fbpx
Таг: ПолитичкаКриза

таг: ПолитичкаКриза

СДСМ: Поради системот на Груевски, од Македонија си заминале повеќе од 600.000 граѓани

Поради системот на Никола Груевски, а според податоците на Светска банка, од Македонија си заминале повеќе од 600.000 граѓани, најголем дел млади, обвини СДСМ. „Системот на Никола Груевски донесе голем економски пад, сиромаштија, блокирани фирми, нееднаквост, партизирани институции, нефункционален здравствен систем, недемократски амбиент, задушени слободи и права на граѓаните. Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка. Тоа се повеќе од 21.000...

Вељаноски: Политичките разлики мора да исчезнат пред важните државни прашања

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска во говорот на свечената академија по повод 11 Октомври - Денот на народното востание повика на обединување, национален и државен консензус, одговорност и самостојност во решавање на проблемите. - Политичките разлики мора да исчезнат пред важните државни прашања, а потребно е уште поголемо ангажирање во остварување на целта за интеграција на...

Хан: Договорот од Пржино мора да се спроведе во целост и без одложување

„Дозволете да бидам кристално јасен: Европската унија (ЕУ) не посредуваше за краткорочен договор за стабилизација. Нашата цел е да ѝ помогнеме на земјата на нејзиниот евроатлантски пат и во зацврстувањето на демократијата, отворенотo општество и на владеењето преку избори и одржливи реформи“, пишува еврокомесарот Јоханес Хан во напис објавен на неговиот блог, посветен на Договорот од Пржино, во кој,...

Петерле: Политичкиот договор за излез од кризата мора да се спроведе

Алојз Петерле, копретседавач на бирото на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и ЕУ, денеска на прес-конференција порача дека одредбите од политичкиот договор за надминување на кризата мора да се исполнат за во октомври Македонија да добие позитивен извештај и да се приближи кон ЕУ и кон НАТО. Според него, сега не е време да се праша кој, туку што...

Лајчак: Не можете да бидете сигурни дека ќе се примени Договорот од Пржино

Словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, во интервју за „Мета“ оцени дека не постојат гаранции дека Договорот од Пржино ќе биде имплементиран и додаде дека неговото неспроведување ќе значи коцкање со европската перспектива на граѓаните. Кои се механизмите за гаранција дека договорот од Пржино ќе биде спроведен и почитуван? - Не можете да бидете сигурни дека договорот ќе биде имплементиран. Страните кои...

НСДП: Ако договорот се почитува, шансите за фер избори се колку-толку реални

Постигнатиот договор за надминување на политичката криза може да биде добра шанса и моќно оружје во рацете на демократски определените и слободољубиви граѓани за доаѓање до конечната цел – слободни и фер избори, на кои треба да се порази диктатурата на Никола Груевски, оцени НСДП, коментирајќи го вчера постигнатиот договор. Партијата смета дека се многу кратки роковите од договорот за...

Бејли: Македонија победи

Лидерите ги ставија интересите на граѓаните пред партиските интереси, рече американскиот амбасадор Џес Бејли, поздравувајќи го постигнатиот договор за излез од политичката криза. - Македонија победи. Сакам да ги пофалам лидерите што постигнаа договор синоќа и ги ставија граѓаните пред политичките интереси на партиите. Самиот договор ќе значи многу работа и исполнувањето на одредбите од тој договор ќе значи дека...

Хан и европратеничката тројка со заедничка изјава го поздравија договорот

Европската комисија денеска објави заедничка изјава на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и на тројцата европратеници, Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховид, во која се поздравува договорот што го постигнаа лидерите на четирите политички партии за решавање на кризата во Македонија. „Ја поздравуваме посветеноста на договорот на четирите главни политички партии во поранешна југословенска Република Македонија, кој следеше по конструктивните...

Груевски пристигна на средба со Хан и со европратеничката тројка

Премиерот Никола Груевски, придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров, пристигна во резиденцијата на Европската унија на средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, и со европратеничката тројка, Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит. Претходно во резиденцијата на ЕУ средба со Хан имаше и лидерот на СДСМ, Зоран...

Хан на средба со Ахмети и со Тачи

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, ги почна средбите со лидерите на политичките партии. Како што јавува „Телма“, во тек се средбите со лидерите на албанските партии, Али Ахмети на ДУИ и Мендух Тачи на ДПА. Хан ќе има одделна средба и со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, а потоа ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски....

Хан и европратеничката тројка во мисија да ја решат кризата

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска заедно со европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит ќе се обиде да ги помести преговорите од мртва точка и да издејствува наоѓање крајно решение за политичката криза. За време на посетата, Хан и европратеничката тројка, како што соопштија од Европската комисија, ќе имаат одделни средби со лидерите на политичките...

Нуланд: Има надеж за решавање на политичката криза

Помошничката на американскиот државен секретар, Викторија Нуланд, денеска по средбата со премиерот Никола Груевски изрази надеж дека наскоро ќе се реши политичката криза во земјава. - Време е да се стави крај на кризата. Ние, САД, сме многу задоволни што работиме со ЕУ. Амбасадорот Бејли работи заедно со еврокомесарот Хан за да ги доведат страните да најдат решение што ќе ѝ...

Анкета на ИРИ: За мнозинството граѓани демократијата е поважна од економскиот просперитет

Четириесет и осум отсто од граѓаните во земјава сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, што е за девет отсто повеќе од минатата година, покажала последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), спроведена минатиот месец. „Педесет и три отсто од испитаниците рекле дека невработеноста е најсериозниот проблем со кој се соочува земјата, додека 64 отсто кажуваат дека животот бил...

Ахмети на средба со Нуланд: Неприфатливо е продолжувањето на политичката криза

„Неприфатливо е продолжувањето на политичката криза бидејќи целото општество е во очекување на решение и на продолжување на нашиот евроатлантски пат“, оценил претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на денешната средба со помошничката на државниот секретар на САД за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, која е во еднодневна посета на земјава. „Лидерот Ахмети ја запозна госпоѓа Нуланд со позицијата...

Нуланд ќе порача дека договорот од 2 јуни е основа за решавање на кризата

Помошничката на американскиот државен секретар за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, в недела ќе допатува во Скопје, потврдија за „Мета“ од Амбасадата на САД во Скопје. Нуланд в понеделник наутро ќе има одвоени средби со лидерите на политичките партии, а околу пладне ќе се сретне и со премиерот на Република Македонија, Никола Груевски. „САД и ЕУ работеа заедно со политичките лидери...

Се јави МКГ, бара македонско-косовска истрага за Куманово

Во врска во последните случувањата околу политичката криза и настаните во Куманово пред точно два месеци, денеска со извештај се јави и Меѓународната кризна група (МКГ). Во текстот со наслов „Македонија: Деактивирање на бомбите“ меѓу другото се предлага заедничка македонско-косовска истрага за инцидентот во Диво Насеље со експертска помош од ЕУ и од САД. За дводневниот судир меѓу македонската полиција и...

ДУИ: Ги повикуваме партиите да се издигнат над теснопартиските интереси

Од ДУИ за вчерашната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека преговорите се неуспешни, велат дека еднострано решение за кризата нема. ДУИ ги повикува политичките партии да ги надминат партиските интереси и да направат компромис кој ќе биде за доброто на државата и на граѓаните. „Еднострано решение за кризата нема. Преговори кои ќе го имаат како основа договорот од 2 јуни...

Хан доаѓа во Скопје идната недела

Последните случувања во Македонија го натераа еврокомесарот Јоханес Хан повторно да закаже патување во Скопје, во првата половина на идната седмица, информира неговата портпаролка, Маја Коцијанич, за „Мета“. Нејасно е дали неговата посета ќе се совпадне со таа на Викторија Нуланд, но САД и ЕУ се координираат. Коцијанчич изјави и дека дискусиите помеѓу политичките лидери се на критична точка. ЕУ...

Средба на Заев со норвешкиот амбасадор Камсваг

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Кралството Норвешка задолжен за Република Македонија, Нилс Рагнар Камсваг, на која било разговарано за политичката криза во земјава и за преговорите за нејзино решавање, соопшти СДСМ. „Преговорите би требало да резултираат со договарање влада која нема да ја предводи Никола Груевски и која ќе има цел да ги организира...

Хан: Итно е потребно лидерство и компромис од сите страни

„Последниот развој на настаните го потврдува тоа за што досега нотирав, дека сме во една многу критична фаза од преговорите, затоа итно е потребно лидерство и вистински дух за компромис од сите страни“, рекол еврокомесарот Јоханес Хан во писмена изјава за „Радио Слободна Европа“, а во врска со последните случувања околу политичката криза во земјата. „Сите партиски лидери треба да...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...