fbpx
Таг: политичари

таг: политичари

Едно лице загина, а има и повредени во протестите во Парагвај

Стотина демонстранти излегоа на улиците на Асунсион, главниот град на Парагвај, во знак на протест, бидејќи Сенатот во тајност гласал за уставен амандман со кој му се овозможи на претседателот Хорасио Картес да се кандидира за втор претседателски мандат. Демонстрантите ја запалиле зградата на Конгресот, при што има повредени, а едно лице наводно било убиено од полицијата. Полицијата остро реагирала против...

СДСМ: ЕПП и Бундестагот јасно кажаа дека мора да се почитува парламентарното мнозинство

„И Резолуцијата на Европската народна партија (ЕПП), како и заклучоците на германскиот Бундестаг во кои се вели дека мора да се почитува парламентарното мнозинство и дека нови избори не се опција, се јасни пораки до Груевски и до Иванов да престанат со непресметливото однесување, кое ги загрозува државните и националните интереси на Македонија и интересите на граѓаните“, се вели...

Хан за „Дојче веле“: Мешањето на Рама е контрапродуктивно

Прво демократско предавање на власта, а потоа и спроведување на договорените реформи, порачува европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, во интервју за „Дојче веле“ во пресрет на посетата на Скопје, планирана за вторник, 21 март. Тој апелира до македонските политичари да се држат до Договорот од Пржино, но и ги предупредува дека „не треба да мислат дека со изборите и...

Арифи: Повикувањето на нетолеранција не е добро за иднината на земјата

„Повиците за поделба и за нетрпеливост не треба да бидат дел од агендите на политичките партии. Иднината на сите граѓани, без разлика на вера и на нација, е ЕУ и заради тоа е важно да се најде решение за сите прашања, а повикувањето на нетолеранција не е добро за иднината на земјата“, одговори потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, на новинарско...

ЦРМ бара „За заедничка Македонија“ да се погрижи за безбедноста на протестите

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) најостро го осудува вчерашниот напад на новинарите на информативниот портал „А1он“ од страна на учесници на протестот „За заедничка Македонија“ и бара брзо откривање и санкционирање на сторителите на нападот. - Колегите Александар Тодевски и Владимир Желчески совесно ја вршеле својата должност, да ја известуваат јавноста за настани од јавен интерес, и со ништо не...

Донесувањето закони не е доволно, треба да се спроведат во практика, порача Хан за Албанија

Еврокомесарот Јоханес Хан изјавил дека во Албанија не е доволно само да се донесуваат закони, туку преку конкретни дела да се покаже дека се спроведуваат реформите во правосудството, јавува дописничката на „Мета“ од Албанија. Хан, исто така, посочил дека политичарите и функционерите треба да бидат казнети ако се вмешани во корупција. Еврокомесарот истакнал дека потребно е да се провери функционалноста на институциите во Албанија и...

Грците разочарани од политичарите

Грчките граѓани остануваат песимисти дека политичарите од владата или опозицијата може да ги подобрат работите во државата. Нова анкета на солунскиот Универзитет „Македонија“, изработена за грчката телевизија „Скај“, покажува дека 72 отсто од Грците сметаат дека 2017 година ќе биде многу полоша од лани. Оптимисти дека работите ќе се подобрат се едвај 16 отсто од граѓаните. Грчките граѓани не се...

Политичка стабилност за кризата да заврши, посака Груевски во новогодишната честитка

И светот и ние во Македонија поминавме низ една тешка и турбулентна годинa, но и покрај политичката криза добро е што ја зачувавме економската стабилност, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во новогодишната честитка до граѓаните. - Сите нам и на економијата потребна ни е политичка стабилност. Таквата политичка стабилност би гарантирала уште поголем број инвестиции, отворање на нови работни...

Лидерот на Беса побара од граѓаните да гласаат за нови и некорумпирани политичари

Коалицијата Преродба со Беса на митингот одржан во Неготино, Полошко, побара од граѓаните да го дадат својот глас за нивната коалиција, во која, како што истакнаа од партијата, нема корумпирани политичари и која ќе се залага за редефинирање на државата, со што ќе се гарантира еднаквост на сите граѓани во сите сегменти од општественото живеење. Претседателот на Беса, Биљал Касами,...

„Бомбите“ ја сменија реториката, а политичарите останаа одлепени од реалноста

„Бомбите“ што ги објави опозицијата, покрај што предизвикаа промени на политичката сцена, влијаат и врз реториката на политичарите на предизборните митинзи, кои во овој предизборен период засилено користат националистички термини, но и навреди, сметаат аналитичарите. „Федерализација“, „кантонизација“, „двојазичност“ се дел од најупотребуваните термини од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митинзите. Тој, за овие наводни идни државни процеси го обвинува лидерот...

Утрово најзагадени се скопските населби Центар и Карпош

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање утрово измерија највисоки концентрации на честичките ПМ10 во Центар, односно 159,09 микрограми на еден кубен метар, во Карпош - 149,73 микрограми, Лисиче - 131,09 микрограми и во Гази Баба - 125,87 микрограми на еден кубен метар. Неодамна, на регионалниот форум на програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“  беше истакнато дека...

Прислушувани биле и Јанкулоска, Јанакиески, Ахмети, Тачи, Бошкоски, но не и Груевски

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се дел од незаконски прислушуваните политичари, откри јавната обвинителка Ленче Ристоска, одговарајќи на новинарско прашање при денешната презентација на истрагата „Таргет“. Таа откри дека поранешниот премиер Никола Груевски не бил незаконски прислушуван, а другите политичари биле прислушувани на неколку телефонски броеви...

Шкариќ: Собранието треба да го брани Уставот од желбите на политичарите

Сосема е нормално политичарите да бараат промени на Уставот какви што тие сакаат, но надлежните органи, пред сè, Собранието, се тие кои проценуваат дали тие промени се потребни и оправдани. Ова го истакна универзитетскиот професор по уставно право, Светомир Шакриќ, кој учествуваше на трибината што денеска се одржа во Штип по повод 25-годишнината од донесувањето на Уставот на Република Македонија. -...

Брисел: Политичарите да не напаѓаат дипломати, туку да се фокусираат на изборите

Македонските политичари да се воздржат од напади кон дипломати, амбасадори и кон други политичари и да се однесуваат професионално, порачуваат дипломатите од Брисел. Од Брисел им порачуваат на Владата и на сите политички фактори во земјава да се фокусират на тоа изборите да бидат фер и демократски и во изборната кампања политичарите да не водат валкани игри и да не упатуваат...

Утре марш „Борбата продолжува, гласот победува“ од СЈО до Собранието

Утре во 14 часот, граѓани, граѓански активисти, новинари и уметници ќе маршираат по повод 11 Октомври. Граѓанскиот марш го иницираат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, новинарите Томислав Кежаровски и Атанас Костовски, активистот Влатко Васиљ, актерката Ирена Ристиќ, музичарите Златко Ориѓански и Бени Шакири и припадничката на Сојузот на борци, Вера Бунтеска. Под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“, предводени од иницијаторите, граѓаните ќе го почнат маршот кај раскрсницата на булеварот...

Бејли: Со ЕУ работиме да осигураме дека договореното ќе биде исполнето пред изборите

Заедно со Европската Унија работиме на исполнување на тоа што политичките партии го договорија во јули, а го дополнија во август. Работиме на тоа да осигураме дека договореното ќе биде исполнето во пресрет на изборите. Ова синоќа го изјавил американскиот амбасадор Џес Бејли во Штип на свеченост по повод доаѓањето на нова група од 50 волонтери на Мировниот корпус. - Но, на крајот од...

Заев подготвен за ТВ-дуел, Груевски размислува

Дебатата за економските политики помеѓу министерот за финансии, Кирил Миноски, и дополнителниот заменик-министер за финaнсии, Кире Наумов, од 16 септември и вчерашната (6 октомври 2016) помеѓу министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и дополнителниот заменик-министер, Оливер Андонов, и покрај сите слабости, сепак се зрак надеж за повеќе од деценија закочените меѓусебни соочувања на политичарите. Тоа ја наметна дилемата дали е можен ТВ-дуел...

Политичари, новинари и уметници ќе маршираат заедно на 11 Октомври

Денеска на пладне во Кино Култура граѓански активисти, уметници и новинари ќе ги презентираат деталите за протесниот марш што ќе го организираат на 11 октомври. Како главни иницијатори на настанот се наведуваат Зоран Заев, Вера Бунтеска, Златко Ориѓански, Ирена Ристиќ, Томислав Кежаровски, Бени Шаќири, Атанас Костовски и Влатко Васиљ. Настанот ќе се одвива под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“.

Земјотресите ги исплашија: Каде исчезнаа Тодоров, Груевски, Трајановски и Јакимовски?

Неколку дена по земјотресите што го погодија Скопје, претседателот на Управувачкиот комитет за справување со кризи, Никола Тодоров, сè уште се нема појавено во јавност. Првиот состанок, пак, ова тело го имаше во неделата, на 11 септември, веднаш по земјотресот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, а вториот состанок се одржа на 12 септември. Иако по првиот вонреден состанок...

Во Велика Британија денеска протести против Брексит

Во повеќе британски градови денеска се планирани протести против излегувањето на Велика Британија од Европска Унија. Демонстрантите бараат да се паузира истапувањето и да продолжат блиските културни и економски врски со Европа. Демонстрантите, исто така, бараат и владата повеќе да го консултира јавното мислење пред да ги почне преговорите. За денеска се планирани собири во Лондон, Единбург и во Бирмингем. Се очекува на...

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...