fbpx
Таг: политичка состојба

таг: политичка состојба

Јанева: Се повлековме од „Талир“ за да не влијаеме на политичката состојба

Специјалното јавно обвинителство го повлекло барањето за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ во случајот „Талир“ бидејќи не сакало да влијае на политичката состојба во државата, изјави денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. - Мислевме дека треба да одлучиме на поинаков начин во тој предмет бидејќи не сакавме да влијаеме на политичката состојба и бидејќи тоа барање во Основниот суд Скопје...

Груевски – Лопатка: ВМРО-ДПМНЕ низ законска дебата ги искажува ставовите во парламентот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Виена се сретнал со шефот на парламентарната група на владејачката партија и поранешен секретар во министерството за надворешни работи на Австрија, Рајнхолд Лопатка. На средбата Груевски го запознал соговорникот со актуелната политичка состојба, со позициите и со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на нејзиното надминување. Груевски, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, посочил дека најбрз и...

ЛП: Парламентарното мнозинство да не чека и да прејде на избор на спикер и на нова влада

Извршниот комитет на Либералната партија на синоќешната седница, на која била разгледувана актуелната политичка остојба во државата, констатирал дека „настојувања на парламентарното мнозинство што побргу да се конституираат државните органи, односно да се избере претседател на Собранието и влада на Република Македонија, се во опасен застој“. „Се наоѓаме во ситуација кога секој изгубен ден во стапувањето во функција на институциите...

Политичката криза влијае врз стопанството, компаниите бараат брзо решение

Компаниите членки на Македонско-германското стопанско здружение се жалат на дефицитот на правната сигурност, политичката и социјалната стабилност, борбата против корупцијата и криминалот, дисциплината при наплата на побарувањата, по пред се непредвидливата политичка криза која има силно влијание на стопанскиот развој. Ова го покажува анкетата на здружението во која учествувале 71 компании и дури 51 процент од нив, актуелната состојбата ја оцениле како...

ВМРО-ДПМНЕ: Има два излеза – или нови избори или СДСМ да се откаже од платформата

ВМРО-ДПМНЕ јасно ја соопшти својата позиција уште пред да влезе во преговори за формирање на идната владина коалиција, а таа гласеше „Влада да, но не по секоја цена“, стои во денешното соопштение на партијата. Оттаму велат дека партијата одбила да разговара за прифаќање на платформата подготвена и потпишана во Тирана, чија крајна цел, според ВМРО-ДПМНЕ, е редефинирање на Македонија и...

Ахмети: Протестите се демократско право, но не треба да заземаат етничка и насилна димензија

Протестите се демократско право на изразување на незадоволство, но не треба да заземаат етничка и насилна димензија, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната средба со шведскиот амбасадор во земјава, Матс Стефансон, осудувајќи го нападот на новинарската екипа на „А1он“ на вчерашниот протест. Ахмети и Стефансон разговарале за актуелната состојба во Македонија и за преговорите меѓу политичките партии околу...

Иванов го известил Жбогар дека ќе почне консултации со партиите за состав на влада

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска имал средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Семуел Жбогар, на која било разговарано за актуелната политичка состојба, по неуспешниот обид на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да формира нова влада. Амбасадорот Жбогар, како што информираат од кабинетот на Иванов, ги пренел ставовите на Европската Унија во врска со ова прашање. Иванов на средбата...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе има правда и мир кога Заев ќе одговара на суд, а Јанева нема да го спасува

„Ќе има правда и ќе има мир кога криминалци како Зоран Заев ќе одговараат пред судовите и кога нема да постојат разни Катици и специјални јавни обвинителства за да ги спасуваат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со вчерашната седница на извршниот комитет на на партијата, на која била разгледувана и анализирана одлуката на Специјалното јавно обвинителство за...

Заев и Ахмети разговарале за „позициите на партиите“, без навлегување во детали

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, денеска имале средба на која, како што, соопштуваат од СДСМ, било разговарано за позициите на двете партии во постизборниот период, „без навлегување во детали или разговори за конкретни прашања“. „Ова е прва средба на лидерско ниво помеѓу претседателот на СДСМ, Заев, и претседателот на ДУИ, Ахмети, по предвремените парламентарни...

Величковски и Алтхаузер разговарале за актуелната политичка состојба во земјава

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, денеска имал средба со амбасадорката на Германија во Скопје, Кристине Алтхаузер, на која било разговарано за политичката состојба во земјава по изборите. „Беше разгледана политичката состојба во земјата, за која претседателот Величковски оцени дека фокусот треба да биде ставен на оспособувањето и на веродостојноста на институциите по изборите од 11 декември“, стои во соопштението од...

Груевски и Ахмети разговарале за изборите и за политичката состојба

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, денеска имале средба на која разговарале за изборите одржани на 11 декември и за актуелната политичка состојба, информираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, денеска остварија средба на која акцентот во разговорите беше ставен на две точки и тоа анализа на резултатите...

Министерот Џафери на средба со евроамбасадорот Жбогар

Министерот за правда, Валдeт Џафери, денеска се сретнал со Самуел Жбогар, амбасадор на Европската Унија во Македонија, соопштија од Министерството за правда. Како што пишува во соопштението, на средбата министерот Џафери и амбасадорот Жбогар разговарале за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за начините за надминување на таа состојба. На средбата, исто така, се разговарало и за обврските на Македонија...

Груевски и Хојт Ји разговарале за политичката состојба, надминување на кризата и за бегалците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со заменикот помошник на државниот секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Брајан Хојт Ји. На средбата се зборувало за актуелната политичка состојба, надминувањето на политичката криза, како и за глобалните предизвици поврзани со мигрантската криза. Како што пишува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски истакнал дека неговата партија е...

ОБСЕ/ОДИХР изборите на 24 април ќе ги следи со 300 набљудувачи

Предвремените парламентарни избори закажани за 24 април 2016 година ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следи со 300 набљудувачи, стои во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР објавен на 27 ноември. Во извештајот се наведени наодите од скенирањето на актуелната политичка состојба во земјата и процените за потребите на мисијата при следењето на изборите, спроведено во периодот меѓу 2 и 5 ноември. Поради „тензичната и фрагилна политичка...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...