fbpx
Таг: починат

таг: починат

Работник починал на градилиште во Скопје

Градежен работник денеска, околу пладне, починал на градилиште на улицата Филип Втори во Скопје. Информацијата за „Мета“ ја потврдија од Секторот за внатрешни работи Скопје, од каде велат дека станува збор за работникот Д.Д., кој бил на 48-годишна возраст. Според полицијата, на работникот, од засега непознати причини, му се слошило и по кратко време починал. Полициска екипа извршила увид на местото,...

Почина првиот заболен од Западнонилска треска во Србија

Пациентот кој бил инфициран од вирусот на Западнонилска треска почина на Клиниката за инфективни и тропски болести во Београд, информираат од Клиничкиот центар во Србија. Пациентот, кој имал 56 години, на лекар дошол доцна, една недела откако го каснал инфициран комарец. Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ вчера соопшти дека е регистриран првиот случај на овој вирус во Србија, кај...

Талибанскиот лидер Мула Омар починал пред две години во Пакистан

Лидерот на талибанците, Мула Омар, починал пред две години во болница во Пакистан, изјавил за „Би-Би-Си“ портпаролот на авганистанските безбедносни служби, Абдул Хасиб Седики. Според Седики, Мула Омар починал од здравствени проблеми во 2013 година во болница во Пакистан. Од авганистанската влада, пак, соопштиле дека во тек е истрага во врска со тврдењата за смртта на Омар. Изминатиов период во медиумите се...

Полицијата трага по вториот осомничен за пукањето во Тетово

Полицијата трага по уште едно лице за кое се сомнева дека учествувало во вооружената пресметка во Тетово, во која почина 22-годишниот  А.А., а повредени беа 11 лица. Шест лица на возраст од 20 до 25 години добија потешки повреди и се хоспитализирани во Скопје. Четири други лица се со телесни повреди и ним им е укажана помош во болницата во Тетово. Полицијата...

Утре пристигнува телото на починатиот штипјанец од Шпанија

Речиси три недели по смртта, утре попладне, на скопскиот аеродром се очекува од Шпанија да пристигне телото на 33-годишниот штипјанец Сашко Коцев. Погребот ќе се изврши в четврток, во родниот Штип. За да се пренесе телото на Коцев, кој почина во сообраќајна несреќа, беше организирана донаторска акција. Граѓаните беа повикани да донираат бидејќи семејството не беше во можност да собере повеќе...

Почина Жељу Желев, првиот што ја призна Македонија

Денеска, на 79-годишна возраст, почина првиот демократски избран претседател на Бугарија, д-р Жељу Желев, соопштија од прес-секретаријатот на претседателот на државата, јавува агенцијата БТА. Желев е роден на 3 март 1935 година, во селото Веселиново кај Шумен. Средно образование завршил во гимназијата во Шумен, а во 1958 година дипломирал филозофија на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Филозоф, дисидент, политичар и државник,...

Почина актерот Васил Шишков

Вчеравечер во Скопје почина актерот Васил Шишков. Васил Шишков е роден во 1970 година. Тој беше син на еден од великаните на македонскиот театар, актерот Ристо Шишков. На македонската театарска сцена Васил Шишков е активен од 1991 година, а има остварено и повеќе улоги во македонски филмови како „Џипси меџик“, „Бог да ги убие шпионите“, „Македонија може“, „Бумбари“ и други. Околностите и причините...

Почина тешко повредениот во сообраќајката кај Штип

Лицето што беше тешко повредено во сообраќајната несреќа која денеска претпладне се случи пред 9 часот, на патот Радовиш – Штип, во месноста Шести километар, почина во болницата во Штип. Според информации од полицијата, возилото со марка „форд ескорд“ со радовишки регистерски таблички, се забило во дрво покрај патот.  

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...