!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Млад охриѓанец ограбил куќа на сограѓанин


Охрид, 18 април, 2017 - 13:33 (META) 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И. (22) од Охрид, кого го товари за тешка кражба. Според пријавата, тој делото го сторил во периодот од јануари до март годинава, во куќа на улицата Дејан Војвода, сопственост на С.М. од Охрид.

Крадецот насилно влегол во куќата, при што одзел три детски велосипеди, една машина за перење алишта, три брусилки, еден апарат за заварување, една дупчалка за бетон, десет столови, една стаклена маса, една машина за миење садови, една вградувачка рерна, една микробранова печка и разновиден кујнски прибор, еден ЛЦД-телевизор и четири собни врати.

На тој начин, пријавениот С.И. стекнал противправна корист од околу 250.000 денари, вели полицијата.


Во пожар изгоре куќа во Кочани


Кочани, 24 ноември, 2014 - 11:16 (META) 

Пожар вчера избувнал во домот на 59-годишна жителка на Кочани, која во тој момнет била сама во куќата, пренесува „Плусинфо“.

Пожарот ја зафатил покуќнината, а жената, поради чадот кој го вдишувала, била пренесена во медицинскиот центар во Кочани.

Денеска, стручни тимови треба да извршат увид во домот на кочанката за да се утврдат причините за пожарот.