!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Португалија победи на натпреварот за песна на „Евровизија 2017“


Киев, 14 мај, 2017 - 9:48 (META) 

Португалија е победник на годинашниот избор на песна на „Евровизија“, европската мрежа на национални радиодифузери, кој се одржа во Киев, Украина.

Со 758 поени, 27-годишниот Салвадор Собрал со песната „Amar Pelos Dois“ ги освои симпатиите на Европа и на својата земја ѝ ја донесе првата евровизиска победа. Португалија е земја со најдолг стаж како натпреварувач, но досега никогаш го нема освоено ова музичко натпреварување.

За време на својот настап, младиот Салвадор, кој важеше за еден од фаворитите, предизвика огромни овации кај публиката. Песната со која тој ја претстави својата земја е напишана од неговата сестра.
Во финалето се натпреваруваа 26 земји. Меѓу нив не беше Македонија, но беа соседните земји Грција и Бугарија.


Трамп со убедлива победа на прелиминарните гласања за претседателски кандидат


Вашингтон, 27 април, 2016 - 10:27 (META) 

Кандидатот на Републиканската партија за претседателска ниминација во САД, Доналд Трамп, победи на прелиминарните гласања во сите пет сојузни држави што се одржаа вчера, додека кандидадката на демократите, Хилари Клинтон, ја однесе победата во четири од пет држави, јавуваат светските медиуми.

Трамп, кој победи во Конектикат, Делавер, Мериленд, Пенсилванија и во Роуд Ајленд, беше наречен „најизвесниот кандидат“ за претседател од републиканскиот табор.

Резултатите од вчерашните гласања го носат мултимилијардерот многу блиску до број на делегати што му се потребни пред националната партиска конвенција што треба да се одржи во јули.

Кандидатката на демократите, пак, Хилари Клинтон, не успеа да извојува победа во сите пет држави откако нејзиниот конкурент во трката за претседателска номинација, Берни Сандерс, ги доби гласовите во Роуд Ајленд. Клинтонј, со тоа, останува да се бори за номинација до крајот на прелимираниот процес.

Зборувајќи во Филаделфија, Клинтон, како што пренесува „Би-би-си“, истакнала дека нејзината кампања почива на храбри и прогресивни цели за подобрување на животите на граѓаните на САД.

„Ние веруваме во добрината на нашите луѓе и во величината на нашата нација“, изјавила Клинтон.