fbpx
Таг: почеток

таг: почеток

Оваа учебна година ќе започне на 1 септември, а секоја следна ќе започнува на 10 септември

Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1-ви септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае...

Пендаровски со честитка по повод почетокот на пристапните преговори за членство во ЕУ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денес упати честитка до сите македонски граѓани за официјалниот почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. Во соопштението тој вели дека и покрај предизвиците со кои се соочувавме низ годините, граѓаните ја одржаа поддршката за исполнувањето на нашата европска агенда. „Започнуваме нова фаза за политичка интеграција, да станеме дел од европското семејство...

Варвициотис: Веднаш да се свика меѓувладината седница за Албанија и Северна Македонија

Веднаш да се свика меѓувладината седница за Албанија и Северна Македонија, така што да се расчистат позициите за следните чекори во преговорите, како и за евентуалните забрзувања на преговорите како за Србија така и за Црна Гора, рече грчкиот алтернативен министер за надворешни работи задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис на заедничка прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Никола...

Стартува кампањата „Мој труд, мои права!“ за информирање за правата од работен однос

Започнува кампањата за подигнување на свеста за работничките права: „Мој труд, мои права!“, која ќе се спроведува во наредните неколку месеци, а чија цел е да ги информира вработените, лицата кои бараат работа, младите и работодавачите за правата и за обврските што произлегуваат од работниот однос. На денешната прес конференција организирана од Меѓународната организација на трудот (МОТ), беше најавен почетокот...

Започна комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2021 година, опозицијата поднесе 528 амандмани

Собраниската расправа за Предлог-буџетот за наредната година започна денеска во матичната Комисија за финасирање и буџет. Образложувајќи го буџетот за 2021 година, министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека тој базира на четири столба: економско заздравување од ковид-19, забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и развој на човечките ресурси и еднакви можности. Преку...

Почна судењето на Панчевски, тој не го разбира обвинението, а адвокатите бараат ослободување од притвор

Денеска во Основниот суд во Велес почна процесот против поранешниот претседател на Кривичниот суд – Скопје, Владимир Панчевски, кој е обвинет за злоупотреби на АКМИС системот, поточно му се суди за кривичното дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластувањата“. Неговите адвокати најпрво рекоа дека нема услови за одржување на рочиште и побараа да му се укине притворот, бидејќи Панчевски сè...

Спасовски: Отворањето на границите не е поврзано со изборите, така одлучи Комисијата за заразни болести

На првиот ден од започнувањето на изборната кампања, техничкиот премиер  Оливер Спасовски, демантираше дека одлуката за отворањето на границите е политичка, односно дека е поради одржувањето на изборите на 15 јули, за да можат непречено да дојдат и гласаат иселениците. Тој рече дека таа била донесена исклучиво како резултат на мислењето на епидемиолозите. Анализите на Комисијата за заразни болести,...

Туск до Пендаровски: Не сите земји-членки се подготвени да донесат одлука за отворање преговори во наредните денови

Вие направивте сѐ што се очекуваше од вас, но сакам да бидам искрен, не сите земји-членки се подготвени да донесат одлука за отворање преговори во наредните денови. Ова му го соопшти претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на претседателот Стево Пендаровски по средбата во Брисел „Лично верувам дека може да има само една одлука да се отворат преговори согласно препораките на...

Судењето на Канческа – Милевска за „Тендери“ закажано за 21 февруари

Кривичниот суд за 21 февруари го закажа почетокот на судењето на поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка во Собранието, Елизабета Канческа - Милевска за случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Два порано, односно на 19 февруари на обвинителна клупа во Кривичниот суд треба да седне новинарката и уредничка на „Сител“, Ивона Талеска, која се товари за затајување данок во...

Новиот судски процес за петкратното убиство кај Смиљковско езеро почнува на 12 февруари

На 12 февруари во Кривичниот суд е закажан почетокот на новиот судски процес за петкратното убиство кај Смиљковско езеро, за кое се обвинети шест лица. Судењето за случајот „Монструм“ ќе го води судијата Огнен Ставрев, а процесот стартува од почеток откако Врховниот суд на барање на Вишото јавно обвинителство ги укина пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд со кои...

Судењето за случајот „Тарифа“ на СЈО закажано за 19 декември

Почетокот на судскиот процес за случајот „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство, Кривичниот суд во Скопје го закажа за 19 декември, соопштија од судот. Предметот ќе го суди судијката Верка Петковска, која го судеше случајот за настаните од кумановско Диво Насеље, од 9 и 10 мај 2015 година. „Предметот со КОК бр. 51/17 оформен по одобрување на обвинителниот акт на Јавното обвинителство...

„Цивил“: Неколку нерегуларности и мирен почеток на гласањето

Набљудувачите на невладината организација „Цивил“ утринава бележат мирен и навремен почеток на изборниот ден во 35-те општини каде што се спроведува вториот круг од локалните избори. Исклучок прави избирачкото место 2433, во ОУ „Витуриа“, во општина Сарај, кое било заклучено до 8.30 часот. Времето на гласање на ова гласачко место, според законот, мора да се продолжи за толку време колку...

Ќе бидат исплатени субвенциите за овоштарите и за лозарите, велат од МЗШВ

Подготвени се решенијата за исплата на субвенции на 544 овоштари во висина од 28 милиони денари, пари што производителите ќе ги добијат на почетокот од неделава, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Освен за овоштарство, подготвени се и решенијата за исплата на субвенции за лозарство и за штетите од невремето во општина Гази Баба. Исплатата на овие...

Денеска треба да почне судењето за обвинението на СЈО против Грујовски

Денеска, во 11.30 часот, во Кривичниот суд во Скопје треба да почне судскиот процес за уништувањето на документација поврзана со опремата од незаконското прислушување, за што Специјалното јавно обвинителство на 15 септември, годинава поднесе обвинение против седум лица. Првообвинет во случајот е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, кого СЈО го товари за  фалсификување службена исправа, односно за уништување...

Манифестацијата „Бело лето“ ќе го означи почетокот на летната сезона

Со традиционалната, овојпат четврта по ред манифестација „Бело лето“, вечерва ќе биде означен официјалниот почеток на летната сезона во Охрид. Манифестацијата почнува во 19 часот во предворјето на црквата „Света Софија“, каде концерт ќе одржи „Владимир Василески-Четкар секстет“. Во 21 часот предвиден е настап на перкусионистичка група „Каранос ватерфол драмс груп“ (KARANOS waterfall drums group) од Воден, Грција, со дефиле од...

Почнува судењето за „Диво Насеље“

Судскиот процес за случувањата во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, за кој се обвинети 29 лица, почнува денеска во 10 часот, во Основниот суд Скопје 1. Пред почетокот на судењето, забележано е силно полициски обезбедување со полициски возила и со хеликоптери. На јавната седница за оцена на обвинителниот акт, која се одржа на 7 декември...

Груевски во Охрид го означи почетокот на изградбата на затворениот пливачки базен

Премиерот Никола Груевски денеска во Охрид свечено го означи почетокот на изградбата на затворениот пливачки базен. Новиот објект се гради во рамките на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“, каде во летните месеци веќе се користи отворен пливачки базен. - Комплексот ќе располага со два базени, еден за непливачи и за деца, а другиот ќе биде со ватерполо-димензии - рече премиерот Груевски. Градоначалникот на Охрид,...

МВР: Почна обуката на 660 кандидати за полицајци

Денеска во Центарот за обука на кадри на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Идризово, почна едногодишната обука на 660 кадидати за полициски службеници, селектирани по огласот за прием на 600 полицајци што беше објавен на 10 јули годинава, соопшти МВР. На конкурсот за работно место полицаец, според МВР, биле пријавени околу 3.000 кандидати. „Кандидатите беа избрани по завршување на неколку фази...

Одложен почетокот на судскиот процес за случајот „Јустиција“

Почетокот на судскиот процес за случајот „Јустиција“, кој беше закажан за денеска, е одложен поради болест на три дактилографки, јавува телевизијата „Телма“. Во случајот се обвинети 13 лица, судии и стручни соработници од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1, кои се товарат за несовесно работење во службата, односно дека намерно чувале предмети во фиока до нивно застарување. Полициската акција...

Денеска треба да почне судењето за случајот „Јустиција“

Денеска треба да почне судскиот процес за случајот „Јустиција“, во кој 13 лица, судии и стручни соработници од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопеј 1, се обвинети за несовесно работење во службата, односно дека намерно чувале предмети во фиока до нивно застарување. Полициската акција со кодно име „Јустиција“ беше спроведена во октомври минатата година и беа поднесени кривични пријави...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...