fbpx
Таг: полошки регион

таг: полошки регион

Започна изградбата на обиколница Тетово

Во близина на населеното место Требош денеска се означи почетокот на градежните работи за изградба на обиколница Тетово, која од автопатот кај Требош ќе се протега до селото Непроштено. Инвестицијата е вредна 12,2 милиони евра. Во првата фаза ќе се гради обиколницата од 5,4 километри со две ленти од по три метри од клучката кај н.м Требош до Непроштено, а...

Нема совети за спречување на детската деликвенција, половина од општините го прекршиле Законот за правда за децата

Иако според Законот за правда за децата општините во Северна Македонија се обврзани да формираат општински совети за спречување на детската деликвенција, вакви совети имаат формирано само 33 од вкупно 81 општина. За овој прекршок, според институциите, досега не е казнета ниту една општина. Експертите велат дека надлежните во земјава не прават доволно во однос на спречување на детската деликвенција....

Полошкиот регион конечно го доби Центарот за жени-жртви на семејно насилство

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека официјално е воспоставен Центарот за жени-жртви на семејно насилство во Полошкиот регион. Центарот за жени-жртви на семејно насилство е организациона единица на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар. „Во пресрет на 16 дена активизам, Министерството како институција заедно со своите вработени е дел од бројните активности за подигање на свеста...

Психотерапевтката Зибери-Имери: Општините во Полог да преземат мерки за создавање специјализирани служби за жените жртви на насилство

Жените жртви на семејно и родово насилство во Полошкиот регион немаат засолниште каде што ќе можат да се засолнат. Од осумте плански региони, овој регион е единствениот во Северна Македонија кој нема вакви засолништа. Исто така има и недостаток и на други специјализирани служби. До сега институциите, и централните и локалните, не направиле доволно на овој план. За да се...

Привремени вработувања преку агенции во повеќе општини од Полошкиот регион

Општините Тетово, Гостивар и Боговиње од Полошкиот регион неодамна склучиле договори за привремени вработувања со агенции за вработување. Договорот на Тетово е со највисок износ споредено со останатите две општини. Трите општини демантираат дека ваквите вработувања се партиски, иако привремените вработувања беа критикувани во извештаите на Европската комисија како начин за вработување на „партиски војници“ во институциите, пишува Порталб.мк. Според...

Во Полошкиот регион нема ниту еден шелтер центар, жените – жртви на насилство се згрижуваат во другите градови

„Насилство врз жените се разбира како кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство коишто доведуваат или веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање вклучувајќи и закани за такви акти“, се наведува во члeнот три на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување...

Отворен Младински ресурсен центар „I can“ во Гостивар

Отворен е првиот Младински ресурсен центар „I can“ во Гостивар за потребите на младите во Полошкиот регион, чија мисија е подготовка на младите за активно учество на пазарот на трудот, поттикнување на претприемачкиот дух и иновативните бизнис решенија, поддршка на дигитализацијата и зелените идеи, како воспоставување поблиска соработка со приватниот сектор од регионот. „Младинскиот ресурсен центар во Гостивар ќе нуди...

Акцијата „Подари книга“ во Тетово порачува дека книгите не треба да „венеат“

Доколку сакате да го пренесете вашиот впечаток од некоја книга кај други, важно е таа книга да ја подарите. Така вели Ардита Асани, една од активистите на Ротари Клубот која веќе три дена на градскиот плоштад во Тетово собира донации на книги. Овие книги таа ќе ги донира на новата библиотека во село Пирок (Тетовско) и на неколку основни...

Порталб: Во девет општини во Полошкиот регион има само две библиотеки и една читална

Илјадници жители на девет општини во Полошкиот регион мораат да минуваат по неколку километри за да подигнат книга на заем од библиотека, бидејќи од вкупно девет општини во овој регион, само во две од нив имаат библиотеки, додека читални има само во Гостивар. Ова ја удвојува работата на библиотеките во Тетово и Гостивар. Директорката на библиотеката во Тетово за...

Постигнат договор за издавање на градежната дозвола од општина Гостивар за санација на Русино

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска ги прими на консултативна средба претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари. При тоа, на средбата присуствувале и претставници од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања и од проектот за воспоставување на Интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот регион. На средбата присутните, изразиле...

Во Полог три години нема укажувачи, ниту барања за транспарентност на институциите

Во полошкиот регион три години немало ниедна пријава од укажувачи, а речиси воопшто не се користат ниту можностите за слободен пристап до информации од јавен карактер, ни правото да се поднесе претставка или предлог до институција. Ова се заклучоците од извештајот од мониторингот на примената на Законот за заштита на укажувачите, Законот за слободен пристап до информации од јавен...

АНАЛИЗА: Платите на вработените во седумте Центри за плански развој – само во Полошкиот се „тајна“?

Од 23.429 денари до максимални 52.724 нето месечна плата – во овие рамки се движи износот на висината на примањата на вработените во Центрите за плански развој во земјава, кои се клучна „карика“ за реализација на проектите на локално ниво, со цел рамномерен регионален развој. „Порталб“ обезбеди податоци за брoјот на вработените и за висината на платите што ги земаат...

Дел од жителите на Полошкиот регион сè уште се движат по земјен пат

Состојбата на дел од регионалните патни правци не е во согласност, не само со барањата за економски развој, туку и со стандардите за безбедно одвивање на сообраќајот. Во Полошкиот плански регион локалната патна мрежа е во лоша состојба. Ова го пишува во Програмата за развој на Полошки плански регион 2015-2019 година, пишува „Порталб.мк“. Во документот се наведуваат повеќе стратешки проекти и...

Центарот за развој на Полошкиот регион лани потрошил 1.300.000 евра, најголем дел за урбанистички планови и машини за чистење

Милион и триста илјади евра, најмногу за урбанистички планови, тротоари и за машини за одржување чистота, потрошил лани за јавни набавки Центарот за развој на полошкиот плански регион. Според податоците од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) на Бирото за јавни набавки, Центарот лани склучил 14 договори во вредност од околу 80 милиони денари или милион и триста илјади...

Полошкиот регион претпоследен по транспарентност со полош резултат од минатата година

Со намалена активна транспарентност од еден процентен поен, Полошкиот регион е претпоследен од осумте плански региони и еден од двата со полоши резултати од лани, покажува Индексот на активна транспарентност за 2020 година, што го објави Центарот за граѓански комуникации. Годинава активната транспарентност, односно објавување информации по сопствена иницијатива, на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) е...

Дивата сеча e секојдневие на Шара и во Полошкиот регион

Дивата сеча е појава која постојано се случува во регионот на Шар Планина и Полошко, особено во последните неколку години. Полициски службеници од Гостивар, вчеравечер во двор од викендичка, лоцирана покрај регионалниот пат Србиново-Лакавица, сопственост на 49-годишник од Лакавица, пронашле околу 9 и пол метри кубни огревно дрво. Огревното дрво било подготвено за транспортирање, без потребните документи и жиг на нив....

Жители од тетовско Горно Седларце го блокираа автопатот Тетово – Гостивар

Автопатот Тетово - Гостивар попладнево беше блокиран околу половина час, од жители од тетовското село Горно Седларце кои протестираа кај наплатната рампа за излез од Тетово. Тие се револтирани што мора да плаќаат патарина за влез и за излез од Тетово иако по овој автопат поминуваат само три и пол километри, колку што има од нивното село до Тетово. - Некои...

Во Полошко загинаа две лица во две одделни несреќи

Градежен работник на возраст од 64 години од гостиварското село Вруток, го загуби животот откако врз него паднало големо количество земја додека работел на изведување канализација. Трагедијата се случила претпладнево, околу 11.30 часот, во гостиварското село Форино. Надлежните органи извршија увид и работат на целосно расветлување на случајот, а додека траел увидот, било присутно и лице од Државниот трудов инспекторат. Во Полошко денеска, уште едно...

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...