fbpx
Таг: поддршка

таг: поддршка

Раковец: Словенија ќе продолжи да биде верен пријател и поддржувач на Македонија

„Словенија ќе продолжи да биде верен поддржувач и искрен пријател на евроатлантските интеграции на Република Македонија. Ќе продолжиме да го помагаме вашиот пат кон членство во ЕУ и во НАТО“, рече денеска  амбасадорот на Словенија, Бранко Раковец, на приемот во Скопје по повод одбележување 24 години од независноста на Словенија. На приемот на кој присуствуваа претседателот на Собранието на РМ,...

Обединети за Македонија дава поддршка на барањето за преодна влада без Никола Груевски

Партијата Обединети за Македонија ги поддржува напорите на коалицискиот партнер СДСМ за формирање преодна влада, без Никола Груевски како премиер. „Обединети за Македонија ја потврдува својата улога за активен чинител во заедничката борба за ослободување на државата од политичките диктаторски стеги и за враќање на демократијата, почитувањето на човековите права и слободи, како и за ослободување на сите политички затвореници...

Јункер стои зад посредувањето на Хан во Македонија

Жан-Клод Јункер стои зад комесарот Јоханес Хан во однос на неговото посредување околу политичката криза во Македонија. Ова денеска на прес-конференција го кажал Маргаритис Схинас, портпарол на Европската комисија, пренесуваат медиумите. Во врска со нападите кон Хан дека бил пристрасен кон ВМРО-ДПМНЕ во посредувањето, Схинас рекол дека Јункер стои зад сите 27 членови на неговиот совет.

Состанок на опозицискиот блок: Малку време останува за договор за нови разговори

Претставниците на политичките партии од опозицискиот блок на денешниот консултативен состанок му дале поддршка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на начинот на кој настапува во разговорите за решавање на политичката криза, но, исто така, заеднички констатирале дека „можностите за продолжување на разговорите може да се разгледуваат уште многу кратко време“, стои во заедничкото соопштение на партиите, по...

Јолевски: Граѓаните и политичките партии даваат континуирана поддршка за влез во НАТО

Граѓаните на Македонија даваат континуирана висока поддршка на процесот за интеграција кон Алијансата, процес кој е поддржан и од политичките партии во Македонија, рече министерот Зоран Јолевски на Глобалниот форум „Вроцлав 15“ во Полска, односно на панел-дискусијата „Патот кон Европа“. - Македонија и земјите од регионот на следниот самит, кој ќе се одржи тука во Полска, треба да бидат поканети...

Поповска предлага една изборна единица со ист број жени и мажи на листите

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ го поддржа предлогот за измена на Законот за избори со една изборна единица, поднесен од Павле Трајанов. Како што пишува во соопштението на ДОМ, една изборна единца била нивна повеќегодишна желба. Поповска планира да поднесе амандмани на законот и за еднаков број на жени и на мажи на отворени листи. „Сиве овие промени ќе овозможат самостоен настап на партиите во...

Вељаноски се сретна со Батели и со Нотеле

Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, денеска се сретна со Роберто Батели, специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа, и со амбасадорот Андреас Нотеле, специјален претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Виена. Како што соопштија од кабинетот на Вељаноски, на средбата се разговарало за актуелните случувања во државата, можните исходи од моменталните политички случувања,...

Младите сметаат дека Македонија не е подготвена за влез во ЕУ

Поддршката за членство на Македонија во ЕУ е сè уште голема и непроменета во споредба со март 2014 година. Сепак, факторот „промена на името“ на државата кај значителен дел од граѓаните е влијателен при нивната поддршка за европскиот интеграциски процес, покажува новата теренска анкета за интеграцијата на Макеоднија во ЕУ, што ја изработи Институт за демократија „Социетас цивилис“. Според анкетата, мнозинство граѓани поддржуваат...

Воздушна поддршка од САД и од Турција за бунтовниците во Сирија

Турција и САД постигнале договор за нудење воздушна заштита на сириските бунтовници, кои ќе бидат обучени и опремени за борба против Исламска држава, изјави министерот за одбрана на Турција, Мевлут Чавушоглу. Тој не наведе детали како ќе се изведе заштитата од воздух. Американски официјални лица претходно изјавија дека целта е во наредните три години, годишно да се обучат по 5.000...

Заев се сретна со амбасадорот на Италија, Масимо Белели

Зоран Заев, придружуван од Лидија Димова, денеска се сретна со директорот за Западен Балкан и Централно-европската иницијатива во ЕУ при Министерството за надворешни работи на Италија, Андреа Орицио, придружуван од амбасадорот на Италија во Македонија, Масимо Белели. Како што соопштија од СДСМ, тема на разговорот била актуелната политичка криза во земјава и шансите низ дијалог да се дојде до решение. Заев...

Се зголемува бројот на странци кои ќе учествуваат на протестот в недела

Ричард Ховит, Кунт Фленкенштајн и Џакомо Филипе, генерален секретар на ПЕС, пратеници од Шведска и претставници на Социјалистичката партија во Финска, ќе бидат гости на СДСМ на масовниот граѓански протест кој е планирано да почне в недела, во 14 часот. Официјално од СДСМ велат дека нивните колеги ќе дојдат да им изразат поддршка во борбата против режимот, но според неофицијални информации,...

Ахмети се сретна со претставници на ОБСЕ

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, денеска во Скопје се сретна со специјалниот претставник на ОБСЕ за Западен Балкан, амбасадорот Герард Стоудман, како и со високиот комесар за правата на заедниците, Астрид Tорс. Ахмети изразил благодарност за конструктивниот придонес на ОБСЕ и на меѓународната заедница за надминување на тензичната ситуација во Куманово. Тој побарал поголема соработка и регионална комуникација за сите прашања...

Граѓаните се собраа на плоштадите во Скопје за поддршка на полицијата

Неколку стотини граѓани, придружувани од градоначалниците на Град Скопје, Коце Трајановски, и на општина Гази Баба, Тони Трајковски, денеска се собраа на плоштадот Филип Втори во Гази Баба за да им дадат поддршка на полицајците. На симболичниот собир, граѓаните со едноминутно молчење им одадоа почит на полицајците што загинаа во Куманово. Насобраните од плоштадот се упатија кон полициската станица во општината, каде...

Битола, Прилеп и Охрид порачаа дека се заедно со тие што нè чуваат

Неколку илјади битолчани се собрани на Широк сокак пред Офицерскиот дом со македонски знамиња, но и со знамињата од Кутлеш за да дадат поддршка на полицијата. Во Битола на чело собирот е преспанско-пелагонискиот владика г. Петар, во придружба со неколку свештеници и на градоначалникот на Битола, Владимир Талески. - Ќе направиме еден марш низ најубавата улица на Балканот за да дадеме поддршка...

Вечерашните собири не се пријавени, МВР ветува безбедност

Со вообичаено полициско обезбедување, денеска ќе се чува јавниот ред и мир во главниот град, каде две спротиставени групи треба да одржат собири. Од СВР Скопје велат дека ниту еден собир не е пријавен, но полицијата ќе ги преземе сите потребни мерки за нивно безбедно одржување. Едниот протестен собир ќе почне во 18 часот пред Владата. Активистите ќе бараат оставки и одговорност...

Светската лимнолошка организација со поддршка за иницијативата за спас на Студенчишко блато

Светската лимнолошка организација, преку својата фејсбук-страница, објави поддршка за Декларацијата за заштита на природното и културното наследство на Охрид и за спас на Студенчишко блато, на „Охрид СОС“. „Древното Охридско Езеро се соочува со разорна дестабилизација на екосистемот. Властите одобрија урбанистички планови кои ќе го прекријат со бетон едно од последните мочуришта за патишта и за хотели, што ќе ја...

Средношколците собираат потписи за поддршка

Во „Средношколски фронт“ во Паркот на новинари во тек е потпишување петиција за поддршка на нивните барања. Како што велат средношколците, собирањето потписи е за нивните барања уште повеќе да добијат тежина и да бидат сериозно сфатени од надлежните. - Апелираме до секој совесен граѓанин да дојде и да ја искаже својата поддршка во паркот спроти Министерство за образование и наука...

„Студентски пленум“: В четврток студените ќе маршираат заедно со средношколците

„Студентски пленум“ го поддржува маршот на средношколците и в четврток истовремено ќе одржи студентски марш, кој ќе почне во 12 часот на платото на УКИМ, а потоа ќе се упатат кон Владата. Таму ќе се сретнат со средношколците и заедно ќе маршираат кон Министерството за образование и наука. - Ѝ порачуваме на власта конечно да ја напушти позицијата на сила...

Обама: Хилари Клинтон би била одличен претседател на САД

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека поранешниот државен секретар Хилари Клинтон би била добар претседател на САД. - Таа беше одличен кандидат во 2008 година. Ме поддржуваше на изборите. Беше прекрасен државен секретар. Таа е мој пријател. Сметам дека би била добар претседател - истакна Обама пред очекуваното објавување на кандидатурата на Хилари Клинтон за Белата куќа.

ГРОМ бара опозицијата да се врати во Собранието

„Падна големата лага на Зоран Заев и на Социјалдемократскиот сојуз со која ги држеше во уверување јавноста и своето членство дека има меѓународна поддршка за аферата „Пуч“. По изјаснувањето на европратеникот Иво Вајгл, повеќе од јасно е дека европските инстанци инсистираат на институционално решавање на политичката криза во Македонија“, рече на денешната прес-конференција Љупчо Пренџов, организациски секретар на Граѓанска опција...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...