fbpx
Таг: политичка криза

таг: политичка криза

Бугарската влада на стаклени нозе, Бојко Борисов се заканува пред вториот круг од изборите

Лидерот на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов пред вториот круг од локалните избори во Бугарија се заканува дека ќе стави крај на актуелната влада. За само неколку часа, тој се одлучи во Софија да го поддржи кандидатот на Бугарската социјалистичка партија Вања Григорова за вториот круг од локалните избори, а потоа изјави дека не е сигурен оти бугарскиот парламент ќе...

Битолскиот градоначалник реагира по разрешувањето на раководствата на јавните претпријатија

Откако од Советот на општина Битола завчера беа разрешени управните и надзорните одбори на битолските јавни претпријатија што беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ, со реакција се јави битолскиот градоначалник Тони Коњановски. Тој ги прогласи за спорни разрешувањата на членовите на раководните тела на претпријатијата, напоменувајќи дека нема да бидат објавени во „Службен гласник на општина Битола“. Коњановски најави поднесување иницијатива до...

ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби управните и надзорните одбори во битолските јавни претпријатија

Продолжуваат политичките препукувања во Советот на општина Битола. Со гласовите на советниците од СДСМ, на независната листа „Поинаку“ и на Левица, вчера доцна вечер беа разрешени членовите на управните и надзорните одбори на битолските јавни претпријатија „Водовод“, „Комуналец“, „Пазари“, „Паркинзи“, „Жабени“ и Културно-информативниот центар. Пред гласањето по овие точки, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија општинската седница, напоменувајќи дека е прекршен...

Пропадна и третиот обид да се состави влада, Бугарија повторно на избори

Бугарската социјалистичка партија (БСП) го враќа третиот мандат за формирање влада, со што Бугарија наскоро повторно ќе организира предвремени парламентарни избори, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Социјалистите денеска побараа претседателот Румен Радев да ги прими во понеделник за да го вратат мандатот, но тоа сепак ќе се случи во вторник. „Баравме решение за излегување од политичката криза. Ги поканивме сите лидери на...

Фајон по втор пат ја предупредува Подгорица: Можно е ЕУ да ги прекине преговорите со Црна Гора

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон вчера по втор пат ги предупреди властите во Подгорица дека постои голема опасност ЕУ да ги прекине пристапните преговори со Црна Гора, доколку не успее и шестиот обид за деблокада на Уставниот суд на оваа земја, пренесува Радио Слободна Европа. „Уставниот суд е приоритет пред сите приоритети. Денеска разговаравме за тоа какви се...

Медиапул: Три се варијантите за излез од политичката криза во Бугарија

Откако вчера, не сосема неочекувано, шоуменот и релативно тазе политичар Слави Трифонов објави дека министрите во четири-партитната влада на Бугарија од неговата партија „Има таков народ“ (ИТН) ќе станат од нивните фотелји поради острата спротивставеност на владините партнери во врска со политиката кон Северна Македонија и за трошењето на државните пари, бугарскиот новински сајт mediapool.bg предвидува три можни решенија...

Реакции на експерти по оставката на Заев: Тропа на врата политичка криза во земјава

Северна Македонија е пред политичка криза, со повеќе излезни решенија, но и со нејаснотии како ќе излезе од неа во ситуација кога на подрачјето на Западниот Балкан треба да се решаваат сериозни надворешнополитички прашања меѓу соседите, но и самава земја ќе треба да го решава спорот со Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ. Професорката Мирјана Најчевска од Институтот за...

Помпео во телефонски разговор побара од Лукашенко да се вклучи во дијалог со опозицијата

Тримесечната политичка криза во Белорусија никако да резултира со компромис меѓу белорускиот претседател Александар Лукашенко и опозицијата предводена од Светлана Тихановска. Здружената белоруска опозиција му даде рок до денеска на претседателот Лукашенко за да си поднесе оставка, а во спротивно се закани дека ќе организира генерален штрајк во Белорусија којшто би започнал од понеделник, јавува Би-би-си. Ваквиот ултиматум од белоруската...

Тригодишнина од првата „бомба“: Разговорите кои ја потресоа и ја променија Македонија

Со објавувањето на првиот комплет прислушувани разговори на 9 февруари 2015 година, по долго најавување во претходниот период, претседателот на тогаш опозициската партија СДСМ, Зоран Заев, предизвика лавина на настани и политички поместувања што после 11 години, минатата година ја симна од власта ВМРО-ДПМНЕ. Додека уште траеше објавувањето на бомбите, СДСМ почна да поднесува кривични пријави против државни функционери почнувајќи...

Рејтингот на Трамп и на САД секаде паѓа, освен во Македонија, Израел, Либерија и Белорусија

Една година од инаугурацијата на Доналд Трамп за нов аемрикански претседател, рејтингот на САД како светски лидер е опаднат во сите земји освен во четири, меѓу кои е и Македонија, пишува магазинот „Атлантик“ во текстот со наслов „Што имаат заедничко Израел, Либерија, Белорусија и Македонија?“ Истражувањето на рејтингот, на кој се повикува „Атлантик“ е спроведено од агенцијата „Галуп“ во 134...

Ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да ја коментираат изјавата на Груевски за оставка

И владејачкиот СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат официјално да ја коментираат денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека е подготвен да си поднесе оставка од позицијата прв човек на најголемата опозициска партија. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, за „Мета“ изјави дека партијата нема да ја коментира најавата. - Неумесно е за нас да се мешаме во внатрепартиските работи...

Во Каталонија затворени 15.000 работни места

Во Каталонија во октомври, во екот на политичката криза околу прогласувањето на независноста на овој регион, затворени се 15.000 работни места, соопшти шпанското Министерството за вработување и социјална безбедност. Политичката несигурност во Каталонија принудила 1.000 компании да ги преселат своите централи во други делови на Шпанија, од страв дека во случај на независност би можеле да останат надвор од заедничкиот европски пазар. Каталонија...

Заев: Ги решивме отворените прашања со Вучиќ

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за регионалната телевизија Н1  изјави дека ги решил сите отворени прашања што ги имал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по неговата изјава за македонското сценарио кое може да се прелее во Србија, но и по информациите кои велат дека поранешен член на БИА беше во Собранието. Заев вели дека Србија немала влијание или...

Руското МНР иронично му забележа на Столтенберг за изјавата по средбата со Заев

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на денешниот брифинг за новинарите иронично ја искоментира изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, во понеделникот оваа недела во Брисел. Захарова се осврна на изјавата на Столтенберг, во која тој рече дека секое мешање однадвор во внатрешните политички процеси на некоја земја...

Тачи до Жбогар: Дијалогот да продолжи со посредство на меѓународната заедница

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска разговарале за актуелната политичка ситуација, како и за неопходните реформи што Македонија мора да ги спроведе на патот кон евроатланските интеграции, соопштија денеска од ДПА. „Тачи го информираше амбасадорот на ЕУ за ставовите на ДПА околу политичката ситуација во земјата, како и за погледите на ДПА за решавање на внатрешните...

Хронологија: Како се смени власта во Македонија

Трите години политичка криза за граѓаните на Македонија беа тешки, исцрпувачки и стресни. Кризата не беше само политичка, таа премина и во економска, социјална, морална и етичка. Имаше серија протести и контрапротести, судења и контрасудења, истраги и контраистраги. Потпишан беше Договорот од Пржино, па потоа и Пржино 2. Имаше избори, но и одложени избори, се појавија прислушувани материјали, но...

Лајчак: Новата влада да ги премости поделбите во македонското општество

Шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, денеска изрази надеж дека со формирањето нова влада ќе се стави крај на политичката криза во Македонија и ќе почне да се работи на надминување на поделеноста на општеството. – Се надевам дека формирањето влада и мандатот на Зоран Заев означува крај на политичката криза, која, за жал, влијаеше на политичките случувања во Македонија...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и мнозинството еден месец ја блокираат локалната самоуправа

СДСМ и собраниското мнозинство имаат одговорност за одложувањето на локалните избори, со што се става под знак прашалник ефективното функционирање на локалната самоуправа, порача ВМРО-ДПМНЕ претпладнево преку соопштение. Партијата вели дека и еден месец откако „СДС насилно изведе сценарио за избор на претседател на Собранието, флагрантно кршејќи го Уставот, низа закони и деловникот за работа на Собранието“, во законодавниот дом нема...

НБРМ ја намали проекцијата за пораст на БДП од 3,5 на 2,5 отсто

Наспроти октомвриската проекција на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за 2017 година од 3,5 отсто, во априлската проекција на Народна банка, порастот на БДП е намален за еден отсто, односно на 2,5 отсто. Оваа корекција, според објаснувањето на НБРМ, е направена поради политичката криза, која што продолжи и на почетокот на 2017 година, иако при октомвриската прогноза се сметаше дека...

Албанскиот парламент го изгласа законот за проверка

Албанскиот парламент вчера донесе серија закони откако беше постигнат договор меѓу Социјалистичката партија и Демократската партија а надминување на кризата. Носењето закони следеше откако беа назначени нови министри од опозицијата, кои технички ќе раководат со секторите до парламентарните избори. Меѓу законите кои вчера беа донесени беше и законот за проверка. - Давањето пристап на опозицијата до владата за да ја...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...