fbpx
Таг: поезија

таг: поезија

Марта Маркоска, најдобар млад автор

Годинашната награда „Бели мугри“ за млад автор до 35-годишна возраст, која ја доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје, отиде во рацете на авторката Марта Маркоска. Жири-комисијата, во чиј состав беа Бранко Цветкоски, претседател и Тодор Чаловски и Јованка Христовска, членови, одлучи да ѝ ја додели наградата на Марковска за поетскиот ракопис „Црни дупки во нас“. Втората награда ѝ е доделена на...

Конкурс за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

Здружението за литература, култура и наука „Бран“ од Струга и ревијата за книжевност „Бранувања“, петтипат го распишуваат востановениот конкурс за наградите „Крсте Чачански“ - за необјавена збирка на кратки раскази и „Јован Котески“ - за необјавена поетска збирка. Според пропозициите, расказите, односно песните не смеат претходно објавувани. Расказите треба да не се подолги од 100 реда (три страници новинарски проред)...

Нова стихозбирка од Раде Силјан

Нова стихозбирка на поетот и литературен критичар Раде Силјан, насловена „Отворена книга“, објави „Матица македонска“. Книгата е составена од единаесет подолги песни, поделени во три циклуси кои градат една неразделна тематска целина. Раде Силјан е автор на 15 поетски книги и на повеќе критичко-есеистички дела посветени на македонската книжевност. Негови дела се преведени на англиски, руски, турски, италијански, полски, романски, унгарски,...

Промоција на тријазична збирка хаику поезија

Пред бројни почитувачи на поезијата, писатели, граѓани и по некој странски посетител, во Охрид е промовирана новата збирка поезија - „Златна лира“, од Пандора Јовановска – Илиевска. Промоторот и рецензентот, писателот, доц. д-р Христо Петрески, нагласи дека хаику поезијата е за прецизни луѓе, а тоа природно и оди од рака на авторката Јовановска - Илиевска. Како што кај...

Избор од поезијата на академик Гане Тодоровски

. Со своите ставови и сфаќања за одредени теми никого не оставаше рамнодушен
Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат избор од поезијата на академик Гане Тодоровски под наслов „Биографија“. Со публикувањето на ова дело, во кое се застапени 85 песни, издавачот ја одбележува 85-годишнината од раѓањето на големиот македонски поет, научник и општественик. Изборот на песните го направи поетот и литературен критичар Раде Силјан, кој е автор и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...