fbpx
Таг: подофицери

таг: подофицери

Армијата доби 120 нови подофицери и 150 професионални војници

Во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес, денеска се одржа свечена промоција на 120 подофицери и свечена заклетва на 150 професионални војници. Армиските припадници од редовите на професионалните војници поминаа тримесечна обука за подофицери во Командата за обука и доктрини, а денеска го добија првиот подофицерски чин. Министерката Славјанка Петровска на новите подофицери им порача дека секој кој што пристапува...

Промовирани 55 подофицери на АРМ, МО подготвува отпремнини за војниците постари од 45 години

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беа промовирани 55 подофицери, кои го завршија подофицерскиот курс на АРМ, и заедно со нивните 65 колеги кои беа произведени во подофицерски чинови во февруари годинава, го сочинуваат првото освежување на подофицерскиот кадар на АРМ во последниве 10 години, информираат од Министерството за одбрана. На свеченоста, министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека со...

Вишокот од Министерство за одбрана ќе оди во пензија, старите војници во државна агенција

АРМ чистење одбрана војска
Околу 300 вработени во Министерството за одбрана (МО) ќе заминат од оваа институција, најголемиот дел во пензија. Истовремено, се подготвува решение за продолжување на кариерата на војниците по навршување на 45 години старост. Тие, заедно со цел еден сектор од Министерството, веројатно ќе станат дел од нова државна агенција која, во рамки на плановите за ослободување од несуштински дејности...

Годинава првпат по десет години курс за подофицери во АРМ

Војската годинава, по цели десет години, ќе спроведе курс за подофицери, со кој дел од професионалните војници ќе можат да напредуваат во кариерата и нивните тригодишни договори за работа да ги заменат со договор за вработување на неопределено време. Ваков курс последен пат бил спроведен во 2009 година, единствен пат во периодот на постојаните кратења на буџетот на одбраната од...

Офицерите и подофицерите на АРМ со нови униформи

Со церемонија во Домот на АРМ во Скопје, денеска Министерството за одбрана ги промовираше новите службени униформи за офицерите и за подофицерите на АРМ, кои од денеска ќе бидат во употреба. Униформите ги претстави министерот за одбрана, Зоран Јолевски, кој посочи дека службените униформи се македонски производ – производството на ткаенината и шиењето е извршено во Македонија. Набавката е реализирана...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...