fbpx
Таг: политички лидери

таг: политички лидери

Жбогар: Политичките лидери и партиите да ги спроведат изборите без заплашувања и насилство

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Самуел Жбогар, денеска преку видео-обраќање по повод локалните избори в недела ги повика граѓаните да го исполнат своето право на глас, а политичките лидери и партиите да ги спроведат изборите без „заплашувања и насилство“. Жбогар порака ја испрати на македонски јазик. - Локалните избори на 15 октовмри се можност за вас граѓаните да ги изразите...

Хан денеска на средби со Владата за имплементацијата на реформските приоритети

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска доаѓа во посета на Скопје, каде ќе присуствува на седница на Владата, посветена на реформските приоритети, а потоа, како што соопштија од владината прес-служба, ќе има заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев. Хан пред почетокот на седницата ќе има тет-а-тет средба со Заев, а потоа и со владина делегација составена...

Данкан: Ги повикуваме политичките лидери да работат во интерес на граѓаните

Британскиот министер за Европа, сер Алан Данкан, ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му овозможи на парламентарното мнозинство предводено од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да формира влада. „Ова е битен чекор напред. Обединетото Кралство ги повикува сите политички лидери да работат заеднички, конструктивно и во интерес на Македонија и на сите нејзини граѓани. Ние сме подготвени да...

Иванов апелира за смирување на тензиите и повика на лидерска средба во неговиот кабинет

Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до граѓаните вечерва упати апел за смирување на тензиите и на ненасилство и ги повика лидерите на парламентарните партии на лидерска средба утре во неговиот кабинет. - Во овие моменти на општа загриженост околу настаните во Собранието на Република Македонија, ве повикувам да бидете смирени. Ве повикувам да останете присебни и да не подлегнувате...

Хан на „Принстон“: Мораме да видиме политичка волја наместо политички игри

Наместо политички игри, мораме да видиме политичка волја и вистински реформи, не на хартија туку на терен, особено во клучните области како владеење на правото, конкуретноста и поврзувањето. Ова е пораката на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, до земјите од Западен Балкан, вклучително и до Македонија, што тој ја нагласува во својот говор на Универзитетот „Принстон“...

Бејли: Иванов и Собранието да го придвижат процесот на формирање влада

„Го повикуваме претседателот да го придвижи процесот. Исто така, важно е Собранието да дозволи процесот да се придвижи напред, а јасно е дека тука прв чекор треба да биде избор на спикер на Собранието од новиот состав“. Ова денеска го изјави амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Денот на НАТО во...

Мисија на САД во ОБСЕ: Разочарани сме од Иванов, бараме да ја преиспита одлуката

Соединетите Американски Држави се разочарани што претседателот Иванов одби да им понуди можност да ја формираат новата влада на претставниците што имаат јасно парламентарно мнозинство и бара од него да ја преиспита својата одлука, стои во соопштението од обраќањето на шефицата на Мисијата на САД во ОБСЕ, Кејт Брнс, во врска со политичката ситуација во Македонија. - Заедно со нашите...

Шефот на ОБСЕ ќе се сретне со државниот и со политичкиот врв

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, синоќа допатува во Скопје поради новонастаната криза со недоделувањето на мандатот за формирање нова влада. Заниер во текот на денот ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, претседателот Ѓорге Иванов, лидерите на парламентарните политички партии, како и со претставниците на граѓанските организации. Минатата недела, откако Иванов одлучи да не го додели мандатот,...

Охрид ноќеска преплавен со летоци против „сеалбанската платформа“

Охрид ноќеска беше преплавен со пропагадни летоци од четири странички, со пораката „Не се согласуваш? Активирај се!“. Летокот е вметнуван во поштенските сандачиња во станбените згради, по домови, возила... На првата, насловна страница од летокот, стои текстот „Сеалбанска платформа, Тирана, 07.01.2017“. На внатрешните две страници, испишани се осум точки од платформата, со голема фотографија на албанскиот премиер Еди Рама, зад кого има...

Британскиот министер за Европа и за Америка, Ален Данкан, ја почнува дводневната посета

Британскиот државен министер за Европа и за Америка, Ален Данкан, денеска ја почнува дводневната посета на Македонија, во рамки на која ќе има средби со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи во заминување, Никола Попоски, лидерите на парламентарните политичките партии, специјалната обвинителка Катица Јанева, претставници на институциите, како и на граѓанскиот сектор. Главен фокус на средбите на Данкан...

Британскиот министер Ален Данкан, утре во Скопје

Британскиот државен министер за Европа и за Америка, Ален Данкан, утре ќе допатува во дводневна посета на Македонија, во рамки на својата балканска турнеја, која треба да ја потврди посветеноста на Велика Британија кон регионот и по излегувањето од Европската Унија. Данкан, кој доаѓа и со порака дека е потребно конструктивно придвижување на решањето на политичката криза, во следните два...

Хан утре ќе се сретне со Иванов во вилата на Водно

Претседателот на државата Ѓорге Иванов утре, во 9 часот, ќе се сретне со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика Јоханес Хан, соопштија од кабинетот на Иванов. Средбата ќе се одржи во претседателската резиденција на Водно. Еврокомесарот синоќа допатува во Скопје, а денеска учествуваше на шестиот министерски состанок на земјите од Западен Балкан, посветен на регионалната соработка во областа на енергетиката. Тој...

Хан утре во Скопје на неформален министерски состанок за Западен Балкан

Шестиот министерски состанок на земјите од Западен Балкан ќе се одржи утре во Скопје и ќе биде посветен на регионалната соработка. На состанокот, покрај министрите за надворешни работи и министрите за енергетика од балканските земји вклучени во т.н. Берлински процес, ќе присуствуваат и еврокомесарот за соседска политика и за преговори за проширување, Јоханес Хан, италијанскиот државен потсекретар за надворешни работи,...

Бејли разговараше со Груевски за изборите и најави средби и со другите лидери

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли, попладнево имаше средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во новото седиште на партијата, на која било разговарано за изборите што се одржаа на 11 декември и за идните чекори на партијата. Бејли, во кратка изјава по средбата, истакна дека САД се партнер на Македонија и најави средби и со другите...

Жбогар: СЈО е најдобрата алатка за да се одреди одговорноста од прислушуваните разговори

„Специјалното јавно обвинителство е само една алатка, односно најдобрата алатка за да се одреди одговорноста или, пак, да се истражува одговорноста што произлегува од прислушуваните разговори. Ова е наш став и остануваме на него“, изјави денеска во Куманово евроамбасадорот Самуел Жбогар, притоа потсетувајќи ги политичките лидери дека СЈО произлегува од Договорот од Пржино и оти лидерите треба да си...

Коцијанчич: Нема минимум услови за избори на 5 јуни, лидерите да не се преправаат дека е сè во ред

Не се исполнети ниту минимум услови за веродостојни избори на 5 јуни, кои би можеле да бидат признаени од меѓународната заедница, како и владата што би произлегла од нив, вели во изјава за „Дојче веле“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Според Коцијачич, во актуелните услови, која било влада што ќе произлезе од избори во кои трите најголеми партии (СДСМ, ДУИ и...

Хојт Ји денеска ќе се сретне со техничкиот премиер, Емил Димитриев

Заменикот помошник на државниот секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Брајан Хојт Ји, кој е во посета на земјава, денеска ќе се сретне со техничкиот премиер, Емил Димитриев, и со дел од политичките лидери. Вчера, Хојт Ји оствари средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Али...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...