fbpx
Таг: политичка ситуација

таг: политичка ситуација

ЦИКП: Корупцијата и даноците – дел од факторите за постоење на сива економија

Корупцијата, високиот даночен товар, стремежот на бизнисмените за брзо богатење се фактори што влијаат на постоењето на сива економија. Ова го покажува бизнис-анкетата на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), спроведена за да се утврдат различните форми на скриени економски активности во бизнис-секторот лани и да се споредат резултатите од истата анкета направена во 2014 година. - Покрај општото задоволство со даночниот систем во земјата, се смета...

Кукан се надева на значителен пресврт во кризата во Македонија и на Балканот

Европратеникот Едвард Кукан, известувач во сенка за Македонија во Европскиот парламент, во интервју за „Еуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans) вели дека во наредните месеци очекува значителен пресврт во политичките случувања во Македонија и во другите балкански земји зафатени од „трендот“ на блокада и на бојкот на клучните институции. - Ние се соочуваме со сериозна политичка криза во Македонија и...

Ахмети – Тимоние: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ без одложување да најдат решение за кризата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Тетово имал средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, на која, како што соопштуваат од партијата, било разговарано за политичката ситуација во Македонија, геополитичкитe околности и за можности за решавање на политичката и институционална криза. Ахмети на средбата ги образложил „сите конструктивни чекори што ДУИ ги презела за излез од кризата,...

Судска ферија – предметите на СЈО на стенд-бај до 3 мај

Во зовриена политичка атмосфера, која никако не губи интензитет, судиите и главните судски инстанци ги ставија на стенд-бај клучните судења и седници, а деновиве како да си дадоа ферија со спојување на велигденските празници и на Први мај. Уставниот суд за оваа недела, односно за денеска нема закажано седница, а засега нема објавено агенда ниту за седница за следната недела. Врховниот...

Хотелиерите очекуваат добра сезона, но се плашат од влошување на безбедносната состојба

Хотелиерите од Охрид и од Струга, како и малите станоиздавачи се задоволни од продажбата на капацитетите во пресрет на туристичката сезона, но се плашат од евентуално влошување на безбедносната состојба. Според најавите и склучените аранжамани за претстојната туристичка сезона, сите очекуваат дека ќе биде успешна, но само доколку не дојде до некоја поголема дестабилизација на безбедносната ситуација, со оглед на...

Хелбах: Иванов да биде мудар и да овозможи брзо формирање влада

Специјалниот ополномоштеник на Министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и за ЕФТА-државите, Кристијан Хелбах, по средбата со претседателот Ѓорге Иванов, шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и со лидерите на политичките партии во Македонија, рече дека е потребно брзо формирање влада која ќе биде посветена на имплементирање на реформските приоритети. Хелбах рече дека ставот на Германија...

Кукан, Флекенштајн и Вајгл ќе препорачаат ЕП да го одложи донесувањето на извештајот

Ги повикуваме претседателот и сите политички партии да ја почитуваат демократската одлука на граѓаните на земјата и без понатамошно одложување да го прифатат секое договорено парламентарно мнозинство, се вели во заедничката изјава на тројцата европарламентарци Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл во врска со актуелните политички случувања во Македонија. - Како што неколкупати кажавме заедно со комесарот Хан, очекуваме...

Ахмети – Кара: ДУИ е внимателна, затоа што е свесна за важноста на одлуката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја има предвид важноста на одлуката и затоа суштински и широко ја испитува секоја веројатност, предностите и последниците што можат да произлезат од неа, истакнал лидерот на партијата Али Ахмети на средбата со амбасадорката на Турција во земјава, Тулин Еркал Кара. Ахмети и турската амбасадорка разговарале околу политичката ситуација и билатералните односи помеѓу Скопје и...

Ахмети – Тимоние: ДУИ е под ирационален медиумски притисок, но не е ничиј сервис

Демократската унија за интеграција (ДУИ) не се брза, туку сака да се осигури дека очекувањата на граѓаните ќе се исполнат, заедно со „разгледувањето и расветлување на оспорените случаи како 'Монструм', 'Сопот', 'Куманово' (Диво насеље) и прислушувањата. Ова го истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешната средба со Кристијан Тимоние, aмбасадор на Франција. На средбата, како што соопштуваат од партијата,...

Ахмети: Не верувам дека ќе има активности што би им наштетиле на изборите

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, не верува дека може да има активности што би му наштетиле на изборниот процес. Ова, како што соопштија од ДУИ, Ахмети го истакнал на средбата со новоименуваниот амбасадор на Франција во земјава, Кристијан Тимоние. Ахмети и Тимоние разговарале за политичката ситуација во земјава, изборите на 11 декември и за интеграцијата на Македонија...

Ристовска: Не ја коментираме содржината на тефтерот на Грујовски

Во домот на началникот на петтата управа на УБК, Горан Грујовски, навистина е пронајден тефтер, изјави за „Мета“ портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска, но во интерес на истрагата не сакаше да ја коментира неговата содржина. Неделникот „Фокус“ во новиот број пишува дека при претресот на станот на Грујовски обвинителите на СЈО пронашле тефтер, од чија содржина произлегува дека агенти...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...