до граѓаните да се приклучат на ваквата иницијатива која ќе резултира со поставување штандови насекаде низ државата. „Ние започнуваме уште од утре насекаде низ Македонија да ги собираме овие потписи, затоа ги охрабруваме граѓаните...

ВМРО-ДПМНЕ од утре почнува со постапката за поништување на Законот за попис

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ планира да ја спроведе иницијативата за собирање на потписи од граѓаните за поништување на Законот за попис, како што најави уште пред неговото донесување во Собранието. Законските процедури започнуваат од утре, а собирањето на потписите на почетокот на март, изјави денеска претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, при средбата со занаетчиите во Старата Скопска чаршија. Одговарајќи на новинарско...

Поништен тендерот за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка, ќе се распишува нов

Владата се одлучи да го поништи тендерот за избор на изведувач за изградба на втората фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Северна Македонија и Бугарија. За изградба на пругата долга 34 километри меѓу Бељаковце и Крива Паланка од Коридорот 8 ќе се распишува трет по ред тендер за пронаоѓање на најповолен понудувач, но овој пат ќе се бара...

Заев ја повлече одлуката, администрацијата и понатаму ќе има флексибилно работно време

Вработените во јавната администрација од утре ќе продолжат да работат по флексибилно работно време. Премиерот Зоран Заев не ја потпиша вчерашната владина одлука за воведување на фиксно работно време на вработените од органите на државната управа од 8 до 16 часот. Ова значи дека административците од утре (1 октомври) ќе продолжат да функционираат со флексибилното работно време од 7:30...

Министерството за транспорт и врски потврди дека нема да се градат „Шпанските скали“ на плоштад

Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, ја одби жалбата на инвеститорот Амадеус Девелопмент ДООЕЛ за изградба на „Шпанските скали“, со што на сила останува решението издадено од општина Центар за ништовност на одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“, информираат од општина Центар. Инаку, општина Центар, на 12.5.2020 година, донесе решение со кое го огласи за ништовно одобрението...

Булеварот „Илирија“ во Тетово – далеку од она што беше ветено

Централниот дел на Тетово, иако е реконструиран, е далеку од она што беше ветено пред повеќе од две години од градоначалничката на Тетово. Денес овој плоштад е узурпиран од улични продавачи, а поголемиот дел од ветената работа не е завршена. Од општината вината за непочитување на договорот ја префрлуваат на компанијата - изведувач. Тие пак ги негираат тврдењата на...

ЗНМ бара да се поништи конкурсот за нови членови на Надзорниот одбор на МРТ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара да се повлече одлуката на Програмскиот совет на МРТ за распишување на јавен конкурс за избор на членови на Надзорниот одбор на јавниот радиодифузен сервис во услови кога мандатот на членовите на овој совет е истечен. „Мета.мк“ вчера објави дека на 17 јануари на веб - страница на МРТ е објавен јавен конкурс...

Владата ќе ја поништува лустрацијата и ќе ги обесштетува лустрираните

На вчерашната 172 седница, Владата го утврдила текстот на Предлог-законот за поништување на сите решенија за лустрација, како и обесштетување на лустрираните. Ако се изгласа вчера предложениот текст, стануваат ништовни сите решенија на Комисијата за верификација на фактите, што беше формирана во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, која е коалициски партнер и во новата власт. „Со новото предложено решение,...

Регионална депонија во Дебарца нема да се гради

Второстепената владина комисија го поништи решението што предвидуваше во атарот на село Годивје во Општина Дебарца да биде избран за локација на која ќе се гради регионална депонија со постројка за третман на отпадот. Предметот повторно е вратен на разгледување во Министерството за животна средина и просторно планирање. Причина за ваквата одлука е тоа што не биле запазени законските...

Нов тендер за автопатот Скопје – Блаце поради прескапа прва понуда

Јавното претпријатие за државни патишта го поништи тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Наредниве денови ќе се објави втор по ред тендер за изградба на првите 2 километри од целокупната траса долга 12,5 километри. - До крајниот рок за доставување на понуди поднесена е една понуда која го надминува буџетот...

Општина Аеродром ќе ја преиспита одлуката за договор од 73.000 евра со маркетинг агенција

Откако телевизијата 24 објави дека градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин склучил договор од 73.000 евра со агенцијата „Меккен“ за информирање на јавноста за активностите на општината и за градење на нејзиниот имиџ за една година, Општина Аеродром денеска соопшти дека е донесена одлука да се преиспита договорот. „Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните...

ЗНМ бара да се повлече обвинението против Кежаровски

Откако Врховниот суд го врати предметот за новинарот Томислав Кежаровски на повторно судење, денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли, обвинението против новинарот. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, соопшти дека утрово ја разгледале одлуката на Врховниот суд за предметот на Кежаровски и едногласно...

Уставен суд ќе одлучува за референдумот

На денешната седница Уставниот суд треба да се произнесе за иницијативите за референдумот што ги поднесоа „Левица“ и  Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за референдумот и времено да бидат стопирани активностите поврзани со него. Подносителите сметаат дека одлуката за референдумот не е во согласност со Уставот, Законот за референдум и, како и со воспоставените европски...

Филипче: Министерството за здравство го поништи тендерот за набавка на реагенси

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека на тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи со отстапување на потребната опрема (анализатори) на бесплатно користење за потребите на Јавните здравствени установи, се јавил само еден економски оператор кој има недостатоци во поднесената документација. - Интензивно работевме на евалуација на понудата од моментот...

Поништен конкурсот за откуп на класични композиции за 2017 година

Министерството за култура соопшти дека конкурсот за откуп на класични композиции за 2017 година, објавен на 6 април минатата година, се поништува поради административни пропусти во неговото спроведување. Конкурсот ќе биде повторен. Министерството ќе поведе соодветни дисциплински постапки за службите задолжени за спроведување на конкурсот, за да се утврди одговорноста за направените пропусти. Според соопштението, објавените резултати на 18 јануари годинава...

ЛП: Законот за јазиците е неважечки

Либерална партија (ЛП) смета дека Законот за употреба на јазиците е донесен вон процедура и дека не е важечки, образложувајќи дека ситуацијата е таква поради прекршувањето  на процедурата. Од партијата велат дека откако претседателот на Република Македонија не го потпиша указот при првото изгласување, Собранието имало рок од 30 дена за да ги усвои амандманите и да го изгласа или...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...