fbpx
Таг: полицаец

таг: полицаец

Приведено лице што со автомобил удрило во полицаец кој го регулирал сообраќајот во Кичево

Додека го регулирал сообраќајот на кичевските улици, полициски службеник вчера завршил со тешки телесни повреди, откако во него удрил автомобил. Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), настанот се случил околу 8 часот наутро на кружен тек. Во полицаецот удрил 23-годишен жител од кичевското село Длапкин Дол кој управувал автомобил „опел“ со охридски регистарски ознаки. Лицето вчера било приведено од...

Ескалација во Косово: Се пука кај Бањска, Курти тврди полицијата опкружила 30 вооружени лица

По убиството на косовски полицаец кај селото Бањска во северно Косово, состојбата останува драматична. Спорадични пукања се слушаат и понатаму од правецот на ова село, а косовскиот премиер Албин Курти пред малку објави дека нападите продолжуваат кај ова село и дека има најмалку 30 тешко вооружени лица кои пукаат кон косовската полиција. Курти додаде дека станува збор за професионалци,...

Убиен полицаец на северот на Косово, Приштина ги обвинува српските власти

Косовската полиција утрово потврди дека еден полициски припадник е убиен, а негов колега е ранет по извршениот напад врз нив во северниот дел на Косово, јавува КосСев.инфо. Единицата за брзи интервенции на пограничната полиција во 2:34 часот забележала дека на влезот во селото Бањска биле поставени два камиона без регистарски таблички, а еден од нив го блокирал патот. Од полициската...

Судот го штити сторителот, а не жртвата: Итна заштита за мајката од Гостивар од екс партнерот – полицаец

Граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост остро реагираат на непостапувањето од страна на надлежните институции во однос на лицата кои се соочуваат и справуваат со семејно насилство. „Станува збор за Елена Јовицоска од Гостивар, на возраст од 27 години, мајка на едно малолетно дете, која 5 (пет) години се соочуваа и трпи семејно насилство од страна на нејзиниот...

Пензиониран полицаец се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти оти повело постапка против пензиониран полицаец што се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Обвинителството го води случајот, против пензионерот, кој бил претходно осудуван како кривично дело Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот жител на Скопје од...

Внатрешната контрола на МВР работи на случајот со земање 20 евра мито по патник на „Блаце“

Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши за ТВ21 изјави дека е уапсен началник на смена на граничниот премин Блаце, којшто...

Полицаец од Неготино бил јатак на шверцери на мигранти, им давал информации за контроли и „пропуштал“ возила

Полициската станица во Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР поднеле кривична пријава против С.К.(24) од Неготино за „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување. Истрагата покажала дека пријавениот, кој бил полициски службеник, давал информации на криумчари на мигранти каде има полициски патроли или ако тој бил...

Полицаец од Битола осуден на една година затвор за употреба на прекумерна сила

Основниот Кривичен Суд Скопје го осуди полицискиот службеник Г. П вработен во СВР Битола на казна затвор во траење од една година за делото -Малтретирање во вршење на службата член 143 од Кривичниот законик, соопшти денес Македонското здружение на млади правници (МЗМП). Од изведените вербални и материјални докази во текот на доказната постапка, судот неспорно утврдил дека критичното време и...

Убиецот на Џорџ Флојд доби 22,5 години затвор

Дерек Шовин, тогашен полицаец кој минатата година на улица во Минеаполис го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд, вчера беше осуден на затворска казна од 22 и пол години. По убиството почнаа серија на големи протести против кршење на правата на Афроамериканците под мотото „Црнечките животи вредат“, кои честопати се претвораа во безредие. Како што извести Си-ен-ен, пред изрекувањето на пресудата, Шовин...

Пијан полицаец од Кочани ја тепал сопругата и дивеел дома

Психичко и физичко малтретирање од нејзиниот сопруг пријавила вчера 38-годишната К.А.К. од Кочани. Таа во Полициската станица во градот кажала дека нејзиниот сопруг М.К. (39) вработен во МВР, под дејство на алкохол почнал да и се заканува дека ќе ја убие и барал да замине од дома и да го остави нивното седумесечно бебе. Жената пријавила и дека нејзиниот сопруг...

Од утре задолжително носење зимска опрема во возилата

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата стапува на сила утре и ќе трае до 15 март 2018 година. Доколку возилото во сообраќај не ја поседува пропишаната опрема, возачот може да добие казна од 45 евра во денарска противвредност или 25 негативни поени во возачката книшка. За моторните возила до 3.500 килограми задолжителна опрема се зимски гуми на...

Полицаец физички нападнат во СВР-Битола

Во текот на денот, полицаец заедно со уште двајца негови колеги постапувал по поплака и го барал С.Ѓ., а откако не го нашол на наведената адреса, полицаецот му се јавил телефонски и службено стапил во контакт со лице кое се претставило дека е С.Ѓ. Полицискиот службеник му рекол дека против него има поплака и дека треба службено да разговараат, на...

Полицаец нападнал членови на комисијата оти ќерка му не го положила возачкиот испит

Полицаец од полициската станица во Кавадарци вчера им се заканувал на претседателката на испитниот центар на Здружението на возачи - Велес и на уште еден вработен дека ќе ги убие со пиштол, а потоа и физички ги нападнал бидејќи неговата ќерка не го положила возачкиот испит. Како што информираат од МВР, полицаецот Ј.К. вчера околу пладне влегол во испитниот центар...

Обвинителството почна истрага против полицаецот што пукаше во момчињата

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица донел Наредба за спроведување на истражна постапка против полицаецот што во петокот вечерта со службениот пиштол рани и нанесе тешки повреди на двајца малолетници, од кои едниот со тешки повреди e хоспитализиран на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје (КАРИЛ) и е во многу тешка состојба, а на...

МВР поднесе кривична пријава против полицаецот што пукаше во малолетниците

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава и поведе дисциплинска постапка против полицаецот кој застрела и рани двајца малолетници во Струмица. Како што соопштија денеска од МВР, одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по извршените проверки утврдил дека „полицаецот неосновано, неоправдано и неправило употребил огнено оружје врз лицата Д.Т. и А.Г., односно постапил спротивно на одредбите од...

Полицаец застрелал двајца малолетници во Струмица, обвинителството врши увид

Полицаец синоќа со службениот пиштол застрелал двајца малолетници во Струмица, од кои едниот со тешки повреди бил хоспитализиран на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје (КАРИЛ), а на другиот му бил извршен оперативен зафат во струмичката болница. Од Јавното обвинителство соопштија дека денеска надлежен јавен обвинител од ОЈО Струмица ќе продолжи со увидот во близина на...

Извикувајќи „Алах е голем“, напаѓач со нож повредил полицаец во Мароко

Неидентификуван маж денеска, извикувајќи „Алах е голем“ и мавтајќи со нож, нападнал и ранил полицаец на границата меѓу Мароко и шпанската територија Мелилја. Детали од нападот засега не се познати, но шпанскиот министер за внатрешни работи, Хуан Игњасио Соио, соопшти дека напаѓачот е уапсен. Светските агенции јавуваат дека напаѓачот е Мароканец и дека сè се одиграло на преминот Бени Ензар. Како што...

Велешанец удрил полицаец со камен по глава и го онесвестил

Полицаец во Велес вчера доцна попладнето се онесвестил откако бил удрен по глава од млад велешанец, соопшти СВР Велес. Инцидентот се случил 18.10 часот, вчера на улицата Благој Страчковски во Велес. Двајца полицајци дошле на интервенција поради нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем, при што едниот забележал дека млад маж сака да го удри неговиот колега со...

Еден полицаец е убиен, а друг ранет во престрелка во центарот на Париз

Еден полицаец е убиен, а друг е ранет во вооружен напад што вечерва се случил во центарот на Париз, соопштила француската полиција, пренесува „Би-би-си“. Според информациите на дел од француските медиуми, напаѓачот кој отворил оган кон полицајците бил застрелан и убиен. Престрелката се случила на авенијата Шанзелизе, која е целосно блокирана и каде во тек е операција на француските безбедносни...

Во терористичкиот напад во Лондон има четворица загинати и 20 повредени

Четири лица загинаа, а 20 се повредени во Лондон, при истрелите од огнено оружје пред британскиот парламент во Вестминстер, кои се случија денеска попладне. Британската полиција овој напад го оквалификува како терористички. Според пишувањата на британските медиуми, напаѓачот најпрво со автомобил се втурнал во група пешаци на мостот што води до парламентот, а потоа со нож прободел полицаец пред Вестминстер. Напаѓачот потоа...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...