fbpx
Таг: поддршка

таг: поддршка

Анкета на НДИ: Дури 64 отсто од граѓаните сметаат дека земјата се движи во погрешна насока, паѓа поддршката за ЕУ

Дури 64 отсто од граѓаните на Северна Македонија веруваат дека земјата се движи во погрешна насока, покажува најновата нкета на јавното мислење на Националниот демократски институт (НДИ). Мало мнозинство граѓани во Северна Македонија (52 отсто) сметаат дека има назадување на демократијата. Високи 58 проценти од граѓаните ја преферираат демократијата како систем на владеење, но се скептични дека основните принципи како...

ФИТР: Поддршка за над 150 ученици од целата држава за иновативни зелени проекти

Вкупно деветнаесет основни и средни училишта од целата држава ќе реализираат зелени проекти за зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот, информираат од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Проектите се наградени во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи #4 – зелени проекти”, кој го спроведува Фонд за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството...

Османи-Рау: Полска смета дека Северна Македонија заслужува да отпочне преговори со ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на работна посета на Република Полска се сретна со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Збигњев Рау. Посетата се случува во пресрет на јунскиот самит, во контекст на засилениот ангажман за официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ, како стратешка цел на земјата и императив за целиот регион, соопшти македонското МНР. Во...

Коалиција „Маргини“ поддржува учебници без дискриминација и знаења кои промовираат еднаквост и инклузивност

Здруженија на граѓани и мрежи од граѓански организации, кои се дел од коалицијата „Маргини“ ги поздравуваат реформите предвидени во Предлог законот за учебници и други наставни и дидактички материјали и сметаат дека законот ќе донесе позитивни промени и напредок во образовните политики, особено од аспект на унапредување на пристапот до образование, еднаквоста и недискриминацијата во образованието. Според нив, клучен проблем,...

ЕБОР со еден милион евра кредит, продолжува со поддршката на малите и средни претпријатија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) продолжува со поддршката од Програмата за конкурентност на МСП во Северна Македонија обезбедувајќи кредит во износ од еден милион евра за Шпаркасе Лизинг доо Скопје, за натамошно кредитирање на малите и средни претпријатија (МСП). „МСП ќе можат да аплицираат за средства наменети за инвестирање во сопствена надградба, во насока на достигнување на ЕУ стандардите,...

Поддршка од наставниците: Промените во основното образование со придобивки за малцинските заедници

Промените кои ќе му се случат на основното образование со почетокот на следната учебна година се добри за целото општество. Она што имавме прилика да го видиме, а видовме многу, имајќи предвид дека целиот процес на конципирање на промените се одвива на транспарентен начин и со учество на сите засегнати страни, се работи за промени кои ги следат глобалните...

Платформата за ментално здравје „Разговор.мк“ доби инвестиција од балтички акселератор Startup Wise Guys

Разговор.мк е дел од акселераторската програма на Startup Wise Guys, организација од Балтикот која е една од најискусните во Европа на ова поле, информира Георги Михаилов, креатор на платформата, која нуди онлајн разговор со психолог. Потенцијалот за развој и општественото влијание беа пресудни за добиената инвестиција и покана да се стане дел од ова семејство на брзо-растечки стартапи, вели Михаилов Тој...

Бектеши уште еднаш ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија за мерките за помош на стопанството

Министерот за економија Крешник Бектеши, ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија од петтиот сет мерки на Владата, но и дел од законските решенија од четвртиот сет кој што беше донесен минатата година, а сѐ уште не се изгласани во Собранието. „Во Собранието сѐ уште има недонесени закони за реализирање на четвртите пакет мерки. Четвртиот сет економски мерки ги...

ССКМ бара формирање на посебен фонд за заздравување на женското претприемништво во услови на пандемија

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), Здружението на бизнис жени и Федерацијата на фармери покренуваат иницијатива за формирање на посебен фонд за финансиска поддршка на женското претприемништво, со барање да се изготват родово поделени статистики за проблемите од кризата и да се креираат мерки за заздравување на женското претприемништво. На жените им е потребна поголема поддршка преку пристапот...

Битиќи: Финансиската поддршка за плати за компаниите погодени од ковид-кризата ќе продолжи

Финансиска поддршка за плати за компаниите погодени од ковид-кризата ќе има, деталите се договараат со засегнатите страни најави денеска вицепремиерот за економски прашања и координација на економски ресори Фатмир Битиќи. Тој додаде дека не станало збор дека оваа мерка ќе се укине. „Ќе помогнеме на различни начини затоа што веќе знаеме кои се очекувањата, знаеме што не очекува понатаму, знаеме дека...

Бојкотот на наставата на дел од средношколците прекинува од утре

Сојузот на средношколци одлучи уште денеска ја да бојкотира наставата, а од 6 до 12 февруари привремено да прекине со бојкотот. „Ни требаат квалитетна настава и изменета државна матура и натамошен образовен и професионален развој. Поради ова, Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања“, велат од Сојузот на средношколци. Оттаму потсетуваат дека нивниот...

Порталб: Мотивацијата ги руши сите бариери до успехот, па дури и кога сте го изгубиле видот

Фисник Селими е 19-годишно момче од Скопје кое, поради болест, го изгубило видот во раното детство. Тој се соочил со оваа болест уште пред да го види светот добро и без да ги запознае нештата што го опкружуваат, раскажува Селими за Порталб.мк. Но, ова не го спречило да се прилагоди на околината и да се развива како и неговите врсници...

Заев најави помош од 100.000 евра за Хрватска, Пендаровски со сочувство кон настраданите во земјотресот

Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња, информираше премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил. „Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани...

Владата утврди неколку закони за финансиска помош и даночни олеснувања за компаниите

На 14. седница на Владата утврден е Предлог на Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година. „Со овој закон, се уредуваат условите и постапката за добивање на финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата...

Политичарката Александрија О.Кортез играше видео игра со цел да ги охрабри гледачите да гласаат

Познатата политичкарка од Демократската партија во САД, Александрија Окасио-Кортез вчеравечер дебитираше на стриминг платформата Twitch играјќи ја видео играта „Меѓу нас“, при што ги охрабри гледачите да гласаат. Нејзиниот пренос беше гледан од околу 500.000 гледачи од почетокот на нејзиниот стрим. Окасио-Кортез во понеделникот на Твитер се обрати прашувајќи: „Дали некој сака да игра со мене на Twitch за да...

Шаќири-Галовеј: Британската амбасада со постојана поддршка во процесот на реформа на јавната администрација

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. На средбата, министерот Шаќири изразил задоволство од успешната соработка меѓу Британската амбасада и МИОА и за континуираната поддршка во процесот на реформа на јавната администрација, со оглед на тоа што британската експертиза и помош се од исклучително значење. „Воедно беше изразена благодарност...

ФИТР: Поддршка за седум проекти за справување со климатски промени

Седум проекти добиваат поддршка во рамките на јавниот повик за справување со климатски промени 02-2, кој Фондот за иновации и технолошки развој, ФИТР, го реализира во соработка со Програмата за развој на ОН, УНДП, Министерството за надворешни работи на државата Израел, Министерство за животна средина и просторно планирање на С.Македонија, како и две партнер организации, Кајама Центарот за одржлив...

Средба на министерот Маричиќ со британската амбасадорка Галовеј

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј. Како што стои во соопштението на Министерството за правда, на средбата, министерот Маричиќ се заблагодари за досегашната поддршка на Обединетото Кралство во досегашните напори на Северна Македонија да изгради силни, транспарентни и ефикасни правосудни органи базирани на принципот на владеењето...

Владата ќе го помогне туристичко-угостителскиот сектор и со четвртиот пакет економски мерки

Поддршката за туристичко-угостителскиот сектор ќе продолжи и во наредниот период преку четвртиот пакет мерки кој е во фаза на подготовка, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши на средбата со претставници од Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Македонија. Мерките, како што додаде Бектеши, ќе се носат со целосна вклученост и консултација на секторот врз основа на...

ССК од Владата побара нов сет на мерки за спас на економијата

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) на денешната официјална средба со премиерот и економскиот тим, ги потенцираше приоритетите кои треба да отпочнат да се реализираат уште во првиот месец од формирањето на новата Влада, за справување со кризата, а потоа за економско закрепнување. Претседателката на Сојузот, Данела Арсовска на средбата со премиерот Зоран Заев  истакна дека најпрво е потребна...

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...