fbpx
Таг: починат

таг: починат

Лекар од Скопје пронајден во автомобил избоден до смрт во Железара

На паркингот пред поранешната клиника Железара, во возило „Киа“ вчеравечер бил пронајден починат 67-годишниот А.Т. од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој бил пронајден во сопствениот автомобил со повеќе убодни рани. Јавното обвинителство соопшти дека починатиот бил лекар. Го пронашле неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. „Лекар од Итна медицинска помош констатирал...

Во нива во гостиварско пронајден починат маж, со рани нанесени од животни

Осумдесет и три годишен маж од гостиварското село Форино бил пронајден мртов во нива во близина на штала што ја користело неговото семејство. На телото имал повеќе рани, кои најверојатно биле нанесени од животни, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Случајот во полиција вчера попладне го пријавил синот на починатиот, 48-годишниот Р.Е., кој го пронашол својот татко паднат на земја...

На Пелистер пронајдено тело на починат планинар

На планината Пелистер денеска е пронајдено тело на починато лице, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Починатото лице – повозрасен планинар од Скопје, со иницијали А.С., било пронајдено кај месноста „Ловечка куќа“ на Пелистер на околу 2.000 метри надморска височина. Како што информира ЦУК, за случајот е известена Дирекцијата за заштита и спасување од Битола, чиј тим за интервенции во...

Маж згмечен до смрт од робот во Јужна Кореја

Човек е згмечен до смрт од робот во Јужна Кореја, откако машината не успеала да го разликува од кутиите со храна што ги ракувала, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, а пренесе Би-би-си. Инцидентот се случил кога 40-годишниот маж, вработен во компанијата за роботика, ги проверувал операциите на сензорот на роботот. Роботската рака во фабриката вршела сортирање на пиперки во провинцијата...

Ачковска повикана во полиција за објавата дека момче починало откако му ставиле дрога во пијалокот

Универзитетската професорка Виолета Ачковска, која завчера на Фејсбук објави статус во кој напиша дека гимназијалец починал откако во пијачката во кафуле му била ставена дрога, денеска била повикана на разговор во полициска станица, известија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Ачковска изјавила дека нема информации за настанот и дека „за тоа слушнала од муабети од деца“. „Денеска во полициска станица при...

Смртта на средношколец од Скопје злоупотребена на социјалните мрежи

Смртта на средношколец од Скопје, кој починал пред три дена, денеска масовно се злоупотребува на социјалните мрежи, откако професорката на Институтот за историја при УКИМ, Виолета Ачковска, објави дека средношколецот всушност бил отруен од „дрога ставена во пијалок во кафич“. Околу 12 часа по објавата на постот на Фејсбук, професорката го избриша, но во меѓувреме многу други профили на...

Македонски државјанин пронајден мртов во Софија

Македонски државјанин викендов бил пронајден мртов во Софија, објави „Слободен печат“, повикувајќи се на бугарското Министерство за внатрешни работи. Како што објави медиумот, станува збор за 26- годишниот Стојан Спасов од Виница кој бил пронајден починат во близина на шопинг молот „Парадајс“ во центарот на Софија. Од Министерство за надворешни работи (МНР) соопштија дека преку македонското МВР веќе е стапено во...

Хрватската амбасада пружа помош на семејството на ракометарот Денис Тот, клубовите се простуваат од колегата

Семејството на 27-годишниот ракометар Денис Тот, кој денес почина на Клиника за реанимација, анестезија и интензивно лекување КАРИЛ е во Скопје, потврди за Мета.мк хрватска амбасадорка Нивес Тингањ. „Ова е голема семејна трагедија. Членови на семејството се пристигнати во Скопје. Амбасадата им пружа меѓународна правна помош. Ние сме во контакт со родителите и со докторката Маја Мојсова и правиме сè...

Почина претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП), Давид Сасоли почина синоќа во болница во Италија, соопшти портпаролот на ЕП Роберто Куиљо на Твитер. 65-годишниот Сасоли престојувал во центар за онкологија во Италија повеќе од две недели „поради тешки компликации настанати поради проблеми со имунолошкиот систем“. Европскиот парламент објави дека знамињата се спуштени во негова чест. „Нашето најдлабоко сочувство е до неговото семејство и...

Од 3.353 тестирања, 1.168 нови случаи на ковид-19 – како и 18 починати

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 3.353 тестирања за ковид-19, биле регистрирани 1.168 нови случаи, односно во: Скопје-513, Куманово-68, Дебар-6, Штип-27, Прилеп-77, Тетово-65, Струга-40, Велес-36, Битола-58, Охрид-25, Кавадарци-29, Гостивар-30, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-19, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-6, Виница-5, Делчево-3, Кратово-11, Свети Николе-33, Кичево-42, Ресен-4, Неготино-7. Денеска Институтот за...

Загина 27 годишно лице во сообраќајна незгода на патот од Охрид кон Св.Наум

Синоќа во сообраќајна незгода на патот Охрид - Св.Наум дошло до судир на три возила „Цитроен Ц3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот И.К. од Битола, „Голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(23), од охридското село Лескоец и „Фолксваген Пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(26) од прилепското село Мало Коњаре, соопштија од Секторот за внатрешни...

Кочанчанец почина од Ковид-19

На клиниките во Скопје, почина едно лице од Кочани, за коe се смета дека е првозаболениот од овој град од Ковид-19. Веста ја потврди градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој изутрината бил информиран од семејството на починатиот. Семејството, кое е во изолација, побарало помош од општината, бидејќи најблиските на починатиот не смеат да излегуваат од дома. Општина Кочани најави дека ќе...

Почина американскиот сенатор и воен херој Џон Мекејн

Вчера во неговиот дом во Корнвил, Аризона, почина американскиот воен херој и политичар Џон Мекејн (81), објави неговото семејство. Мекејн, кој служеше како шест кратен републикански сенатор од Аризона, подолго време боледуваше од рак на мозокот и пред неколку дена најави дека го прекинува третманот. Сопругата Синди Мекејн пиша на Твитер: „Моето срце е скршено. Имав среќа што во тек...

Параглајдерист починал по слетувањето во Гевгелиско

М.Ќ.(47) од село Мрзенци-гевгелиско, кој бил член на Клуб за екстремни спортови, вчера бил пронајден починат над село Сермин-гевгелиско, во близина на манастирот „Свети Илија“. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера, попладне во 15 часот. На М.Ќ., по неговото успешно слетување со параглајдер, му се слошило и по кратко време тој починал. Од страна на лекар од Итната медицинска...

Кавадарчанец одбивал лекарска помош, а потоа бил пронајден мртов

Кавадарчанец вчера ноќта бил пронајден починат пред Здравствен дом Кавадарци, откако претходно пијан правел проблеми на вработените и одбивал лекарска помош, соопшти МВР. Случајот го пријавиле дежурните медицински лица во 1.10 часот вчера, кои на кавадаречките полицајци им кажале дека првин непознато лице во пијана состојба ги навредувало и одбивало да му се пружи лекарска помош, а кога непосредно пред...

Почина поранешниот вицепремиер Абдилаќим Адеми

По тешко боледување, синоќа почина Абдилаќим Адеми, член на ДУИ и поранешен висок државен функционер. Од 2008 година Адеми беше вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, од 2011 до 2014 година беше министер за животна средина и просторно планирање, а од 2014 до 2016 година ја извршуваше функцијата министер за образование и наука. Од 2002 до 2006 беше пратеник во...

Почина Ингвар Кампрад, основачот на „Икеа“

Ингвар Кампрад, основачот на шведскиот производител на мебел „Икеа“, почина на 91-годишна возраст, соопшти компанијата. Тој важеше за еден од најбогатите луќе на светот, а според проценките на магазинот „Форбс“ неговото богатство изнесува 3,3 милијарди долари. Кампрад ја основал „Икеа“ во 1943 година, а првиот продажен центар е отворен во 1958 година во Шведска. Седумдесетите години од минатиот век...

Почина режисерот Љупчо Тозија, поранешен директор на МТВ и амбасадор во Италија

Вчера во Скопје, по кратко боледување на 71 годишна возраст почина Љупчо Тозија, режисер и поранешен амбасадор на Република Македонија во Италија. По завршувањето на Академијата за театар и филм во Загреб во 1974, Тозија скоро целиот професионален ангажман го помина во Македонската телевизија, сѐ до 2005 кога беше поставен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Рим,...

Скопјанец загинал во пожар, кочанец се удавил во канал за наводнување

Две жртви на несреќи регистрирала полицијата во изминатото деноноќие, од кои едната се случила во Скопје, а втората во Кочани. Вчера, во 16.50 часот, во атарот на селото Грдовци, С.Ј.(42) од Кочани го пронашол својот татко  Д.Ј. (70) удавен во канал за наводнување. Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош, а притоа не биле забележани видливи траги на насилство. Увид...

Штипјанец пронајден мртов во својот стан

Педесет и петгодишниот К.Г. вчера околу 20.15 часот бил пронајден мртов во неговиот стан на улицата Стојан Гологанов во Штип, информираше денеска полицијата. Засега нема информации за причините за смртта на штипјанецот, која била констатирана од страна на лекар. Јавен обвинител, лекар патолог и екипа на СВР Штип извршиле увид на местото, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...