!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Пожарот во Пржино изгаснат, едено девојче пренесено на клиника


Скопје, 2 декември, 2017 - 12:31 (META) 

Вчера, околу 16.50 часот, во Скопје на улица Баница во Пржино, избувнал пожар во зграда, при што биле опожарени осум подрумски простории, кои една аптека ги користела како магацински простор, се вели во билтенот на МВР.

Во пожарот 10- годишно девојче вдишало чад и било однесено на Клиниката за токсикологија.

Од Противпожарната бригада информираат дека пожарот бил локализиран и во неговото гаснење интервенирале 30 пожарникари со седум возила.


Повеќе од 30 лица се повредени во пожар во Москва


Москва, 6 мај, 2017 - 14:49 (META) 

Повеќе од 30 лица се повредени, а околу 80 се евакуирани поради пожар кој зафати еден солитер на југозападот во Москва, соопшти денеска руското министерство за вонредни ситуации.

– Според потврдени информации, 77 станари, меѓу кои и 17 деца, биле евакуирани, а деветмина се префрлени во болница – изјавиле од ова министерство за руските медиуми.

Како што се наведува, пожарот избувнал синоќа, во подрум на зградата висока 40 ката, а најверојатно бил причинет од електрична инсталација.


Две кофи со муниција и гранати пронајдени во подрум од зграда во Чаир


Скопје, 6 февруари, 2017 - 15:46 (META) 

Вчера попладне, во 15.22 часот, во Единицата за информации и команда (ЕИК Скопје) било пријавено дека во подрумските простории од станбен објект во населбата Чаир биле пронајдени две кофи со разна минуција, рачни бомби и минофрлачки гранати.

„При увидот на местото на настанот, во подрумските простории, пронајдени биле 19 гранати калибар 40 милиметри во реденик, 12 гранати калибар 40 милиметри, залепени со селотејп во картонска кутија, две рачни бомби од кинеско производство, една запалка за рачна бомба, 25 куршуми маневарска муниција калибар 7,62 милиметри и 10 куршуми калибар 7, 62 милиметри боева муниција“, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека работат на целосно расчистување на случајот.