fbpx
Таг: политички партии

таг: политички партии

Поради корупцијата и клиентелизмот, политиката најподложна на странски штетни влијанија (инфографик)

Политиката е област со најголем ризик за странски штетни влијанија во Македонија, покажува серија студии наСТРАТКОМ - Центарот за извонредност во стратегиски комуникации на НАТО, спроведени од првата половина на минатата до мај оваа година. Како најголеми ризици се наведени корупцијата, слабите институции и судскиот систем и концентрацијата на моќ во партиите. „Генерално, земјата има релативно задоволително политичко претставување, но...

Нови три милиони евра за плаќање партиска пропаганда во медиумите

За политичка пропаганда во медиумите политичките партии на овие предвремени парламентарни избори, кои ќе се оддржат на 15 јули, ќе имаат на располагање да потрошат околу 3.6 милиони евра, велат од Државната изборна комисија. Тие откриваат дека само трите големи партии од власта и опозицијата, СДСМ, ВМРО и ДУИ, за политичка пропаганда во медиумите за време на изборната кампања...

Партиите потпишаа Декларација за приоритетно донесување на Законот за недискриминација

Седумнаесет политички партии ја потпишаа Декларацијата за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) која им беше доставена од страна на девет мрежи на здруженија на граѓани, кои заедно бројат повеќе од 100 здуженија. Со барањето доставено до сите политички партии кои учествуваат на предвремените парламентарни избори, Мрежата за заштита од дискриминација бара поддршка на ЗСЗД...

Вестминстер: Младите како кандидати за пратеници ретко се на добитни позиции

Просечната возраст на кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори е 42,54 години. Партијата со најмлади кандидати има просечна возраст од 32,3 години, додека највисоката просечна возраст кај една партија е 53,2 години. Најмладите кандидати на овие избори имаат 18 години, додека највозрасниот кандидат 87 години. Ова се дел од наодите на новото истражување на Фондацијата за демократија на...

Стратум: За коалицијата на СДСМ и БЕСА два отсто повеќе гласачи од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Борче Поповски
Владејачката коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ и Движењето БЕСА би победила со тесна разлика од 2 отсто на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули, покажува најновото анкетно истражување на „Стратум Р&Д“. На прашањето „За која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори на 15 јули?“, 25 отсто од испитаниците се определиле за коалицијата „Можеме“, додека 23...

ХЕРА: Партиите да се заложат за воведување на сеопфатното сексуално образование како предмет во училиштата

Од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) упатуваат апел до сите кандидати и кандидатки од политичките партии, како и до сите чинители вклучени во изборните кампањи, да користат јасни недвосмислени пораки и точни информации кога станува збор за сеопфатното сексуално образование (ССО). „Кога се едукацијата и квалитетното образование во прашање, младите имаат право да бидат навремено и правилно информирани....

Граѓанските здруженија ги повикаа партиите да потпишат декларација за приоритетно донесување на Законот за заштита од дискриминација

Девет мрежи на здруженија на граѓани кои заедно бројат повеќе од 100 здруженија ги повикуваат политичките партии кои учествуваат во парламентарните избори да ја поддржат декларацијата за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на идниот парламентарен состав. „Целта на декларацијата е политичките партии да се обврзат дека овој Закон ќе го донесат веднаш по...

ССНМ, ЗНМ и Советот за етика со прашања до политичките партии

Во пресрет на изборната кампања која започнува денес, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) јавно поставија десет прашања до политичките партии и коалиции кои ќе настапат на предвремените парламентарни избори 2020 година. Дел од прашањата се однесуваат на ставовите на партиите за реформите...

Партиите да ги земат предвид потребите на младите, потенцираат младинските организации

Во однос на претстојните парламентарни избори, реакција и низа препораки упатија од Мрежата за спречување на одлив на мозоци, во која членуваат седум младински организации меѓу кои: Лидери за едукација, активизам и развој, МладиИнфо интернационал, Младите можат, Младински сојуз - Крушево, Здружение за дислексија Ајнштајн, Центар за младински активизам КРИК, и Центар за мултдисциплинарен развој - Процес. Младинските организации од...

Кај власта има расположение да се укине предизборното рекламирање од државен буџет, но не за овие избори

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во интервју за порталот „Призма“ вели дека во владејачката партија СДСМ има расположение во целост да се укинат изборните реклами, за чија изработка политичките партии добиваат финансии од државниот буџет. Манчевски изјави дека сепак промената не може да се направи пред овие избори, затоа што не може да се смени Изборниот...

На изборите на 12 април сакаат да се натпреваруваат 15 коалиции и политички партии

Фото: Борче Поповски
Државната изборна комисија (ДИК) до синоќа на полноќ примила кандидатски листи на 15 коалиции и политички партии за предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април. Станува збор за 84 листи со вкупно 1.578 имиња на кандидатските листи, кои допрва треба да бидат потврдени од ДИК. За учество во гласањето на дијаспората се одлучиле шест политички...

Објавените „бомби“ ќе продолжат да ечат, МВР треба да ги открие тие што се во приватни архиви

„Бомбите“ кои веќе беа објавени, а сè уште постојат како записи на интернет, нема зошто да бидат уништени или санкционирани, смета поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, откако Министерството за правда соопшти дека, со новиот закон за јавно обвинителство, СЈО ќе мора да ги уништи материјалите од нелегално прислушуваните разговори. Проблем се необјавените „бомби“ кои ги поседуваат политички партии...

„Жан Моне“: На собранискиот деловник му треба „генералка“

Политичките партии за време на дијалогот „Жан Моне“ што се одржа во Охрид на 17 и 18 мај, го потврдиле консензусот да работат заедно за земјата да напредува кон членството во ЕУ и да се интегрира во евроатланските структури, информираат од Собранието. Од законодавниот дом велат дека политичките партии се заложиле за да се забрза овој процес Собранието да ја...

По празникот, ќе биде позната владината реконструкција

Течат разговорите и овој викенд ќе привршат, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со реконструкцијата во владата и преговорите со нови коалициски партнери. - По завршувањето на празникот 1 мај, ќе информираме за промените во владиниот состав и директорските места. Треба да бидат информирани органите и телата на партиите што сум договорил со претседателите на политичките партии...

Димитров одделно ќе го информира државниот врв и партиите за преговорите за името

Лидерска средба за процесот на разговори за името нема да има. Министерот за надворешни работи Никола Димитров на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и политичките партии за текот на преговорите. Димитров минатата недела најави дека по преговорите за името во Виена, ќе се одржи состанок на државниот врв и лидерите на најголемите партии. Од ВМРО-ДПМНЕ ја информираа...

Коѕијас ќе ги информира лидерите на грчките партии за текот на преговорите за името

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас ќе ги информира лидерите на грчките политички партии за разговорите во Виена и текот на преговорите за името. Наместо претседателите на партиите да дојдат во зградата на грчкото МНР, според медиумите, Коѕијас брифинзите ќе ги одржува во партиските штабови. Како што јави дописничката на МИА од Атина, за денеска напладне официјално е закажана средба...

Анкета: За 51 отсто од граѓаните Законот за јазиците нема да го подобри соживотот

Законот за употреба на јазиците нема да го подобри соживотот во Македонија сметаат 51 отсто од граѓаните, додека 44 отсто одговориле позитивно, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“. Според анкетата постои голема разлика во одговорите на ова прашање во зависност од тоа за која партија гласале анкетираните граѓани. Така 77 од анкетираните кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ...

Јовески: За Алмир Алиу ќе се постапува неселективно, непристрасно и професионално

Апелирам до политичките партии да не вршат притисок и да не се мешаат во вршењето на јавно-обвинителската работа, како што е случајот деновиве, стои во изјавата на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, по повод вчерашниот протест поради преквалификацијата на кривичното дело во случајот со смртта на четиригодишниот Алмир Алиу. Тој нагласува дека обвинителите својата работа ја вршат и одлуките ги...

Вајгл: Процесот „Жан Моне“ не е замена или продолжување на Договорот од Пржино

Последната недела на јануари следната година, претставници на политичките партии, европратеници, експерти од ЕУ, заедно со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан и претставници на францускиот Парламент и на француската влада, во Париз ќе го почнат процесот на меѓусебен дијалог за важни прашања насловен како „Жан Моне“, информираше денеска известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Иво...

ДИК ќе одлучува за прегласување на избирачко место во Чаир

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, закажана за 16 часот, треба да го разгледа и да го усвои решението на Управниот суд за повторување на гласањето на избирачкото место 2901 во општина Чаир, од вториот круг на локалните избори, одржан на 29 октомври. Инаку, повтореното гласање на ова избирачко место во Чаир може да влијае на конечниот резултат од...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...