fbpx
Таг: политика

таг: политика

Азески побара со Грција да се склучи договор за одбегнување на двојното оданочување

Повторно интензивирање на активностите за склучување на Договор за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Македонија и Грција, побара претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, од претседателот на Унијата на Грчките трговско-индустриски комори, Константинос Михалос. „Стопанската комора на Македонија и Унијата на грчките трговско-индустриски комори уште во 2007 година пред надлежните органи го покренаа прашањето за склучувањето на Договор за одбегнување...

Османи: Протестите се уставно право, сè додека не се насилни

Протестите се легитимно и уставно загарантирано право на граѓаните и може да се прават секаде, сè додека не се насилни, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали протестите на ВМРО-ДПМНЕ против последните приведувања и судството се политички притисок. - Граѓаните имаат право да кажат мислење и за одлуките на судот, но ние не смееме да...

Анѓушев: Промената на даночната политика ќе биде во прилог на граѓаните и на стопанството

Kаква било промена на даночната политика ќе биде во прилог на граѓаните и на стопанството на Македонија, одговори на новинарско прашање вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на отворањето на саемот „Технома“. - Измената на даноците нема да се случи без поширока расправа и за неа и медиумите и граѓаните и стопанствениците ќе бидат навремено информирани - појасни вицепремиерот Анѓушев. Од Министерство за...

Анкета: Медиумите во Македонија се подложни на корупција и зависни од политика

Медиумите во Македонија се зависни од политичките влијанија, но и се корумпирани. Ваква е перцепцијата на граѓаните што биле анкетирани во рамкитете на „Балкански барометар 2017“ – истражување на јавното мислење во Југоисточна Европа, што веќе трета година по ред го спроведува Регионалниот совет за соработка – оперативно тело на земјите од регионот. Според истражувањето, дури 72 отсто од граѓаните...

Шапуриќ – Тимоние: Економската соработка со Франција може да се подобри

Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашни компании, Зоран Шапуриќ се сретна со амбасадорот на Франција, Кристиан Тимоние. На средбата двајцата соговорници констатирале дека подобрувањето на политичката клима во државата ќе придонесе и за подобрување на бизнис-климата. Тимоние бил задоволен од активностите на Владата за ратификација на Парискиот договор за климатки промени, како и за определбата на Министерство...

Платформата за родова еднаквост бара поголема вклученост на жените на изборите

Платформата за родова еднаквост ги повикува подносителите на листите на кандидати за локалните избори да се заложат за родова балансираност. Од таму потсетуваат дека во 1996 и во 2009 година ниту една жена не била избрана за градоначалничка, а на последните локални избори, во 2013 година, биле избрани 19 пати повеќе градоначалници отколку градоначалнички (76 мажи наспроти четири жени). „Наспроти декларативните заложби,...

Хан бара промена на политиката на ЕУ кон Турција

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан смета дека Европската Унија треба да го промени односот на Унијата кон Труција, која е земја-кандидат за членство во ЕУ, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна ги повика Турците кои живеат во Германија да не гласаат за двете владејачки партии на претстојните парламентарни избори. Ердоган минатата недела изјави дека германските граѓани...

Автопатот што ги поврзува Македонија и Косово треба да се пушти во октомври

Автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува Косово и Македонија, се очекува да биде пуштен во употреба во октомври, информирал амбасадорот на Косово во Македонија, Илбер Хиса на средбата со министерот за економија, Крешник Бектеши. Бектеши и Хиса разговарале за политичката и за економската состојба во двете земји, како и за потребата од проширување на меѓусебната трговска соработка.

ССНМ: Политиката и менаџментот се виновни за згаснувањето на „Дневник“ и на МПМ

Згаснувањето на еден од првите независни весници во Македонија е уште еден клинец во ковчегот со кој цела деценија се погребува новинарството во земјава, стои во реакцијата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) за затворањето на дневниот весник „Дневник“. Од синдикатот, потсетувајќи дека „Дневник“ престана да излегува само месец и половина откако истата судбина ја доживеаја „Вест“...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС остави повеќе од 200.000 луѓе без работа и затвори 684 фабрики

„СДС е најголемата штета што некогаш и се случила и може да и се случи на македонската економија, СДС во текот на своето управување со македонската економија покажа како не треба да се води една национална економија,“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. Од партијата велат дека „СДС остави повеќе од 200.000 луѓе без работа, затвори 684...

Хелсиншки комитет: Политиката е главен генератор на говорот на омраза

Политичките случувања во Република Македонија се главниот провокатор и производител на говор на омраза во текот на април, посочува Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во својот извештај за април. Хелсиншки напоменува дека говорот на омраза и повиците за насилство, го користат политичари и јавни личности, дел од демонстрантите на протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, а исто...

Коѕиас: Ние сме за постоење на единство во БЈРМ и не се мешаме во внатрешната политика

Шефот на грчката дипломатијата, Никос Коѕиас, испрати јасна порака дека Грција ги поддржува стабилноста и единството во Македонија. Во говор за време на презентација на книгата на ексминистерот и европратеник Никос Сфунакис за грчката надворешна политика, Коѕиас порача дека остро се противат на идеите за дестабилизација на Балканот и за промена на границите во регионот. „Грција постојано ја поддржува стабилноста во регионот,...

Миноски само наоѓа изговори да не ги исплати субвенциите, велат земјоделците

Претседателот на Сојузот на синдикатот на земјоделците во Струмичкиот Регион, Ристо Велков, вели дека министерот за финансии, Кирил Миноски, само си наоѓа изговори во Изборниот законик за да не се исплатат субвенции. „Или нема пари, или политика е во прашање. Нека ми каже министерот кои избори се планирани во догледен период за да бидат пречка да не се исплатат субвенциите или,...

Хан за „Дојче веле“: Мешањето на Рама е контрапродуктивно

Прво демократско предавање на власта, а потоа и спроведување на договорените реформи, порачува европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, во интервју за „Дојче веле“ во пресрет на посетата на Скопје, планирана за вторник, 21 март. Тој апелира до македонските политичари да се држат до Договорот од Пржино, но и ги предупредува дека „не треба да мислат дека со изборите и...

ОН: Опаѓа бројот на жените во политиката

Бројот на жените на важни политички функции стагнирал минатата година во светот, се наведува во студијата на ОН, во која се изразува загриженост поради нерамноправноста на половите. Само 17 отсто од жените биле шефови на држави или влади во 2016 година, додека во 2015 година тоа било 19 отсто. Кога станува збор за мандати, на разни избори во 2016 година,...

Азески – Чадеж: Економијата да биде пред политиката помеѓу Македонија и Србија

Економската соработка помеѓу Македонија и Србија треба да биде пред политиката, истакнаа претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во текот на последната работна средба, која се одржа во Скопје. Од Стопанска комора на Македонија информираа дека тие апелирале до владите на двете земји да направат сè што е потребно да...

Честитка на македонски јазик на албанската државна телевизија

Членот на Државниот комитет за малцинства при Владата на Албанија, Нико Китани, упати новогодишна честитка на македонски јазик наменета за етничките Македонци во соседна Албанија, во централните термини на информативната програма на националниот сервис. - Етничката припадност и политиката да ги тргнеме на страна, да ни бидат второстепен дел од нашиот живот. Да се здружиме сите заедно, само така можеме да...

Политичка стабилност за кризата да заврши, посака Груевски во новогодишната честитка

И светот и ние во Македонија поминавме низ една тешка и турбулентна годинa, но и покрај политичката криза добро е што ја зачувавме економската стабилност, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во новогодишната честитка до граѓаните. - Сите нам и на економијата потребна ни е политичка стабилност. Таквата политичка стабилност би гарантирала уште поголем број инвестиции, отворање на нови работни...

СКСЗМ: Економскиот развој за кој слушавме во 2016 година е пропаганда

Владата во 2016 година немаше конструктивен однос кон бизнис-заедницата и терминот „развој“ што постојано го употребуваше не е ништо друго освен кампања, изјавија од Стопанска комора на Северозападна Македонија, кои на прес-конференција дадода оценка за економијата во 2016 годинава и ги кажаа очекувањата во 2017 година на економски план. - Економскиот развој за кој толку многу слушавме повеќе е пропагандна политика...

Туск: Политиката на Меркел кон мигрантите не е виновна за нападот во Берлин

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги отфрли критиките на некои европски лидери дека за нападот во Берлин е виновна германската канцеларка Ангела Меркел и нејзината политика на гостопримство на бегалците. „Од почетокот на мигрантската криза зборувавме дека е клучно да ја вратиме контролата на надворешните граници. Тоа е тешко, но сакам да нагласам дека Германците не се одговорни за...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...