fbpx
Таг: погреб

таг: погреб

Најмалку 120 луѓе уапсени во Русија за учество на собири во спомен на Навални

Најмалку 120 луѓе беа уапсени во Русија за учество на собири во спомен на Алексеј Навални, кој вчера беше погребан во Москва по неговата сомнителна смрт во затвор минатиот месец. Навални беше погребан на гробиштата во близина на неговиот дом од детството во Москва, додека десетици илјади симпатизери беа спречувани од полицијата да се приклучат на церемонијата. На роднините и...

Навални погребан во Москва, го испратија илјадници Руси под силно полициско присуство

Илјадници Руси го скандираа името на Алексеј Навални изјавувајќи дека нема да им простат на властите за неговата смрт, додека денеска во Москва траеше погребот на најголемиот опонент на Владимир Путин. На видеата кои се емитуваа во живо од гробиштата Борисовски, мајката на Навални, Људмила и таткото Анатолиј се наведнаа над неговиот отворен ковчег за да го бакнат за последен...

Погребот на Навални во тензична атмосфера и под силно полициско обезбедување

Стотици луѓе се собрани зад металните полициски бариери кои го блокираат влезот во црквата каде што треба да се одржи богослужбата во Москва на опозицискиот лидер Алексеј Навални, најголемиот критичар на претседателот Владимир Путин, пред неговиот погреб, пренесуваат светските медиуми. Со големо полициско присуство, групите за човекови права ги предупредија ожалостените дека се можни апсења и немири. Навални ненадејно почина...

Телото на Навални е предадено на неговата мајка

Телото на водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални е вратено на неговата мајка, соопшти неговата портпаролка, a пренесоа светските медиуми. Во објава на социјалната мрежа Х, Кира Јармиш им се заблагодари на сите што побараа од властите да ги предадат неговите останки. „Погребот допрво треба да се одржи“, напиша таа. На мајката на Навални, Људмила, наводно ѝ било кажано да се согласи на...

Путин не планира да присуствува на погребот на Пригожин

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на Евгениј Пригожин, сопственикот на платеничката компанија „Вагнер Груп“, кој на крајот на минатата седмица загина во авионска несреќа, пренесува Асошиејтед Прес. Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател вели оти не знае каде ќе биде погребан Пригожин, иако некои руски медиуми пишуваат дека погребот би можел да се одржи денеска,...

Три недели по смртта, денеска ќе биде погребан Мемет Камбер

Денеска е погребот на Мемет Камбер, кој почина на 24 мај годинава, поради сериозни компликации предизвикани од неоткриен дијабет - момчето кое немаше здравствена книшка ниту пак лична карта, а со туѓа книшка отиде во болница кога веќе беше предоцна. Неговото безживотно тело три недели стоеше во капелата на гробиштата Бутел во Скопје, поради бирократски пречки од немањето документи. Административните...

Во Србија погреби на загинатите во двата масакра, во критична состојба се пет лица

Втор ден на жалост во Србија по двата масакра со огнено оружје што се случија во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и во селото Мало Орашје во близина на Младеновац. На белградските гробишта денеска ќе бидат погребани четири ученици и вработениот во обезбедувањето од школото во Белград, додека во Мало Орашје ќе се погребаат пет загинати момчиња што...

Заврши погребната служба за британската кралица Елизабета Втора

Околу 2.000 луѓе, од кои околу 500 државници, политичари и членови на кралски семејства присуствуваа денеска на церемонијата на државниот погреб на досегашната британска кралица Елизабета Втора, која владееше со кралството речиси 70 години - најдолго од сите британски монарси. Погребната служба се одржа во Вестминстерската Опатија во Лондон, каде Елизабета Втора се венчаше за својот сопруг принцот Филип...

Илјадници Руси му оддадоа последна почит на Михаил Горбачов, Путин не присуствуваше на погребот

Илјадници луѓе во Русија излегоа денес да оддадат последна почит на последниот советски лидер, Михаил Горбачов кој почина во вторникот на 91 година. Би-би-си јавува дека редици луѓе чекаа со часови да поминат покрај ковчегот во историската сала каде почиваат претходните советски лидери. Сепак човекот кој го надгледуваше распадот на СССР и кој стави крај на студената војна не доби државен...

[ФОТО] Со песните од „Парни ваљак“, Скопје се прости од Аки Рахимовски

Со песните од музичката група „Парни ваљак“, скопјани синоќа на плоштадот „Македонија“ му оддадоа почит на пејачот и некогашен нивни сограѓанин, Аки Рахимовски. Десетици граѓани ги пееја песните на оваа култна група, запалија свеќи во негова чест и се потпишаа во книгата на жалоста. Целодневниот настан во организација на радио Буба Мара вчера го посетија и бројни македонски музичари, како...

[Фото] Скопјани на плоштад му оддаваат последна почит на Аки Рахимовски

Бројни жители на главниот град денеска му оддадоа последна почит на пејачот Аки Рахимовски. На плоштадот „Македонија“ беше поставена книга на жалост, на која се потпишаа претседателот Стево Пендаровски и министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска. Со фронтменот на групата „Парни ваљак“ се простија и бројни музичари од земјава. „Почивај во мир голем пејачу и човеку“, „Ти благодарам за...

Вистиномер: Никој не нуди пари за семејството да потпише дека блискиот починал од ковид

Не е вистина дека болниците нудат пари на семејствата за покривање на погребните услуги доколку потпишат дека блискиот починал од ковид. Семејствата немаат право да одлучат од што починал нивниот близок, тоа е работа на лекарите, пишува „Вистиномер“ во анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост на Фејсбук, во којшто се тврди дека се „нудат пари на семејството, за...

ЦЈЗ ќе спроведе епидемиолошка анкета со семејството на Амди Бајрам, апел да се избегнат погребните ритуали

Откако кај починатиот Амди Бајрам постмортем било утврдено дека бил позитивен на ковид-19, Центарот за јавно здравје-Скопје итно ќе спроведе епидемиолошка анкета со најблиското семејство на починатиот, со цел точна и детална идентификација на контактите во изминатите денови, информираат од Министерството за здравство. „Со анкетата, ќе биде направена евалуација на степенот на ризик и ќе биде дадена препорака за тестирање,...

Најмалку 12 загинати во бомбашки напад во Кабул

Најмалку 12 лица загинале во бомбашки напад кој денеска се случил за време на погреб во главниот град на Авганистан, Кабул, јавуваат светските агенции. Три експлозии, како што пренесуваат агенциите, биле пријавени на гробиштата во областа Хаир Хан, каде бил погребот на син на локален политичар. Тој бил меѓу демонстрантите кон кои пукала полицијата за време на вчерашните протести во Кабул. Демонстрантите...

Почина писателот Мето Јовановски

По кратко боледување, вчера во кругот на семејството на 88-годишна возраст почина писателот Мето Јовановски. Јовановски беше претседател на Македонскиот ПЕН-центар и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Во кариерата долга шест децении, творештво на Јовановски брои повеќе од 30 книжевни дела. Објавуваше збирки песни, раскази, романи, песни за деца и од нив, особено расказите, се објавувани на повеќе светски...

Фидел Кастро погребан во Сантијаго де Куба

Урната со пепелта на поранешниот лидер на Куба, Фидел Кастро, денеска беше погребана во Сантијаго де Куба, каде пред повеќе од 60 години почна кубанската револуција, чиј водач беше Кастро. Погребот беше одржан откако кубанските власти во последен момент ги откажаа плановите церемонијата да биде пренесувана во живо на телевизија, на национално и на меѓународно ниво. На новинарите од странските...

Фидел Кастро денеска ќе биде погребан во Сантијаго де Куба

Денеска во Сантијаго де Куба ќе бидат погребани посмртните останки на поранешниот кубански водач Фидел Кастро. Вчера беше одржана меморијална служба која ја водеше братот на Кастро, кубанскиот претседател, Раул Кастро. Водачот на кубанската револуција и поранешен претседател на земјата, Фидел Кастро, почина на 25 ноември на 91 година. Урната со пепелта на Кастро пристигна во Сантијаго де Куба, каде пред...

САД нема да испратат официјална делегација на погребот на Фидел Кастро

Соединетите Американски Држави нема да испратат официјална државна делегација на погребот на кубанскиот лидер Фидел Кастро, соопшти денеска Белата куќа, јавуваат светските медиуми. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, денеска соопшти дека САД на погребот во Хавана ќе ги претставуваат заменик-советникот за национална безбедност, Бен Родс, и Џефри Делаурентис, кого претседателот на САД, Барак Обама, го номинираше за амбасадор во...

Путин нема да присуствува на погребот на Фидел Кастро

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на кубанскиот лидер Фидел Кастро, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков. Путин е многу зафатен подготвувајќи се за редовното годишно обраќање на нацијата, кое е планирано да се случи на 1 декември, додаде Песков. Руската делегација на погребот ќе ја предводи Вјачеслав Володин, близок соработник на Путин и претседател на руската...

Десетдневна жалост на Куба, погребот на Фидел Кастро на 4 декември

Кубанските власти прогласија десетдневна жалост поради смртта на револуционерниот лидер Фидел Кастро. Неговата урна ќе биде погребана на 4 декември, во историскиот југоисточен град Сантијаго де Куба. „Од 26 ноември до 4 декември ќе бидат запрени јавните активности и свечености, а националното знаме ќе биде спуштено на половина копје на јавните згради и на воените објекти“, соопштија кубанските власти. Претседателот на...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...