fbpx
Таг: податоци

таг: податоци

МИОА и ВМРО-ДПМНЕ: Манипулациите на Кирацовски ги поминаа сите граници

Од Министерството за информатичко општество и администрација реагираат на прес-конференцијата на дополнителниот заменик министер Алексндар Кирацовски. Оттаму велат дека Кирацовски изнесува манипулации кои „ги поминале сите граници“. – Несовесноста, неодговорноста и незаинтересираноста на Кирацовски и на луѓето што ги распореди во својот кабинет, сака да ги оправда со префрлање на вината на луѓе кои деноноќно работејќи, професионално и стручно, си ја...

Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прекршуваат Договорот од Пржино

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сами составиле тимови што треба да ги внесат податоците од теренската проверка на избирачкиот список во специјална електронска евиденција за потребите на Државната изборна комисија, обвини денеска Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација. - Министерката Арсовска-Томовска и државниот секретар Јахи Јахија, на своја рака и без да ја запазат процедурата на врзан потпис, испратиле...

Лондон бара копија од „Панама пејперс“

Британската влада побара денеска копија од податоците што протекоа во медиумите за клиентите на адвокатската фирма од Панама, за да може да ги проучи тие информации и да дејствува по повод евентуално затајување данок. Во документите се објавени податоци на неколку стотини илјади клиенти на адвокатската компанија „Мосак Фонсека“, а во еден од документите е споменат и Ијан Камерон, покојниот татко...

ДИК: Теренските проверки се во завршна фаза

Теренските проверки на сомнителните гласачи во сите подрачани одделенија на Државната изборна комисија (ДИК) се во завршна фаза, соопштија вечерва од ДИК. Оттаму додаваат дека во моментов Комисијата е фокусирана на внесување и обработка на податоците од анкетните прашалници во единствената електронска апликација. „Државната изборна комисија информира дека теренските проверки на Избирачкиот список се спроведуваат во согласност со определената...

Борисов: Податоците од Иванов за мигрантските рути ги предадов на ДАНС

Информациите добиени од македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, за новите мигрантски рути, ги предадов на службите, изјави денеска во бугарскиот парламент премиерот на земјата, Бојко Борисов, пренесува „БГНес“. - Тоа што пред неколу дена претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ме замоли, јас го пренесов на средбата на Европскиот совет. Нивните служби ги добија новите рути. Сето тоа е доставено на...

Просечната плата во декември изнесувала 22.715 денари

Просечната нето-плата, во декември 2015 година, изнесувала 22.715 денари, а бруто-платата истиот месец изнесувала 33.299 денари, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Во декември 2015 година се забележува зголемување на платата од 1,4 отсто во споредба со истиот месец од 2014 година. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите административни и помошни услужни дејности (11 проценти), уметност, забава...

Европската комисија предлага јавен пристап до податоците за мултинационални компании

Европскиот комесар за финансии, Пјер Московиси, денеска изјави дека Европската комисија во април ќе предложи, финансиските податоци на мултинационалните компании во земјите на Европската унија да станат достапни за јавноста. - Секоја мултинационална компанија треба да ги објавува своите активности, резултати,  финансиски и сметководствени податоци во секоја земја поединечно - изјави Московиси за радиото „Франс антер“. Тој истакна дека Организацијата за економска соработка...

ДИК како „Гугл“: По проверката на базите, податоците ќе бидат ставени во серверот за вкрстување

Државната изборна комисија ги има донесено сите потребни акти за постапката за проверка и за ажурирање, како и целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во избирачкиот список, соопшти денеска ДИК, по прозивката од ВМРО-ДПМНЕ јавно да кажат колку време им е потребно за прочистување на избирачкиот список. „Четворицата консултанти за информатичка технологија предложени од четирите најголеми политички партии...

ДИК на средбата со Бејли и со Орав: Наскоро ќе почнат вкрстените проверки на списокот

Членовите на Државната изборна комисија денеска се сретнаа со амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Џес Бејли и Аиво Орав. Како што пишува во соопштението на ДИК, амбасадорите ја нагласиле поддршката за работата на Државната изборна комисија за организирање и за спроведување на фер и демократски избори. „Државната изборна комисија истакна дека што се однесува до прочистувањето на избирачкиот...

ДИК денеска ќе го тестира системот, а од утре ќе го чисти избирачкиот список

Државната изборна комисија денеска ќе врши тестирање на системот за вкрстување на податоци, а од утре ќе ја почне постапката за прочистување на избирачкиот список. Како што нè информираше Субхи Јакупи, член на ДИК, обезбедени се податоци од 10 релевантни институции, а првичната процена е дека процедурата ќе трае неколку дена, по што треба да следува теренска проверка. - Од...

До крајот на неделава ќе почне прочистувањето на избирачкиот список

До крајот на неделава или најдоцна до понеделник ќе почне прочистувањето на избирачкиот список, дознава „Мета“. Извори од Државната изборна комисија (ДИК) велат „подготовките се при крај и во наредните денови ќе почне проверката“. Членовите на ДИК минатата недела усвоија одлука при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 10 институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата...

ДИК: Избирачкиот список ќе се прочистува во простории со блокатори на радиофреквенции

Целта и задачата на Државната изборна комисија е да спроведе избори во рамките на Уставот и на законите на државата, а резултатите да бидат признати и прифатени од сите учесници во изборите и од граѓаните, рече претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, на денешната прес-конференција. Чичаковски додаде дека ДИК прави сè да се направи избирачки список во кој сите ќе веруваат...

За вкрстување на податоците, ДИК ќе ги користи базите на 13 институции

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашнава седница усвоиле одлука при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 13 институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата за јавни приходи (УЈП), Народна банка, Агенцијата за катастар, Министреството за труд и социјална политика и други. Седницата на ДИК, која беше закажана за 17.45 часот, заврши за само...

Катастарот утре и задутре нема да прима барања и да издава податоци

Агенцијата за катастар на недвижности утре и задутре нема да работи. Агенцијата во соопштение пишува дека утре и задутре електронскиот шалтер, како и шалтерите во Центарот за катастар на недвижност - Скопје и во одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија нема да бидат во можност да примаат барања и да издаваат податоци. „Агенцијата за катастар на недвижности ќе изврши надградба...

Европски суд на правда: Трансферот на податоци од ЕУ во САД е нелегален

Системот кој им овозможува на илјадници компании да пренесуваат податоци од ЕУ во САД е нелегален, соопшти денеска Европскиот суд за правда. Судот донел пресуда во полза на еден австриски студент по право, кој тврдел дека трансатлантскиот договор за заштита на податоците не ги штити потрошувачите на соодветен начин. Случајот се темели на наводната практика на „Фејсбук“ да доставува информации до американските...

Кина, главен осомничен за големиот хакерски напад на САД

Кина е „главниот осомничен“ за големиот хакерски напад на владината агенција на САД задолжена за чување на личните досиеја на милиони Американци, изјавил шефот на разузнавањето на САД, Џемјс Клапер. Клапер е највисоко рангираниот службеник на САД што јавно го поврза Пекинг со упадот во системот со податоци. Од друга страна, Кина ги отфрла наводите за вмешаност во хакерскиот напад. Изјавата на високиот американски...

Воената и разузнавачката администрација на САД, цел на хакерски напад

Хакери, за кои постојат сомневања дека се поврзани со Кина, извршиле напад на системите на разузнавачката и на воената администрација на САД и, наводно, дошле до чувствителни информации за повеќе од еден милион вработени, пишува „Вашингтон пост“. Како што пренесува „Би-Би-Си“, информации за големиот хакерски напад се појавиле минатата недела, но официцијални лица на САД сега соопштуваат детали за нов пробив. Постојат...

ЕУ: Естонија и Полска да ги достават даночните информации

Европската унија им нареди на Естонија и на Полска што поскоро да ги достават информациите за даночните договори што ги имале со одредени компании, како што тоа го направиле останатите членки на ЕУ по аферата „Луксликс“ која покажа дека на меѓународните компании им се давани даночни олеснувања. Комисијата во декември им нареди на сите земји на ЕУ да ги предадат даночните информации...

Промовирана веб-страницата на Школата за податоци

Концептот на отворени податоци е генератор на просперитетот и на демократизацијата на општеството, рече амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Чарлс Едмунд Герет, на денешната промоција на веб-страницата на Школата за податоци – Македонија. Таа нуди константна поддршка на граѓанските организации, новинарите и на сите заинтересирани граѓани во употреба на податоците како дел од проектот „Мрежа на граѓански организации за...

ЕВН ќе ги ажурира личните податоци на корисниците

Со сметките за електрична енергија од „ЕВН Македонија“, граѓаните ќе добиваат и образец за ажурирање на нивните податоци, а кој ќе се пополнува на доброволна основа. Пополнувањето на обрасците е дел од кампањата што ја почнаа денеска Дирекцијата за заштита на личните податоци и „ЕВН Македонија“, за ажурирање на личните податоци на корисниците на енергетската компанија. Целта е подобрување на услугата...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...