fbpx
Таг: починало

таг: починало

На Детска клиника починало бебе од компликации од морбили

На Детската клиника вчера, по повеќе од две недели лекување на Интензивна нега, починало десет и пол месечно бебе, кои имало тешки компликации од морбили, соопштија од Институтот за јавно здравје. Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега. Кај починатото дете претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано....

Петгодишно девојче починало од грип на Детската клиника

Девојче од Скопје на возраст од пет години синоќа пред полноќ починало на Детската клиника. Кај девојчето бил утврден пандемски грип А-  Х3Н1, а имало тешки промени на мозокот и на црниот дроб, соопштија од клиниката. Починатото девојче претходните 3 дена се лекувало од вирусна пневмонија во Институтот за белодробни заболувања Козле, а оттаму во бесознание и со конвулзии е...

Девојче од Гостиварско починало во возило на брза помош

Девојче на 15-годишна возраст вчера починало додека со возило на брза помош било пренесувано од Медицинскиот центар во Гостивар кон Ургентен центар во Скопје, соопшти МВР. При приемот на телото во Ургентен центар била констатирана смрт, а на него немало траги на насилство. Причините за смртта ќе се утврдуваат допрва, информира МВР. Девојчето од гостиварското село Долна Гуновица, кое имало болки во...

Сè уште не се знае од што починало девојчето на Инфективна клиника

Лекарите не знаат од што починало 12-годишното девојче што вчера било донесено на Клиниката за инфективни болести, објави „Нова ТВ“. Девојчето било примено во тешка здравствена состојба, со пролив, повраќање и со намалена телесна температура. Според изјавата на директорот на клиниката, Звонко Миленковиќ, лекарите четири часа безуспешно се обидувале да го спасат девојчето. Семејството не дозволило да биде извршена обдукција на телото,...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...