fbpx
Таг: политички партии

таг: политички партии

Трибина „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“

  Во Клубот на пратеници во Скопје, утре со почеток во 11 часот ќе се одржи трибина на тема „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“, во организација на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. На настанот се поканети претставници на младинските тела на политичките партии во земјава и...

Политичките партии ставија потпис на Студентскиот манифест, ќе се залагаат за неговата содржина

Шест политички партии денеска го потпишаа Студентскиот манифест кој минатата недела го претстави Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) и кој беше подготвен во соработка со уште пет други студентски собранија од останатите државни и еден приватен универзитет. Студентскиот манифест, како што појаснија од УСС УКИМ, е продолжение на студентската борба за подобар студентски стандард,...

Индекс на транспарентност: Ниту една политичка партија нема објавено список на вработени

Многу добра активна транспарентност за прв пат постигнале партиите СДСМ, Левица и Алијанса на Албанците, покажаа резултатите добиени од Индексот на транспарентност (2023) на политичките партии на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Резултатите покажуваат дека има значително подобрување кај активната транспарентност на политичките партии, споредено со мерењето за Индексот на транспарентност (2021), иако сè уште ниту една партија нема постигнато...

Маричиќ: Не е време за партиски изговори, успехот е во одлучноста за членство во ЕУ

Бојан Маричиќ, вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ за Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ, смета дека е уште еден повик и можност за обединување и начин да се докаже дека политичките партии имаат иста мисија и цел кога станува збор иднината...

Партиите од власта промовираа Манифест за преговорите со ЕУ, бараат обединетост

Неколку политички партии застапени во Собранието, предводени од СДСМ и ДУИ, денеска објавија Манифест во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ. Од СДСМ велат дека „време е за обединување на сите политички лидери, преку потпишување на заеднички Манифест со кој сите заедно ќе се обврзат за ефикасно водење на преговорите за пристапување во ЕУ“. Преку овој Манифест сите...

Обвинителството бара политичките партии да не ја злоупотребуваат истрагата за „Феникс“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска, а по изјавите на дел политичари во врска со предметот „Феникс“, односно леењето на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“ во Италија, побара политичките партии да престанат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка, како и кое било друго постапување на обвинителството. „Ги потсетуваме сите политички чинители...

Граѓаните најмногу веруваат во верските заедници, а најмалку во судството, покажува анкетата на Институтот за демократија

Највисока доверба меѓу граѓаните имаат верските заедници, војската и полицијата, а најниска доверба имаат обвинителството, судството и Државната комисија за спречување на корупцијата. Ова го покажува последното истражување подготвено во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“, од страна на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. Теренската анкета била спроведена во периодот 22 февруари - 9 март годинава на примерок од 1.002 испитаници...

Пет партии ќе влезат во новиот парламент на Бугарија, ПП-ДБ и ГЕРБ во тесна трка

Според две истражувања на јавното мислење, објавени вчера и денеска, во новиот состав на бугарскиот парламент ќе влезат пет политички партии, пренесува Бугарското национално радио (БНР). Во поглед на популарноста, пак, двете анкети на првото место од петте партии ставаат различни коалиции. Според анкетата на „Алфа Рисерч“, веројатно најетаблираната социолошка агенција во Бугарија, победници на парламентарните избори следниот месец би биле...

ИПИС: Речиси 38 отсто испитаници сметаат дека „некој друг“ е виновен за воената инвазија на Русија врз Украина

Анкетата на ИПИС покажува дека 21,9 отсто од испитаниците сметаат дека одговорноста за воените дејствија е исклучиво на Русија, 4,1 отсто сметаат дека одговорноста лежи во Украина, додека 16,8 отсто сметаат дека подеднакво се одговорни и Русија и Украина. Понатаму, 19,4 отсто од испитаниците не можат да утврдат кој е виновен, додека рекордни 37,8 отсто сметаат дека тоа е...

Анкета на ИКС: Политичките партии главен извор на дезинформации

Меѓу македонските граѓани доминира мислењето дека политичките партии и медиумите најмногу шират дезинформации. Голем дел од нив мислат дека можат да препознаат дезинформации, но признаваат дека понекогаш им се случува самите да споделат лажна информација. Граѓаните главно се информираат преку телевизијата, Фејсбук и веб-сајтовите, но многу малку им веруваат на медиумите. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење...

Бугарскиот главен обвинител Гешев: Го напаѓаат Обвинителството заради руски интереси

Обвинителството е цел на напади заради политички интереси што се совпаѓаат со оние на Русија, порача Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев во интервју за бугарски „Капитал“. Според Гешев, главната цел на нападите е преземање контрола врз државното обвинителство, но ваквото совпаѓање на интересите е загрижувачко, пренесува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. „Многу е интересно како се совпаѓаат некои евроатлантски-ориентирани партии со...

СДСМ бара законски партиите да се дистанцираат од фашизмот и нацизмот

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески и пратеничката Соња Мираковска до Собранието предложија измени и дополнувања на Законот за политичките партии, со предлог да се зголеми транспарентноста и дистанцирање од фашизмот, нацизмот и национал-социјализмот. Во предложениот текст е наведено дека со предлог-законот ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање...

Партиите станаа иматели на информации од јавен карактер, но останаа недоволно транспарентни

Три години откако беа опфатени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со кој станаа иматели на информации од јавен карактер поврзани со нивното финансиско работење, политичките партии сé уште не се на задоволително ниво на транспарентност во делот на приходите и расходите. Сепак, тоа се оценува како добар почеток во иднина да ја зголемат својата...

Порталб: Партиите не се подготвени да се откажат од пазарењето за високи раководни служби

Во законодавството на Република Северна Македонија не постои јасна поделба помеѓу политичко и професионално ниво, односно делокругот и високите раководни служби не е јасно дефиниран. Но, дали и колку партиите во земјата се подготвени за деполитизација на високите раководни служби, односно да се откажат од коалициските пазарења преку поделба на високи позиции, нешто што го бара и Европската Унија?...

Платформата за родова еднаквост бара од партиите родов баланс во изборните листи

Платформата за родова еднаквост ги повикува подносителите на листите на кандидат(к)и за Локалните избори 2021 да покажат минимум демократски капацитет и да обезбедат родов баланс на изборните листи. 27-те членки на Платформата за родова еднаквост потсетуваат дека во моментов земјава има само 6 градоначалнички наспроти 75 градоначалници. „Овој дисбаланс кој ги рефлектира изборните резултати од 2017 година, е само доследно...

Порталб: Партиите за отворени листи на локалните избори, без усогласен став за парламентарните

Фото: Борче Поповски
Измените и дополнувањата на Изборниот законик во РСМ со години беа дел од разни јавни дебати од страна на политичките партии, но и други социјални фактори, сепак досега овие дебати не донесоа консензус што би донел таков предлог-закон пред пратениците во Собранието, пишува Порталб.мк. Иако во јавноста беа изнесени разни предлози, партиите досега не успеаја да се договорат за каков...

Алијанса и Алтернатива по средбата со Заев: На добар пат сме до компромис за Законот за државјанство

Веруваме дека сме на добар пат на изнаоѓање трајно законско решение за Законот за државјанство што ќе овозможи една законска рамка преку која сите граѓани на коишто досега им беше оневозможено да живеат достоинствен живот во државата, да биде изнајдено решение, ова го изјави Скендер Реџепи, координатор на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива (АА-А). „Од Владата имаше предлог да...

Политичкото рекламирање во медиумите нотирано и во Извештајот на Европската Комисија

Во Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија, во делот за финансирање на медиумите, постои забелешка за политичкото рекламирање кое може да влијае врз независноста на уредувачката политика на медиумите. „Можноста политичките партии да користат државни средства за рекламирање во медиумите, предизвика загриженост кај медиумските здруженија за можно политичко влијание врз уредувачката политика“, се вели во Извештајот. Извршниот директор на Здружението...

Поради корупцијата и клиентелизмот, политиката најподложна на странски штетни влијанија (инфографик)

Политиката е област со најголем ризик за странски штетни влијанија во Македонија, покажува серија студии наСТРАТКОМ - Центарот за извонредност во стратегиски комуникации на НАТО, спроведени од првата половина на минатата до мај оваа година. Како најголеми ризици се наведени корупцијата, слабите институции и судскиот систем и концентрацијата на моќ во партиите. „Генерално, земјата има релативно задоволително политичко претставување, но...

Нови три милиони евра за плаќање партиска пропаганда во медиумите

За политичка пропаганда во медиумите политичките партии на овие предвремени парламентарни избори, кои ќе се оддржат на 15 јули, ќе имаат на располагање да потрошат околу 3.6 милиони евра, велат од Државната изборна комисија. Тие откриваат дека само трите големи партии од власта и опозицијата, СДСМ, ВМРО и ДУИ, за политичка пропаганда во медиумите за време на изборната кампања...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...