fbpx
Таг: почеток на преговори

таг: почеток на преговори

Заврши скрининг процесот со ЕУ, почетокот од преговорите за членство на земјава

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија Бојан Маричиќ го затвори синоќешниот последен Билатерален состанок од Поглавјето 31 за Кластерот 6, во седиштето на Европската Комисија во Брисел. Почетната фаза од преговорите за членство на С.Македонија во ЕУ е завршена, но за продолжување на преговорите со ЕУ неопходно е да се изгласаат уставните измени во Собранието...

Мицкоски го одби францускиот предлог, повикува на протест

Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски категорично одби да го прифати францускиот предлог за преговарачката рамка на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Тој предлогот го нарече „ултиматум за иднината на нашата Македонија“ и додаде дека констатирал дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот, и...

Македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори, вели Заев

Европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил. „Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија. Нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди. Европските лидери мора сериозно да земат предвид дека...

Реакции на разочарување откако ЕУ повторно не ја усвои преговарачката рамка

По вчерашната одлука на Министерскиот совет на ЕУ да не ги отпочне преговорите за зачленување на Северна Македонија и Албанија, пристигнуваат првите реакции на бугарското вето коешто вчера беше потврдено за земјава. Американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мери Брнз денеска ја сподели разочараноста на САД што земјите-членки на ЕУ не успеаја да ја усвојат преговарачката рамка. Амбасадорката Брнз рече дека...

Пендаровски: ЕУ не може да биде клучен геополитички играч додека носи одлуки со консензус

Клучниот проблем на Европската унија е носењето на одлуки со консензус. Без да се промени тоа, Унијата не може да биде клучен геополитички играч. Поради тоа расте евроскептицизмот во регионот на Западен Балкан и во Северна Македонија, но и во самата ЕУ, што е поразително. Ова го посочи претседателот Стево Пендаровски на денешната панел дискусија: „Триесет години независност и...

Бугарија денеска останала на ставот дека Северна Македонија не треба да ги почне преговорите со ЕУ

Како што веќе најави бугарската техничка влада и претседателот Румен Радев, Бугарија останува на ветото за Северна Македонија за отпочнување на преговорите со ЕУ. Бугарската блокада за одржување на првата Меѓувладина конференција со нашата земја доаѓа и покрај тоа што останатите земји-членки на ЕУ сметаат дека Северна Македонија и Албанија треба да ги отпочнат преговорите со ЕУ. Бугарија на...

Османи: Стартот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји. Средбата беше во функција на остварување на мисијата на Османи да го заокружи евро-интеграциското досие на Северна Македонија, формалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ да започне без одлагање и во рамки на овогодинешното Германско...

Словенија со јасна поддршка за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ

Словенија дава јасна поддршка на нашата земја за одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ како почеток на преговорите за пристапување. Словенечкиот претседател Борут Пахор, во рамките на дводневната посета на Македонија, вчера изјави дека меѓувладината конференција меѓу Македонија и ЕУ не смее да се одложи, затоа што тоа ќе ги загрози интересите на нашата земја, на...

Во Брисел средба на Никола Димитров со еврокомесарот за проширување Вархеји

Потпретседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска во Брисел оствари средба со Оливер Вархеји, еврокомесар за соседство и проширување, на која во посебен фокус беа следните чекори на европскиот пат на нашата земја, вклучувајќи го усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ, информираат од Секретаријатот за европски прашања. Вицепремиерот Димитров се заблагодари...

Драган Тилев: Северна Македонија пред 25 години беше прва земја во регионот што потпиша договор со ЕУ

Државниот советник во Секретаријатот за европски прашања, Драган Тилев, го следи патот на Северна Македонија кон Европската унија уште од 90-тите. Во интервју за Порталб.мк, тој потсетува дека Северна Македонија е првата земја во регионот која во 1995 година потпиша договор за соработка со Европската унија. Според него, во ноември 2020 година се очекува да се отворат првите поглавја...

Западен Балкан доби поддршка за ЕУ перспектива и средства за борба против корона вирусот на Самитот во Загреб

Порака за продолжување на реформите и поддршка за европската интеграција добија земјите од Западен Балкан на вчерашниот Самит на ЕУ за Западен Балкан што се одржа во Загреб. На самитот се истакна и конкретната финансиска поддршка што ќе ја добијат земјите од овој регион за справување со корона вирусот. Лидерите на земјите членки на ЕУ, првите луѓе на Европскиот Совет,...

Европската Комисија потврди дека треба да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ

Европската Комисија (ЕК) го усвои мини-извештајот за Македонија и Албанија, со кој ја потврдува препораката за нашата земја за отпочнување на преговори за членство во ЕУ. Од Комисијата напоменуваат дека земјава ги зајакнала напорите и испорачала опипливи и одржливи резултати во клучните области идентификувани во заклучоците од Советот на ЕУ од јуни 2018 година. ЕК го поздравува и донесувањето...

Темелни промени во отворена политичка атмосфера, видел Брисел во Македонија

Во извештајот на Европската Комисија (ЕК) објавен денеска во Брисел, заедно со неусловената препорака Европскиот Совет да почне преговори за зачленување со Македонија, се вели дека земјата конечно ја надмина најсилната политичка криза од 2001 година, со чекорите што од мај лани ги презема новата реформски ориентирана влада за справување со заробувањето на државата, преку постигнувањето баланси, зајакнувањето на...

Утре Брисел ќе препорача отворање на преговори со Македонија

Европската комисија повторно препорачува отворање на пристапните преговори со Македонија, а извештајот за напредокот на земјата е меѓу попозитивните во овој пакет на Брисел, кој, како што стои во извештајот, „јасно ја препознал политичката волја за напредок“, јави Радио Слободна Европа (РСЕ), чии дописници од Брисел имале увид во документот што ќе биде објавен утре во Стразбур. Во него се...

Заев на средба со Курц: Очекуваме почеток на преговори со ЕУ во 2018 година

На маргините на Виенскиот економски форум, премиерот Зоран Заев се сретна со актуелниот министер за надворешни работи на Австрија и мандатар за составување на новата австриска влада, Себастијан Курц. На средбата Заев и Курц ја потврдиле активната политичка, економска и секторска соработка. Курц му честитал на Заев за демократски спроведените избори, а Заев го информирал за напредокот во реализацијата на...

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...