fbpx
Таг: почина

таг: почина

Во сеќавање на Шинејд О’Конор: Бунтовничка чиј глас можеше да „распука камен“

Светот тагува по ирската бунтовничка од Даблин, Шинејд О’Конор која почина вчера на 56 години. Колегите музичари како Алисон Мојет и Масив Атак го пофалија нејзиниот извонреден глас „кој можеше да распука камен“ и нејзиниот страстен дух. Јах Вобл ја опиша како вистинска „келтска жена воин“, пренесе Би-би-си. „Искрено, да посведочам за нејзиниот глас, интимноста во студиото. Огнот во нејзините...

Почина актерскиот доајен Димче Мешковски

Драмскиот театар соопшти дека на 78-годишна возраст денеска починал актерот Димче Мешковски. Комеморацијата по повод неговата смрт ќе се одржи на 28 март, со почеток од 12 часот, во Драмскиот театар. Познатиот македонски актер е роден на 31 октомври 1945 година. Целата професионална кариера ја помина во Драмскиот театар - Скопје, а ќе остане препознатлив по улогите во театарските претстави...

Почина хрватската писателка Дубравка Угрешиќ

Познатата хрватска писателка Дубравка Угрешиќ почина денеска на 74-годишна возраст во Амстердам, во кругот на своите пријатели и семејство, информираше загрепскиот Мултимедијален институт, пренесува Индекс.хр. Писателката Угрешиќ поради нејзините антинационалистички ставови, на почетокот од 90-тите години на минатиот век се отсели од Хрватска во Амстердам поради медиумските напади и дел од јавноста кон неа. Од 2001 година живее и работи...

Почина македонската актерка Катерина Крстева

НУ Македонски народен театар со огромно жалење ја сподели веста за смртта на актерката Катерина Крстева (1938 - 2023). Дамата на македонското актерство - популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“. Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и...

Почина последниот советски лидер Михаил Горбачов, кој стави крај на Студената војна

Во Централната клиничка болница во Москва на 91-годишна возраст синоќа почина последниот лидер на СССР, Михаил Горбачов, јавуваат светските медиуми. Горбачов на мирен начин стави крај на Студената војна во светот, не употреби сила при распадот на комунистичките режими во Средна и Источна Европа во 1989 година, откако претходно проба, но не успеа да го реформира советското општество преку...

Почина новинарката Гордана Стошиќ

По кратко боледување утрово во Скопје на 63 годишна возраст почина долгогодишната новинарка Гордана Стошиќ, соопшти Зрдужението на новинари на Македонија (ЗНМ) изразувајќи длабоко сочувство до семејството на колешката. Во почетокот на 1990-те беше дел од тимот на популарната дебатна емисија на МРТВ „Без наслов но со повод“ од каде премина во А1. Во својата богата новинарска кариера Стошиќ беше генерален...

Почина Кирил Дојчиновски, првиот Македонец кој играл на Светско првенство во фудбал

На 78-годишна возраст, почина Кирил Дојчиновски, еден од најголемите македонски фудбалери во историјата. Македонскиот, но и светскиот фудбал останаа без легендарното име, кој во својата играчка и тренерска кариера ќе остане запаметен како еден од најдобрите на овие простори, соопшти денеска Фудбалска Репрезентација на Македонија. Дојчиновски засекогаш ќе остане запаметен во историјата на македонскиот спорт како првиот Македонец кој бил...

Почина актерот Митко Апостоловски

На 67-годишна возраст почина актерот Митко Апостоловски. Веста за неговата смрт преку социјалната мрежа Фејсбук ја пренесе неговиот колега од битолскиот театар Петар Горко. „Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот“, напиша Горко на својот Фејсбук профил. Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955. Дипломирал на Вишата музичка школа во...

На 73-годишна возраст почина Ивана Трамп, поранешна сопруга на Доналд Трамп

Ивана Трамп, долгогодишнa бизнисменка и поранешна сопруга на Доналд Трамп, почина во својот дом во Њујорк на 73-годишна возраст, објави Си-ен-ен. Полициската управа на Њујорк подоцна во четвртокот соопшти дека „изгледа дека нема криминал“ поврзан со смртта на Ивана Трамп. Според соопштението, полицијата примила повик 911 за „помош на лице“ околу 12:40 часот и пронашле „73-годишна жена во несвест која...

Почина основоположникот на модерната психијатрија во Македонија, професор Др. Георги Чадловски

Во вечерните часови на 09.07.2022 ненадејно згасна животот на невропсихијатарот професор д-р Георги Чадловски великанот во полето на психијатријата, прв генерален директор на клинички центар – Скопје, основоположник на Клиника за психијатрија и автор на над 20 книги и учебни помагала, соопштија од ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија-Скопје. Професор Чадловски е роден во Скопје 1943 година, по потекло од познатиот...

На 42-годишна возраст почина директорот на Железници на РСМ-Транспорт, Мубекир Палоши

Денеска во раните утрински часови на 42-годишна возраст почина директорот и претседателот на управниот одбор на Железници на РСМ-Транспорт, Мубекир Палоши, соопштија од партијата Алтернатива, пренесува Порталб.мк. Палоши дојде на раководната позицијата на државното железничко претпријатие кон крајот на декември 2021 година како кадар на Алтернатива. Мубекир Палоши е роден во 1980 година во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет со...

Почина академикот и поет Радован Павловски

На 84-годишна возраст во Скопје во вторникот почина академикот и поет Радован Павловски, соопшти Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). По повод неговата смрт, МАНУ и Друштвото на писателите на Македонија ќе одржат заедничка Комеморативна седница во Свечената сала на МАНУ, на 28 февруари (понеделник) 2022 година, со почеток во 10 часот. Акад. Радован Павловски – поет, есеист и...

Почина поранешниот директор на Агенцијата за филм, Горјан Тозија

На 68-годишна возраст утрово почина Горјан Тозија, поранешен директор на Агенцијата за филм. Тој беше координатор на Координативното тело за поддршка и одржлив развој на Преспанскиот регион, претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија, како и директор на Вардар филм. Горјан Тозија беше директор на Агенцијата за филм од 2017 до 2020 година, додека во периодот на неговото раководење...

Нобеловецот Дезмонд Туту, кој помогна да се стави крај на апартхејдот почина на 90 години

Надбискупот на Јужна Африка,и добитник на Нобеловата награда за мир, Дезмонд Туту почина на 90-годишна возраст. Неговата смрт беше потврдена од кабинетот на претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, кој го нарече надбискупот „водач на принципи и прагматизам кој му даде значење на библискиот увид дека верата без дела е мртва“. Архиепископот Туту водеше постојана битка со ракот на простата од...

МЗ: Почина 26 годишна родилка со тешка здравствена состојба и неконторолирана бременост

Министерството за здравство со жалење информира дека синоќа на ЈЗУ СБГА „Мајка Тереза“ – Чаир почина родилка на 26 години, на која со царски рез и беше извадено машко бебе. Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење. Во ваква лоша состојба таа...

Девојка на 17 години со јувенилен дијабетес почина од ковид-19

Пациентка на 17 годишна возраст со јувенилен дијабетес тип 1 утрово починала на Клиниката за инфективни болести во Скопје како последица на заболување со ковид-19, информира Министерството за здравство. Како што соопштија оттаму, девојката била од село Сопотница, Демир Хисар, и немала примено вакцина против ковид-19. Нејзините тегоби започнале 9 дена пред да биде примена на Инфективната клиника во Скопје. „Според...

Колин Пауел, првиот афроамерикански државен секретар на САД, почина по борбата со ракот и со ковид-19

Колин Пауел, првиот државен секретар на Соединетите Американски Држави со афроамериканско потекло, чие водство во неколку републикански администрации помогна да се обликува американската надворешна политика во последните години на 20. век и раните години на 21-от, почина од компликации од ковид-19, негова, објави семејството на Фејсбук. Имаше 84 години, јави Си-Ен-Ен. Семејството на генералот Колин Л. Пауел, поранешен државен секретар...

Ковид пациентка починала неколку часа по приемот во болница, седум дена примала инфузија во домашни услови

По 14 дена лекување во домашни услови пациентка со ковид-19 починала неколку часа по прием во болница. Како што соопшти Државниот здравствен и санитарен инспекторат, пациентката била примена во болница во тешка состојба, а тие за овој случај добиле претставка од здравствен работник. Во последните седум дена, како што изјавиле роднините на починатата, ѝ била администрирана инфузиона терапија во домашни...

Почина Џејмс Пердју, еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор

Во средата, во 77 година од животот, почина Џејмс Пердју, американскиот дипломат кој помогна во склучувањето на Охридскиот договор во 2001 година и завршувањето на воениот конфликт, објавил весникот „Арканзесонлајн“, без детали за причината за неговата смрт. Пердју на македонската јавност и е познат како еден од седумте потписниците на Охридскиот договор во август 2001 година, со кој заврши воениот...

Почина Љубисав Иванов-Ѕинго

Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов-Ѕинго, роден во 1936 година во с. Трновац, Кратово. Тој беше член и претседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) и имаше волонтерско и професионално политичко искуство во континуиран период од 46 години. Од нив, 30 години како пратеник во Сојузното собрание во поранешна СФРЈ, а од осамостојувањето на државата, и пратеник...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...