fbpx
Таг: поглавар

таг: поглавар

Честитки од Пендаровски и Ковачевски за Курбан бајрам

По повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, упатија честитка до сите граѓани од исламска вероисповед. „Ви посакувам празничните денови да ги поминете во слога, хармонија и благосостојба помагајќи им на сите на кои им е потребна помош, поткрепа и разбирање. Курбан бајрам, празникот кој се темели на солидарноста и дарежливоста, нека биде поттик...

Со рамазанскиот пост да ја подигнеме свесноста за излез од кризата со ковид-19, порача поглаварот на ИВЗ Фетаху

Поглаварот на Исламскате верска заедница Шаќир Фетаху упати честитка до муслиманските верници по повод првиот ден на Рамазан. „Објавата на Светиот Куран во овој месец, како и постот на неговите денови заради семоќниот Алах ја зајакнува напшата свесност за Бога, моралот, трпеливоста, жртвеноста, мирот, толеранцијата и хуманизмот. Овој Рамазан исто така пак не наоѓа во вонредна состојба поради пандемијата ковид-19,...

Српскиот патријарх Иринеј почина од ковид-19

По повеќе од две седмици боледување од ковид-19, утрово во 7.07 часот во воената ковид болница „Карабурма“ во Белград, починал српскиот патријарх Иринеј, соопшти претпладнево Српската Православна Црква - Пеќка Патријаршија (СПЦ). Засега нема детали за погребот. Од упокоениот српски патријарх прв се прости претседателот на Србија, Александар Вучиќ, уште пред да биде објавено официјалното соопштение на веб-сајтот на СПЦ. „Ми...

Спасовски и Заев се сретнаа со Цариградскиот патријарх и го поканија да ја посети земјава

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, во придружба на доскорешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, денеска во Истанбул, во седиштето на Цариградската патријаршија, имале средба со Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј, информираа Владата и СДСМ. Посетата била на покана од Цариградскиот патријарх до Заев, како...

Судир во ИВЗ, Бузаку се прогласи за реис, Реџепи ја оспори одлуката и посака смрт за судијката

Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, откако вчера Скендер Бузаку се прогласи за нов Реис-ул-улема на ИВЗ, рече дека на вонредниот состанок во Факултетот за исламски науки во Кондово, Ријасетот решил дека ќе се вклучи во пропагандата против власта доколку нема реформи во правосудството во земјата. Според него, со фалсификуван судски процес им е преземено седиштето, а...

Заев: Празникот на духовното помирување нека донесе лична и општествена зрелост

По повод празникот Прочка, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка до граѓаните што го чествуваат овој голем христијански празник, до поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, до Синодот и до претставниците на МПЦ. „На овој голем празник на духовно помирување, да се издигнеме над искушенијата што ја испитуваат нашата определба кон вредностите што ни се потребни како луѓе, но и како граѓани на едно општетство...

Сепаратисти нападнаа патрола во Уганда, 55 лица убиени

Најмалку 55 лица се убиени во западниот дел на Уганда при жестоки судири на безбедносните сили на Уганда и на сепаратистите. Судирите се поврзуваат со локалниот племенски поглавар кој не го признава претседателот на државата. До судирот дошло кога сепаратистите, членови на племето Рвензуруру, ја нападнале патролата на безбедносните сили. Според податоците на полицијата, загинале 14 полицајци и 41 сепаратист.

Шабани: Не мрдаме одовде додека Реџепи не си поднесе оставка

Ситуацијата во Исламската верска заедница е сè уште тензична и статус кво откако вчера скопскиот муфтија Ибрахим Шабани и неговите приврзаници упаднаа и го зазедоа седиштето на ИВЗ. Денеска пред седиштето на ИВЗ е мирно, но може да се почувствува извесна тензија, како ехо од вчерашните случувања. Неколкумина полицајци сè уште се пред влезот на службените простории и го контролираат...

Папата Франциск во јуни ќе го посети Сараево

Папата Франциск најави дека во јуни ќе го посети Сараево. Посетата е со цел да се заложи за мир во Босна и Херцеговина. Поглаварот на Римокатоличката црква посетата на Сараево на 6 јуни ја најави денеска, за време на обраќањето пред верници на неделната молитва на плоштадот Свети Петар. Папата од насобраните побара да се помолат за неговата еднодневна посета на...

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...