fbpx
Таг: полагање

таг: полагање

Денеска почнува полагањето на државната матура

Денеска почнува полагањето на државната матура, а прв предмет што ќе се полага е мајчин јазик. На 9 јуни ќе се полага математика, а на 13 јуни во сите средни училишта ќе се полага странски јазик. На 15 јуни ќе се полагаат физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Оваа учебна година за државната матура се пријавени 16.859 ученици, од кои 8.729...

МОН го објави распоредот за екстерно тестирање на учениците

Министерството за образование објави кои предмети учениците од основните и од средните училишта ќе ги полагаат за екстерното тестирање што ќе се одржи на 7 јуни. За вториот дел од екстерното тестирање, што ќе се одржи на 10 јуни, распоредот ќе биде објавен во вторник. На следниот линк  учениците можат да проверат кој предмет ќе го полагаат на 7 јуни.

Крстовски: Изборите го поместија полагањето на државна матура

Директорите на училиштата, претседателите и секретарите на комисиите за спроведување на екстерно тестирање и на матурски испити деновиве имале состанок во Скопје, на кој им биле дадени термините за одржување на испитите. Ова, во вечерашното гостување на регионалната телевизија „Ирис“, го кажа директорот на штипското Средно општинско училиште „Коле Нехтенин“, Атанас Крстовски. - Секој година матурата се одржува на почетокот на...

Матурантите со повисок просек од минатата година

Просечната оцена од полагањето на осмата државна матура, за 2014/2015 година во јунската сесија, по сите предмети и во сите средни училишта во Република Македонија е 3,37, соопшти денеска директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Мируше Ахмети. Годинешната просечна оцена е повисока од минатогодишната, кога средниот успех беше 3,11. Според обработените податоци, по предметот мајчин јазик и литература средната оценка е...

Од утре почнува полагање на државната матура

Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат од утре до 19 јуни, а прелиминарните резултати ќе бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот тест. Сите испити ќе почнуваат во 10 часот. Според информацијата на Државниот испитен центар, матурантите утре ќе полагаат мајчин јазик и литература, на 15 јуни - странски јазик, на 17 јуни ќе се полага математика и на...

Tаксистите до утре можат да се пријават за полагање англиски јазик

Министерството за транспорт и врски информира дека утре истекува рокот во кој таксистите можат да се пријават за полагање на испитот за англиски јазик. Пријавувањето на кандидатите се врши на електронска пошта, [email protected], или во архивата на Министерството за транспорт и врски. Покрај пријавата, која може да се најде на веб-страницата на Министерството, кандидатите мора да приложат М1/М2 образец не...

Штипскиот универзитет ги поддржа измените на Законот за високо образование

Oткако Министерството за образование и наука го прифати предлогот, Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ ги поддржа измените на Законот за високо образование. Според предлогот од овој универзитет, студентите ќе може да полагаат една половина од предметите во третата студиска година, независно од тоа дали го положиле или не првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година. Притоа, Министерството прифати...

Груевски: Студентите ќе полагаат сè додека не положат

Ќе има можност секој да полага сè додека не положи, изјави денеска премиерот Никола Груевски во врска со воведувањето на екстерното тестирање за студентите. - Нам целта ни е ако некој дошол до преодна оценка без знаење, да биде натеран да научи. Тоа е единствената цел - рече тој. Груевски истакна дека намерите биле добри, но нема да се спроведат сè...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...