fbpx
Таг: помош

таг: помош

Тим од МВР ќе помага на бугарските колеги во истрагата за причините за автобуската несреќа, информираше Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека тим од МВР веќе се упатиле кон Бугарија, за да помогнат во истрагата за несреќата. „По телефонскиот разговор со мојот бугарски колега Бојко Рашков, тим на Министерството за внатрешни работи предводен од помошник директорот на униформирана полиција, а составен од претставници на Секторот за сообраќајната полиција и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и...

Бугарија бара помош од ЕУ за респиратори и кревети за интензивна нега

Бугарија го активира Механизмот за цивилна заштита на ЕУ поради проблематичната ситуација со Ковид-19 во земјата. Портпаролот на Комисијата рече дека властите побарале низа медицински предмети преку механизмот, вклучувајќи значителна количина вентилатори, монитори за пациенти, кревети за интензивна нега и маски за кислород, објави Еурактив. Механизмот за цивилна заштита е наменет за брза меѓусебна помош при природни катастрофи, индустриски несреќи...

Со естонска помош, започнува проект за унапредување на дигитализацијата во земјава

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска одржа прес-конференција за претставување на проектот за унапредување на дигитализацијата во Северна Македонија, што ќе се спроведува под координација на Секретаријатот за европски прашања со финансиска поддршка од САД и Естонија и експертска поддршка од Естонскиот центар за меѓународен развој. Димитров и претставничката на Естонскиот центар за меѓународен развој Кадри...

Германски експерти од Федералната криминалистика ќе помогнат околу истрагата за несреќата во Тетово

Германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt) пристигнуваат деновиве во Северна Македонија за да ја помогнат истрагата околу несреќата во Тетово, информираат од Владата на РСМ. „Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за...

Владата прогласи тридневна жалост и апелира да се одложат сите јавни и приватни прослави или партиски промоции

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава. За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а...

Помошта при непогоди – солидарност во систем

Македонската јавност до пред некој ден, разбирливо, беше преокупирана со борбата против пожарите. Тие зазедоа такви размери што со нив не можевме да се справиме сами, па побаравме помош. Според податоците досега објавени од Европската комисија и НАТО, преку ЕУ е стигната помошта од Словенија, Бугарија, Австрија и Романија, а од Црна Гора – преку НАТО. Помош добивме и...

До крајот на неделава ќе пристигнат 450 Авганистанци за привремено прибежиште

Душко Арсовски Муамет Хоџа фото : Влада на РСМ
Најголемиот дел од 450-те граѓани од Авганистан се очекува да пристигнат со организирани авионски летови до крајот на неделава, зависно од околностите на аеродромот во Кабул. Станува збор за демократско, мирољубиво население, вработени и жени и деца од семејства на оние кои работеле за хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и...

Црна Гора испраќа хеликоптер Бел 412 да помогне во справувањето со пожарите

Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора донесе одлука да го одобри барањето на министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац за упатување на хеликоптер Бел 412 како помош за Северна Македонија за справувањето со пожарите, соопшти македонското министерство за одбрана. Помошта од Црна Гора доаѓа како резултат на барањето упатено од министерката за одбрана Радмила Шекеринска до...

Бугарија и Словенија испраќаат помош во земјава за гаснење на пожарите

Откако Србија во текот на вчерашниот ден се одлучи да испрати четири хеликоптери за гаснење на пожарите во земјава, најавено е дека помош денеска ќе пристигне од Бугарија и Словенија. По вчерашниот телефонски разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин, се реализира ветувањето за помош при справувањето со пожарите во Северна Македонија. Словенија испраќа...

Министерство за финансии: Нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата

Обезбедени се нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата предизвикана од корона вирусот, од коишто 80 милиони евра се од ЕУ за фискален стимул за стопанството и граѓаните, и 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за евтини кредити за мали и средни претпријатија, информираат од Министерство за финансии. „Денес е префрлена втората транша со износ од...

Европската комисија денеска ќе ги исплати и останатите 80 од предвидените 160 милиони евра помош за С. Македонија

Европската Комисија денеска ќе исплати 80 милиони евра за Северна Македонија како дел од помошта од три милијарди евра, макроекономска асистенција предвидена за земјите од соседството на ЕУ. Ова всушност е втората и последна транша од предвидените 160 милиони евра макроекономска помош наменети за нашата држава. Освен за Северна Македонија, 50 милиони евра помош ќе биде испратена за Косово, 30...

Во петтиот пакет мерки, финансиската помош за фирмите и граѓаните изнесува 160 милиони евра

Петтиот економски пакет кој ќе биде наменет за финансиска помош на компаниите и граѓаните тежи 160 милиони евра, истакна денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев. Истиот содржи 29 мерки, распоредени во четири главни столба: директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на...

Битиќи: Финансиската поддршка за плати за компаниите погодени од ковид-кризата ќе продолжи

Финансиска поддршка за плати за компаниите погодени од ковид-кризата ќе има, деталите се договараат со засегнатите страни најави денеска вицепремиерот за економски прашања и координација на економски ресори Фатмир Битиќи. Тој додаде дека не станало збор дека оваа мерка ќе се укине. „Ќе помогнеме на различни начини затоа што веќе знаеме кои се очекувањата, знаеме што не очекува понатаму, знаеме дека...

Град Скопје додели три милиони денари помош на Петриња и на Загреб

Советот на Град Скопје на денешната итна вонредна седница донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалните земјотреси во Петриња и во Загреб, Хрватска, во кои има човечки жртви и се повредени повеќе лица. „Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, односно 2 милиона денари на градот...

Црвен Крст отвори сметки за донации за настраданите во земјотресот во Хрватска

Црвениот Крст на Македонија информира дека се отворени телефонски броеви за донации за настраданите во земјотресот во Хрватска. За корисниците на Македонски Телеком отворена е линијата 070 143 400, додека  корисниците на А1 Македонија може да донираат на 075 143 400. „Црвениот крст на Република Северна Македонија ги понуди специјализираните тимови за одговор и дејствување при катастрофи, материјална помош од стоковите...

Заев најави помош од 100.000 евра за Хрватска, Пендаровски со сочувство кон настраданите во земјотресот

Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња, информираше премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил. „Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани...

Влада: Граѓаните со блокирани сметки ќе ја добијат финансиската помош од 6.000 денари

Граѓаните коишто се со блокирани сметки, согласно законот, се прераспределуваат во банка која има техничка можност да ги исплати средствата на засебна сметка, информираа од Владата за оние граѓани на кои треба да им се исплати помош од 6.000 денари. „Владата стори сé да ги ослободи граѓаните од административни процедури со цел средствата да стигнат до сите на кои им...

Бесими: Антикризните мерки го ублажија падот на економијата кој ќе беше над седум проценти

Антикризните мерки го амортизираа падот на економската активност, кој дојде како резултат на кризата предизвикана од Ковид-19, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на конференцијата „Социо-економско влијание на Ковид-19 во Северна Македонија - научени лекции и препораки за успешна и одржлива обнова“ во организација на УНДП и „Фајненс Тинк“. „Доколку не се делуваше брзо преку јавната потрошувачка, економскиот пад за...

Создадена прва мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна”

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) заедно со УНДП ја креираа првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство ,,Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски. Апликацијата ќе им помогне на жртвите на семејно насилство брзо и едноставно да побараат помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат...

Пендаровски со наредба кон Армијата за помош на институциите во справување со последиците од ковид-19

Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, врз основа на член 18, став 1, точка 5 и член 28, од Законот за одбрана, како и генералната наредба за ангажирање на дел од Армијата на Република Северна Македонија во мирновремени услови, односно во услови кога не е прогласена кризна, вонредна или воена состојба, ѝ нареди на армијата дел...

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 посто од вкупниот број запишани гласачи - 1.814.317. Најголема излезност има во Општина Новаци, над...