fbpx
Таг: поет

таг: поет

Високи поетски признанија за Шипинкаровски, Петрески и за Мундишевска-Велјановска

Струшкиот поет Петко Шипинкаровски е добитник на Висока награда и на диплома од прв степен за песните „Езеро“, „Мочуриште“ и „Плагијат“, како и на наградата „Јубилејна грамота“ за учество на десеттиот Меѓународен славјански конкурс за преводи во поезијата (2016, 2017). Конкурсот го распиша еден од најголемите руски портали „Стихи ру“ од Москва, организиран од руската поетеса Олга Малцева Арзиани. На овој...

Поетот Чарлс Симиќ, годинашен лауреат на „Струшките вечери на поезијата”

Американскиот поет од српско потекло, Чарлс Симиќ, е годинашен добитник на наградата „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата”. Тој е роден во 1938 година во Белград, а подоцна емигрирал во САД. Се смета за еден од најзначајните современи американски поети, есеисти, критичари и преведувачи. Симиќ за своите дела е добитник на бројни реномирани книжевни награди, како што се „Пулицеровата награда“,...

„Рапави стихови“, нова книга од Милован Стефановски

Издаваштвото „Везилка 2011“ во својата едиција „Проза“ го објави најновиот роман „Рапави стихови“ од познатиот македонски писател и поет Милован Стефановски. Ова е четврти роман на Милован Стефановски и седумнаесетта објава во неговиот богат книжевен опус. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на „Струшки вечери на поезијата“, наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, како и на наградата за поема...

Почина францускиот поет Ив Бонфоа, добитник на струшкиот „Златен венец“

Почина еден од најзначајните француски и современи светски поети, Ив Бонфоа, кој за своето исклучително поетско творештво беше добитник на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ во 1999 година. Обемното книжевно дело на Бонфоа го сочинуваат поетски книги, студии, есеи и преводи. За своето творештво и за книжевно-истражувачката дејност бил награден со бројни признанија.

Поезија на Урошевиќ претставена на Саемот за книга во Солун

Солунските љубители на литературата имаа можност да се запознаат со македонското современо литературно творештво и култура на 13. Меѓународен саем на книгата во Солун, кој се одржува од 12 до 15 мај. На саемот има посебен македонски штанд, на кој се изложени книжевни дела што го претставуваат современото македонско творештво, монографии и научни дела за македонската култура и традиција. Покрај...

Ристо Лазаров на поетскиот фестивал „Војната и поезијата” во Романија

Македонскиот поет Ристо Лазаров учествува на Mеѓународниот поетски фестивал што до 15 мај се одржува во романскиот град Крајова, во чест на романскиот поетски великан од 19 век, Михаел Еминеску. На фестивалот учествуваат поети од триесетина земји од целиот свет. Покрај бројните поетски настапи, програмата предвидува и разговори на тема „Војната и поезијата“. Секоја година фестивалот објавува антологија од творештвото на неговите...

„Јазичен триптихон“, нова книга од Славе Ѓорѓо Димоски

Современиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски објави нова поетска книга, „Јазичен триптихон“, чиј издавач е „ПМВ Публикации“ од Скопје. Во книгата се поместени и три искажувања од Венко Андоновски, Санде Стојчевски и од Наташа Аврамовска. Книгата содржи пет подолги лирско-епски песни, од кои три го сочинуват „Јазичниот триптихон“ и две делот „Додаток“. Предмет на пеење е јазикот како прапочеток на сè,...

Почина Игор Исаковски

Почина Игор Исаковски, еден од најеминентните македонски поети, преведувачи и издавачи. Основач и директор е на културната установа „Блесок“, каде што работеше како главен и одговорен уредник на истоименото списание. Автор е на романите „Писма“ (1991) и „Пливање во прашина (2005), за кој ја доби и наградата „Прозни мајстори“. „Црно Сонце“ (1992), „Вулкан - Земја“ (1995), „Небо“ (1996), „Длабоко во дупката“ (2004),...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...