fbpx
Таг: полициска екипа

таг: полициска екипа

Полицијата спречи самоубиство на жена која сакала да скокне од зграда во Охрид

Екипа на охридската полиција утрово спречила самоубиство на 41-годишна жена, која сакала да скокне од петтиот кат на зграда во Охрид. Како што соопшти СВР Охрид, полициската акција траела околу еден час, во зграда во изградба на крстосницата од улиците Туристичка и Абас Амин, по што жената безбедно била спуштена до приземјето на зградата и предадена на екипа на итната...

Непознато лице пукало во полициска екипа во селото Чифлик, Тетовско

Непознато лице синоќа пукало во полициска екипа во селото Чифлик, која дошла да изврши проверка по претходна пријава дека во селото има две сомнителни возила, информираат од МВР. Според полицијата, околу 23.30 часот, на влезот во селото биле паркирани две возила, едното „опел вектра“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое имало едно непознато лице, а другото, марка „ауди а3“ со...

Во товарно возило пронајдени 44 мигранти

Утрово полициска екипа фатила 44 мигранти од Авганистан, Пакистан и од Сирија во возило „фиат дукато“ со српски регистарски ознаки. Полициската екипа го забележала возилото со издишана гума, паркирано на автопатот Куманово - Табановце и се упатила кон него. При контрола во просторот за товар, пронајдени се вкупно 44 мигранти кои се приведени во СВР - Куманово за понатамошна постапка. Возачот на возилото е во...

Запленети рибарски мрежи во Охридско Езеро

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, екипа од полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, при патрола во езерото пронашла и запленила триесетина рибарски мрежи со 2,6 килограми риба. Според МВР, рибарските мрежи со 27 парчиња охридска белвица биле пронајдени на околу 300 метри од брегот на езерото, спроти авто-кампот „Андон Дуков“. Риболовниот алат со уловената риба биле донесени во полициската...

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...